Мислам дека можеш, само прво најди си некој добар психолог. Јас кога бев мала, мислам дека имав 9-10 години одев на психолог ама само неколку пати бев со мајка ми, и сега не се сеќавам баш ама додека зборувавме со жената мајка ми некогаш мислам беше присутна, ама ок мала сум била, изгледа не сум сакала да останам сама. Само оваа беше психолог што работеше во училиште ама бесплатно ме пушти мене зашто беа познајнички со тетка ми и така..
Финтата е што мајка ми мисли дека психолозите се чиста глупост, а ниту познавам психолози ниту можам сама да отидам а и немам пари да ги платам сеансите и сл..
Па јас мислам дека во секое училиште ги има. Ете, намини некој ден до психологот од твоето училиште и закажи си термин, прашај ја/го колку пари ќе чини сеансата. А иначе можеш да прашаш на форумов каде има психолози во твојот град, може има некој што одел па знае.. А и ако сега немаш пари, информирај се прво колку пари ќе биде, па собери онолку колку што ти требаат за неколку сеанси, па ако ти се допаѓа и забележуваш дека ти помогнал психологот на некој начин, оди повторно.
Се плашам дека од училишниот псиолог ке си го слушнам муабетот на улица бидејки не живеам баш во голем град... а и маката што ја имам (ти барем знаеш) не е за секого.. А и какво оправдување ке смислам пред сите каде сум на пример 7ми час, а јас не сум со другарка ми да чекаме автобус
ЛГБТ, ако мислиш дека имаш навистина потреба од психолог, прашај ја матичната дали може да те упати во Центарот за ментално здравје во Скопје. Можеш да отидеш со било кој близок, но мислам дека понатаму (зависно од проблемот ), ќе побараат и родител.
Јас зборував за училишниот психолог, дали се плаќа таму и дали е сигурно дека нема да си ги слушнам муабетите на улица.
Hе би требало да се плаќа, т.е не се плаќа! и мислам дека не ти треба психолог, само бубачките те имаат мавнато во глава, (кога станува збор за твојата сексуална ориентација) мислам дека ќе се смени ова Cега само експериметираш и си правиш бајрам на паметот дека си лезнејка! имаш само 15 години, така да додека да се изградиш како сериозна и стабилна личност, има време, ехе!
Каков е тој одговор? Немој многу да мислиш? Дај молим те, ти даде девојчето свое мислење, доколку не ти се свиѓа не мораш да го прифатиш, ццц. И дефинитивно оди посети психолог во училиште, добро ќе ти дојде разговор со некој. Ете ти од мене совет
Се согласувам со Лудото и Реинбоу, и плус мислам дека патиш за внимание затоа се однесуваш така и правиш нешта со кој ќе добиеш на внимание. Затоа што сум те забележала, на форумов сите мислења ти се во врска со хомосексуалноста како небаре пропаганда да вршиш, и тоа ми е знак плус дека сакаш да бидеш запаметена по нешто што не го прават сите деца (зашто деца сте) на твоја возраст. Мое мислење, ако сакаш прифати го, ако сакаш не го прифаќај, исто ми се фаќа, но ти треба да си расчистиш сама со себе одредени работи.
LGBT, ludoto19 убаво ти кажа, ние и не знаеме зошто ке бараш психијатар, претпоставуваме заради сексуалната определба, на темата за промена на презимето ми посочи оти со родителите проблеми немаш. Мој совет е никако да не одиш на училишен психолог оти ОБАВЕЗНО ке те направи бардовски случај, подобро оди кажи и на мајка ти што како со цврст став дека мора да одиш. А ова за сексуалната определба, не знам зошто ама ептен глупост ми е. Си спиела ли некогаш со маж да ги почувствуваш благодетите на голото машко тело а посебно на машкиот полов орган.? Сите сме имале фантазии за секс со жена, види ги само нашите мислења и анкетата за секс со жена па ке видиш, ама не сме се одлучиле за лезбејки да сме.
имаме домашен пријател психијатар и тоа мн познат. постојано гостува по разни емисии на телевизии, објавува статии по весници, пишува книги и што ли уште не. сум имала можност повеќе пати да разговарам со него кога е кај нас, ништо професионално, најопуштени муабети. психијатарот е човек од крв и месо како и секој друг, нема зашто да се срамите или стеснувате да посетите доколку стварно имате потреба. како што читав најмногу поради некоја несигурност или страв од нешто. никој нема да ве направи луда, верувајте тоа не е ништо какви се случаи постојат. гореспоменатиов ми кажуваше за некојаси пациентка која штотуку се породила. и била кај него барајќи помош дека е во постојан страв да не помисли дека бебето и е свинче па да го стави во шпорет да го испече. значи потенцирам, она не го правела тоа, туку и било страв да не го помисли тоа . потоа исто помнам за некој човек кој во војна ја загубил едната нога. тоа на времето. и ден денес он ја чувствувал ногата како го чеша, како му поминуваат морници низ неа и сл. значи има страшни работи. ако вие чувствувате дека имате потреба од специјална помош бидејќи поминувате низ тежок адолесцентски или пубертетски период кој ви изгледа страшен во моментот тогаш побарајте ја. има многу државни психијатри. приватните не сите можат да си ги дозволат.
Несакам погрешно да ме сфатиш. До секој човек може да се влијае, а бидејќи девојчево ти е роднина- шансите за тоа ти се поголеми. Информацијата која треба да допре до братучедка ти е дека ја очекува загарнтирана смрт и тоа за брзо време ако не почне да внесува храна. Влијателна особа може тоа да и го кажува на смирен и контролиран начин, за да внатре во нејзината свест се разбуди онаа воља за живот. Повторувам, не ме сфаќај погрешно, ама тоа е единствениот начин
Дудучки е психијатар, не е психолог. Инаку да и јас сум слушнала дека е поненормален од пациентите. Инаку не ги читав сите мислења, ама од тоа што видов гледам дека некој психолог и психијатар ги смета за исто. Различно е. Психијатар работи со веќе заболени лица и може да препишува лекови. А кај психолог се оди на разговор, кога имаш тежок период, депресија, труми, психологот слуша и помага давајќи совети на некој начин. Според мене и треба да се посетува психолог, убаво е, не е ништо срамно, а и подобро да се оди на разговор за да не дојде работата за на психијатар. Ми се допаѓа таа работа, имам уште некој испит на сегашниот факултет, па планирам после психологија да запишам. Веројатно ќе ме биде
Штета што посетувањето психијатар е табу тема во нашава држава и што луѓето ќе направат се за да избегнат контакт со истиот. Жално е што повеќето луѓе сметаат дека доколку посетат психијатар им фали нешто во мозочето Ама таков е менталитетот на народов па нема многу да го тупам со причините бидејќи повеќе од јасно е.
во другите европски земји лугето посетуваат психијатар.. ако тоа го правиш не значи дека ти си луд , ненормален и незнам што таму.. на пример во холивуд сите звезди и познати барем еднаш неделно идат на таква терапија.. тоа те прави по смирен , ги гледаш работите поинаку а и стресот ти поминува..
lele i mene mi trebit psiholog qe se shkrtam nemozam dago gledam mojt zivot mnogu , imam problemi so mama stallno jas sum kriva zos ima strav od smrta bollnae veqe 15 god nervozna psikoooo mu pomagam sve mu prillagoduvam sekoj den no taaa samo samooo zalanjee sekojden po doktoriii ee site ja znet site doktori. shto mu mozam jassss pomognete miii qese shkertamm sekojden nervozna sum od sabal mi javit na tel ...