Сум бил десетина пати на нервно и психијатрија, на приватно и државно. На психијатрија ќе направат десетина минути муабет, ќе препишат терапија и толку. Истото кога ќе отидам на контрола. Последната терапија ми јави многу лоши нус појави, од кои имав паничен напад и завршив на итна и од таму на психијатрија. Толку силна е терапијата што ми пречи на работа кај што работам физички. Закажав термин на апликацијата од razgovor.mk, ќе побарам второ мислење. Докторката што ме лечи е на одмор. Имам чувство дека сите ме одбегнуваат, морам да си го барам иљачот.
Тешко се наоѓа соодветен психијатар и соодветна терапија. Менувај додека не најдеш некој што ќе ти се погоди. Во 25 години имам сменато 50тина психијатри и психолози.
Некаде околу 20 години ми поминаа како во нагла, сега имам 33. Се надевам дека ќе се опоравам, да го достигнам потенцијалот.
Дали психологот/психијатарот смее и има право да пријави случај некаков без твое одобрение и знаење ?
Зависи за каков случај ама најчесто ако станува збор за хоспитализација. Сите терапии и разговори се тајни.
Да ако е посебен случај и се прават нелегални работи случајот може да биде пријавен во центарот за социјални работи.
дали може да се најде психијатар/психолог во Скопје со цена до 1500 ден за термин, да работи втора смена?
Па тоа е психијатарот , препишува само медикаменти, барајте психолог ,со кој ке си разговарате за нештата што ве мачат.
Епа послушајте што ви кажале, знам дека ви дава поддршка што читате и искуства на други, ама немојте секоја приказна има свој процес.
еднаш бев на приватен кај Марцикиќ, 30 евра, зборев 1 саат ме слушаше и на крај ми рече само као најди си хоби
Sakam da prasam nesto vo atrumica nema paiholog a mene mi treba razgovor so psiholog i sega maticnata mi dade upat za psihijatar miljana kacarska sto da pravam?
Здраво,јас имам искуство со Милјана Кацарска. секоја недела ми ја менеше терапијата и бев како изгубена тотално...не би ти препорачала..не те ни сослушува веднаш ми даде 4 врсти на лекови. Ако сакаш пиши ми за подетално