би саакала да одам ама некој кој ств ке ме научи како да постапувам, што да правам во одредени ситуации , ке ми ја крева самодовербата а не кај некој кој само ке ме слуша и ке ми вели ахм.. да.. и?... несакам никакви терапии и глупости само да ми каже тоа е добро но еве уште неколку начини пробај вака да ми ги реши проблемите.. а не само да ме учи дека не треба да сум депресивна овоа оноа.. демек јас незнам.. и пари ти земи и толку. што фајде? така знам дека било
Пред една година почнав да добивам панични напади и паднав во депресија.Отидов на психијатар и многу ми помогна, повторно сум старата јас. Од срце ви го препорачувам Д-р Ставре Грамов, прекрасен човек и многу добар психијатар.Мислам дека работи и со плави картони.
Психијатарот е многу добра работа.Знам татко ми има посетувано и ми кажа дека му било многу подобро од кога ќе си дошол од терапија.За жал поради овој мојот скапаница од град,тоа е малце табуизирано,демек само мрднатите оделе,а кога ќе се спомне дека некој оди на психијатар тоа не е обичен разговор туку трач.Малограѓанство,тоа е. Инаку тоа не е потребно само на некој којшто има проблеми туку и на секој обичен човек без разлика на неговиот стил на живот.Секој си има потреба за душевен мир и благосостојба па силно го препорачувам.
Еднаш бев ама чисто поради радозналост што е како е...немав некој голем проблем ама едноставно се искажав што ме мачеше тој период. Мислам дека најблиските другари и мајката(ако сте блиски) се најдобра замена за психијатар(ако немаш некој сериозен проблем), го слушаат проблемот, те прашуваат како тоа те прави да се чувствуваш, ти даваат совети и пробуваат да ти помогнат на секој начин.
Сакам да одам на психијатар,за да ми помогне да стекнам навика за учење,знам дека треба да бидам образована и да завршам факултет за да имам добра иднина.Ама искрено имам голема аверзија од школо и имам фобија од учење. Многу сакам да сум одлична и 5ки да добивам,имам желба ,ќе седнам да учам ама ништо,ќе прочитам пола страна и одма ме фаќа нервоза и не можам да продолжам со учење.Навистина не знам што е работата,не можам да се контролирам,никако не можам да се натерам сама себе да учам,а не дека не сакам.Сите викаат се што сака се може,многу сум загрижена. Ми викаат дека имам надпросечна интелегенција и треба да ја искорситам,ама не знам како.Дали да се обратам кај психијатар?
Мислам дека може многу да помогне, особено ако сме свесни за тоа дека имаме проблем, дека нешто не притиска, не мачи а не знаеме веќе со кого би разговарале на таа тема. Неутрална личност може многу да помогне, па уште и ако е стручна и ако тоа и е професија - да помага. Првиот чекор кон подобрувањето е да признаеме дека имаме проблем. И дај боже да има повеќе вакви свесни луѓе меѓу оние кои навистина имаат некаков психички проблем. За жал мислам дека сеуште постојат некакви предрасуди кон луѓето кои посетуваат психијатар, небаре се мрднати, а нема врска! И сум се сретнала со луѓе кои сакале да поразговараат со психијатар но се срамеле, демек „што ли ќе речат другите?“ Животот ни приредува многу спонтани неубави случувања, за жал многу пати се соочуваме со тешки ситуации, загуби, предизвици итн. и ако не сме доволно силни може да се случи да рикнеме. Супермен, Бетмен, Спајдермен постојат само на филм, поарно е да си признаеме дека сме слаби отколку да се правиме дека сме јаки па не дај Боже после таа „јачина“ да ни се одрази врз здравјето. Затоа велам едно огромно ДА за посетување на психијатар доколку чуствуваме дека нешто реално и навистина не мачи или притиска.
Многу ми е мило што на форумов гледам дека има луѓе со нормални сфаќања во оваа област зашто малограѓанштината убива. Ако посетуваш психијатар , најчесто си етикетиран дека си луд!Ама кој не го снашло,може да си зборува како сака,само другиот си знае како му е на него.. Алал вера на тие што си детектирале во себе некаков проблем (голем или мал, не е битно) и решиле да се излечат, да чепнат во суштината,сакаат да разговараат за своите проблеми,стануваат кооперативни,бараат одговори на многу дилеми и сметам дека тоа е еден многу позитивен тренд во психолошката зрелост на популацијата. Зрелоста за разговор и барање решение за проблемите со кои се соочуваат, решение кое не подразбира само земање терапија. Ги изнесуваат своите проблеми, се обидуваат да ги презентираат најдобро што можат и го бараат најдобриот одговор за решавање на проблемите. Во секоја болница како што си има кардиологија, трансфузиологија, педијатрија, итн. си има и невропсихијатрија, што е тука чудно? Колку и да сме паметни и бистри, способни, ете се случува да се судриме со нешта во животот, на кои не сме секогаш способни да го најдеме решението и многу е лесно да си навлегуваме од еден во друг проблем не барајќи спас. А фала Богу и срединава не ни е за фалење,па најчесто и таа придонесува за голем број депресивни случаеви кај нас,посебно па кај младите.
