Од кога е почната коронава си излегувам по кафичи и на крај го фатив од сосем друго место така да... Дури жал ми е колку се ругани угостителите за пандемијава.
Ти бар знаеш..ја врска си неам.Или кафич или тренинг.. сите се здрави.Асимптоматски или сум фатила нешто
Има многу без сертификат што слободно си одат во кафичи. Да не знае некој колку е казната ако те фатат без сертификат?
Може да се излезе само со сертификат за вакцинација или и за прележан? Мислев може и со вториов да се отиде на кафе а добив информација дека не можело, тој сертификат само за патување служел.
Пред некој месец рандом на вести слушнав нешто, мислам дека беше од претседателот на Франција, кое за мене правеше смисла. Имено он имаше кажано дека сертификатите ќе бидат задолжителни во затворени локали, не поради ширење на вирусот, туку поради игнорантноста на луѓето. Ако ти не сакаш да придонесеш за да дојде до крај пандемијава, тогаш не заслужуваш ни социјален живот.
Која е таа смисла келнерот да не мора да е вакциниран, а кој реално може најмногу да ги инфицира гостите? Кај е логиката тука? Друго. Маските. Нели штитеа? Зошто сега ги укинуваат по Европа? Во кафана не мора да одам де, ќе се видам со луѓето по дома или во парк. Ќе имам социјализација секако. Ако не да забранат и по дома да се гледаме како што беше на почеток. Тотална глупост е се овоа
Келнерот мора да оди на работа, ти не мора да одиш во кафана. Пак ќе кажам, нема логика од аспект на заштита, ама има од социјална одговорност.
Па не баш пошто ако не мораме да одиме во ко кафана, ни келнерот нема да оди на работа. А штом нешто нема смисла од аспект на заштита, нема никаква смисла да не тераат да го боцкаме само за да покажеме дека сме одговорни. Тоа му доаѓа како токсичен дечко кога те тера да правиш бесмислени работи само да му докажеш дека го сакаш Макрон ако мисли дека пандемијата не завршува заради вакцинираните, нека отвори да види колку вакцинирани се заразени, умрени и колку држави со превисока покриеност на фул вакцинација, уште си го негуваат вирусот. Да штитеа ко што се ветуваше прв поддржувач ќе бев на сертификати
Па нека стават и за келнерот- нема вакцина, нема работа, why not? А од почеток на годинава куп луѓе го прележаа дома и сега или за скоро (ќе) пукаат од антитела ама уште ќе влегуваат со сертификатот што всушност не нуди заштита. А и оти немало интерес за вакцина ќе се чудиме. Или зашто сертификати немале смисла.
Вработените во здравство и во образование ги вакцинираа меѓу првите. Нека ги вакцинираат и угостителите, ако сакат да работат. Не може едни да бидат експериментални глувци, а други да ќарат
Изгледа короната разликува дали си вработен или муштерија, па едните пренесуваат, другите не. But wait...секако сите пренесуваат А прележаните се обични смртници, најопасните, најодговорните за ширењето.