Не секаде се почитуваат мерките, сум идела само таму каде што има растојание помеѓу масите и секако дезинфекциони средства. На почетокот воопшто не одев а сега во последниов месец да. Одам со луѓе што сум најблиска и не сум била во големи друштва од кога е ситуацијава со вирусот. Сметам дека неможе да се заразиш ако почитуваш мерки и дека не е место каде што најмногу се шири вирусот.
Неколку пати неделно,и кафичи и ресторани. Во Велес и други градови, до сега ништо страшно не се десило
Во кафич не, ама во ресторан неколку пати и тоа само со мм. Не сакам да седам на иста маса со други. И гледам да има доволна оддалеченост меѓу маси и да нема гужва. И секако, да биде на отворено. Повеќе ја засакав природата за дружење.
Во ресторан 2-3 пати На кафе/во паб па веќе преку 10 пати. Тек во јуни се олабавив и почнав да искачам, до тогаш не.
До мај - јуни воопшто не одев. После тоа веќе почнав. По ресторани на ручек,вечера и по пабови. Дневна кафе шема многу не ми одговара. Во пабовите и рестораните строго од шише нарачувам и пијам. Чашите не ги користам. За јадење што можам да сторам ?! Тука сум на милост и немилост на газдата, келнерите, сам себе си, господ ... Затоа одам на места каде што приметувам дека се внимава на препораките и секогаш седам строго надвор на терасите каде што нема гужва и пренатрупаност.
Како ќе биде откако ќе залади? Кажале ли нешто? Засега ко што сум приметил секаде е на отворено. Иначе одам во кафичи.
Не верувам дека ќе ги затворат пак. Ќе треба пак плати да им исплаќа државата, не за друго. Претпоставувам ќе има некој протокол ради реда за преполовен капацитет, кој секако нема да се почитува.
Сум бил 5- 6 пати, на отворено, покрај езеро. Исклучиво само во еден клуб ресторан. На почетокот, две- три недели откако добија дозвола за работа, беше супер, мерките се почитуваа максимално и не осеќав никаков ризик. Баш беше за уживање. Меѓутоа, последниве два пати (пред околу 2- 3 недели) беше катастрофа, никакви мерки не се почитуваа и искрено осеќав ризик, особено последниот пат, иако тоа го препишувам на тоа што имаше премногу туристи и нормално сакаа да заработат што повеќе. Планирам пак да отидам за недела- две ако дозволуваат временските услови со тоа што очекувам да има (далеку) помалку луѓе, а со тоа нормално и почитување на мерките.
Не сум седнала од крај на февруари. Уште со првите случаи овде не сум седнала. Ако седнам би пиела од шише со цевка моја и би одбарал место каде дистанца навистина се почитува.Не дека кој знае колку ми фали, ама па и не може до недоглед вака.
Јас сум од тие глупите кои уопште не посетија кафич за време на корона состојбата додека сите паметни и нормални луѓе сосе деца бебиња ги полнеа кафичите плажите игралиштата... За на крај да сватам какоц морон сум. И криво ми е искрено. Бегај ко од чума да заштитам здравје свое и на деца.
Еднаш неделно кафич отприлика. 2-3 пати сокови/кафе во парк во просек неделен. и еднаш месечно просек ресторан свадба, т.е незаконски е свадба, пардон прослави.
Одам само на отворено и многу поретко од порано. Ама гледсм дека полека се опуштам. Прво ништо готово не земав, па после почнав да купувам за носење, па полека да седнувам... се навикнува човек. Внатре не сум била никаде. Страв ми е од седење внатре. Ама уште малку ќе биде ладно за седење надвор, што ќе се прави цела зима...
Ни порано не одев, не па сега. Едноставно не сум љубител на кафичи, може зашто не пијам ни кафе ни алкохол Утрово во маалскиов кафич сите врати, прозорци затворени, луѓе си седат без гајле
Слабо годинава, не само ради коронава туку и ради многу обврски. Оваа година ни е во реновирање по дома и додека завршиш дошло време за спиење, а и на работа одам во смени. Сега сум 2ра смена и да сакам да одам во кафич со кој да одам кога сите се на работа.