Не гледам причина зошто не би отишле на психијатар/психолог/психотерапевт доколку имаме потреба, ако не боли душата нормално е да се посети лекар. Овие луѓе имаат завршено школо и се лекари исто како и стоматолог, ортопед, кардиолог итн. Кај луѓето е многу ниска свеста за посетување на психијатар/психолог или психотерапевт често ги поистоветуваат и мислат дека доколку не им е одредена терапија со лекарства, како да не им е дадена помош. Еве ја разликата помеѓу овие професии: психијатар: завршил медицина, специјализирал психијатрија, главна дејност МЕНТАЛНИ БОЛЕСТИ психолог: завршил филозофски- отсек психологија, работи со здрави луѓе и работата му е советодавна психотерапевт: психијатар или психолог кој покрај универзитетско образование заврсил и 4 годишна едукација по одреден правец на психотерапија (гесталт, психодрама, когнитивно-бихејвиорална ...) во работата користи најразлични методи и техники со кои му помага на клиентот внатресно да созрева и расте, му нуди поинакви аспекти на гледишта, доколку терапијата е подолготрајна, промените се трајни. Не се решава се со таблетки, мораме сами да се избориме за тој внатрешен мир, доколку не ни иде сами има стручни лица, кои професионално ке работат и знаат во кој правец да не насочат, а не секој втор да е на хелекс и не знам какви лекарства, што само те прават рамнодушен кон реалноста, а проблемите и натаму се таложат.
Луѓе,ве молам ако имате било какво искуство од психолог или психијатар,психотеравпет,сеедно,пишете ми негово име и презиме,за да стапам во контакт. Мора да признаам дека ми се многу скапи,бараат по 2000 некаде,а само разговараат и продлабочуваат за пак да отидеш. Ве молам,имам некои внатрешни конфликти што добар психолог треба да знае да ги разреши. Секоја инфо за лош или добар психолог ми е добродојденаЧ)
Dr. Zora Mitic e mnogu dobar psihijatar, raboti i so plavi kartoni. [mod-kirilica:2dl5xmik][/mod-kirilica:2dl5xmik]
Сум посетила само еднаш и тоа на систематски преглед од работа. А мислам дека на секој човек му е потребен разговор со стручно лице во ова стресно и динамично време.не мора никаков совет да ми каже, доволно е да ме ислуша и да кима со главата А нема да сум грешка ако кажам дека форумов делува како еден вид психолошка терапија На сосема непознати лица им го изнесуваш својот проблем, си ја олеснуваш душичката, добиваш по некој совет, некогаш од голема помош, а што е најважно БЕЗ ПАРИ Е
Посетување психијатар нормална работа? Јеа, сигурно. Во Македонија не е. И нема да биде во следните 20 години. Ако некој каже дека посетил психијатар, одма ќе следат коментари од околината, да не е луд, да не е во депресија, да не ова да не она. Не сфаќаат дека можеш за секакви работи да разговараш со него, глупава нација сме и тоа е, за жал. Далеку сме од ова, прво други работи нека станат "нормални."
Д-р Буба во Неуромедика кај Рамстор. Мене лично многу ми помогна да пребродам многу тежок период во мојот живот.
Мислам дека ми треба, искрено. И сметам дека секоја личност која се чувствува несигурно и растроено, треба да посети. А нема ништо лошо во тоа да кажеш дека си бил на психијатар! Патем, WHO CARES ABOUT WHAT OTHER PEOPLE THINK?!
Здраво, јас сум нова на форумов, па би сакала да ми кажите некој добар психијатар во Ск и колку е една сеанса ?
незнам зашто во мк преовладува едно исто мнение дека на психијатар одат само луди луѓе, мислам лудите ги сместуваат во психијатриски установи и таму ги лекуваат со посебни методи и лекарства, психијатарот е како родител кој ќе те ислуша и даде стручен совет. јас многу сакам со такви лица од областа на психологијата да разговарам и кога немам потреба и секогаш ми е предизвик што карактеристики тие ќе приметат на мене и без никаков срам си ги прашувам и им кажувам пред сите што мислам и ме мачи. јас си немам мака од тоа кој што ќе мисли за мене и совршена да сум ќе тресат се и сешто. баш ќе ги разгледам вашите препораки за психолог и психијатар.
неколку дена по ред се обидувам по телефон да ги добијам ординацијата Лимине ама се е зафатено а толку ми треба да поразговарам со некој знае некоја од вас што се случува?
упорноста се исплака после толку звонење, КОНЕЧНО го добив на теч. др Милутиновик од ординацијата Лимине-се наога кај Гртска болница кај автобуската која гледа накај Кисела вода(барем така тој ми објасни)па се надевам дека ке ми помогне