Ве молам да ми препорача некој психијатар..во последно време се не ми е добро да одам на консултација негде
Ординацијата на д-р Моме Петковски се наоѓа во ченто, блиску до тинекс. За новотни не знам кај има ординација, но тој работи на клиника за психијатрија во Скопје.
И Моме работи на државно. Во воена болница. Воена-воена, не 11 Септември. И можеш со упат да одиш. Многу добар дијагностичар е. Јас одам кај него.
Сакаш помош да ги пребродиш проблемите кои те мачат - тогаш ти треба психолог/психотерапевт. Ако сакаш лекови (без многу многу разговарање) тогаш оди на психијатар.
Да ама за да се дијагностицира патологија треба цел тим и системски пристап (тим од психијатар и психолог и цел систем на дијагностицирање на проблемот). Тогаш ништо не е така едноставно.
Да, тимски пристап треба. Обично кај психолог се праќаат за тестирање на способности. Но може и психијатар сам да дијагностицира.
Незнаев каде па закажав на психијаттар кај ѓорги ангелковски...ми даде зепира сабајле и навечер во комбинација со диезепам 2 мг...ама само зепирата ја пијам ама еве 3 дена не гункционирам мн ми се врти.ќе прашам утре дали може навечер само 5 мг.а дење 2 мг диезепам.
Е па јас ти кажав дека психијатар може само со лекови да те наклука кои се со прилично несакани ефекти. Од терапијата веројатно те мачи анксиозност и нешто малку тажни мисли. Пробај да посетиш психотерапевт/психолог за да си ги решиш проблемите. Лековите само ќе ти ја замаскираат симптоматологијата и моментално ќе ти помогнат. Битни се и те како во третманот зашто некогаш мора малку да се потсмириш за да можеш да работиш на себе, ама нема да ти помогнат на долг рок. Со среќа.
Пак ќе ја препорачам Ивана Хаџиванова. Мене многу ми помогна. Јас секако не сакав апчиња, бев доста нервозна и од нервоза добивав главоболки и тахикардија. Девојката е прекрасна и многу ми помогна. Веќе година дена немам проблем. Бев на околу 10 сесии.
Вака, психијатарот сметал дека треба да ти даде терапија. Можеш да идеш на психотерапевт, тој може со психотерапија да ти помогне, но нема да може да направи промена во медикаментозната терапија. Промена на терапијата или укинување прави исклучиво психијатар. Тоа што ти се врти е од апчињата, бидејќи организмот не е навикнат. Консултирај се со психијатарот за овие работи. Сепак промени во терапијата на своја рака не смееш да правиш.
Општо за терапии препишани од психијатар: имате околу две недели период на прилагодување. Нема да се осеќате вака покасно. Ако продолжат ваквите чувства, терапијата ќе ви биди сменета. Пред да почнат апчињата да даваат посакуван ефект, прво мора да биди полошо, за жал. Држете се до терапијата без желби за што и кога сакате да пиете. Имате контрола после сесија од кога ви е дадена терапија, и тогаш психијатарот ќе види дали ќе ви скрати и смени нешто или е океј како шо е.
Здраво. Дали некој знае добар психотерапевт во прилеп, а и каде се наога и колку чини преглед кај психијатар Јохан Ѓорѓиоски во прилеп
Izvini sto kasnam so odgovor. Gi otkazav odma, mn me nosea na spienje, a spored mene ne e toa resenie. Se nadevam deka si dobro. Pozz