Па не е. Има работни места кај што се среќаваш со стотици луѓе дневно и комуницираш со нив, како пример келнерите, а во кафиќ кога одеш не се среќаваш со стотици луѓе и не комуницираш со истите, освен ако не си некоја ултра популарна фаца
Ти не се среќаваш со стотици луѓе ама келнерот се среќава.. Многу од нив и не носат маски од тоа што видов по ск. Фаќаат пари, шмркаат, брцаат у нос, киваат, кашлаат.. и мора да се на работа.. Ако некој носи маска не значи дека не може баш ништо да ти пренесе..
Па тоа е и поентата зашо нема смисла да мора да се гостите вакцинирани, а келнерот да не мора. Баш зашто они се во контакт повеќе.
Е нема де.. тоа одамна го трубам и во темата 40ка искоментирав еднаш дека поглупо нешто од тоа нема. Одам во ист гејт, шетнав низ 3-4 продавници и ај во едната најдов и на каса се изначекав ред.. стигам на ред, таа спуштила маска, шмрка, кашла, брише нос и враќа пари и фискална.. Вакцинирана сум и прележана, ама коса ми се крена
Абе еве мене лично меѓу луѓе коа сум исто ми е дали се вакцинирани или не се. Ама поентата е коа више има некакви правила, нека важат за сите.
До кај се со одлуката за да се седи на терасите во кафичи без вакцина? Ќе биде ли официјално неделава? Да седнам на лезет кафе да си испијам.