[/spoiler] Сосема си во право околу посетуванјето психијатар,ама ова со вашиов психијатар-пријател,ме скисели...Такви приказни не се раскажуваат,макар биле и без имиња.Тоа се коси со сите морални и етички норми на еден доктор.Пред извесно време позната докторка од Клинички беше суспендирана токму од тие причини.Како и да е, ти немаш ништо со тоа.Чисто коментирам само...
Посетувам психијатар скоро 3 месеци и сметам дека секој треба да посетува без разлика дали и какви проблеми има . Јас одамна го одложував посетувањето психијатар затоа што по природа сум многу затворена личност и сметав дека нема да можам комплетно да го искажам тоа што го мислам и тоа што ме мачи, затоа што не сакав никој во потполност да знае колку мене ми е тешко . Но , дојде и денот кога почнувањето со терапија веќе беше неизбежно . Од тој ден па наваму животот ми е многу олеснат , анксиозноста доста намалена а моите нереални стравови скоро и да исчезнаа . На таа личност и кажувам буквално се затоа што стекнав многу доверба во неа и иако е кратко време можам да кажам дека ме познава многу подобро од останатаите луѓе околу мене , и што е најважно ме сфаќа . Мислам дека во МК посетувањето псигијатар уште долго време ќе е табу тема затоа што и јас налетав на луѓе кои што ме осудуваа и мислеа дека сум луда само затоа што одам на психијатар , но на крајот на краиштата тоа е помалку битно затоа што јас од тогаш се чувствувам многу подобро и светот го гледам на поинаков начин.
Посетувам психијатар скоро 3 месеци и сметам дека секој треба да посетува без разлика дали и какви проблеми има . Јас одамна го одложував посетувањето психијатар затоа што по природа сум многу затворена личност и сметав дека нема да можам комплетно да го искажам тоа што го мислам и тоа што ме мачи, затоа што не сакав никој во потполност да знае колку мене ми е тешко . Но , дојде и денот кога почнувањето со терапија веќе беше неизбежно . Од тој ден па наваму животот ми е многу олеснат , анксиозноста доста намалена а моите нереални стравови скоро и да исчезнаа . На таа личност и кажувам буквално се затоа што стекнав многу доверба во неа и иако е кратко време можам да кажам дека ме познава многу подобро од останатаите луѓе околу мене , и што е најважно ме сфаќа . Мислам дека во МК посетувањето псигијатар уште долго време ќе е табу тема затоа што и јас налетав на луѓе кои што ме осудуваа и мислеа дека сум луда само затоа што одам на психијатар , но на крајот на краиштата тоа е помалку битно затоа што јас од тогаш се чувствувам многу подобро и светот го гледам на поинаков начин. Здраво Manja , може да ми кажиш кој психолог го посетуваш затоа што го имам истиот проблем.Фала однапред , позз
SEKOJ COVEK TREBA DA BIDE SAMIOT ZA SEBE PSIHOLOG AKO NE SI POMOGNETE PRVO SAMITE NIKOJ NEMA DA VI POMOGNE.NAMALETE GO STRESOT BIDETE SMIRENI I TAKA KE NAUCITE DA GI RESAVATE PROBLEMITE ,DOBRO E DA SE POSETUVA PSIHOLOG NO PRAVETE RAZLIKA POMEGJU NEGO I PSIHJATAROT.PSIHJATAROT RABOTI SO LICA KOI IMAAT PSIHICKO NARUSUVANJE I SERIOZNI PROBLEMI.
Не би се сложила баш со ова твое размислување... Велиш - психијатарот работи со лица кои имаат психичко нарушување и сериозни проблеми Види , во ова лудо време во кое живееме, сите ние си имаме по некој поголем или помал психички проблем. Некој се одлучува за посета на психијатар,некој не.Тоа е веќе прашање на лична одлука. За мене, тој што се одлучил за таков чекор е далеку од луд!Напротив, само човек кој е урбан,самосвесен и кој работи на својот внатрешен мир и своето подобро јас се одлучува на таков чекор.Посетувањето на психијатар може да биде само плус- спознавање и усовршување на самиот себе,а никако место за лудачка кошула!
Не гледам ништо лошо во посета на психијатар, ако не друго, барем олеснување од тоа што си ја споделил маката со некој. Некогаш некои проблеми не се споделуваат со домашните, со родител или било, за нив треба трето лице кое не поврзано тесно со семејството (заради опуштеност и слободно искажување...). Е сега мене ме нервиа тоа пто кај нас не постои голема дискретност, значи и да отидеш, пак имаш страв да споделиш некои работи од причина што може истите да се расчујат, ако може така да се изразам (да не речам портарска работа). Сепак, постојат исклучици и психијатри кои озбилно си ја сфаќаат работата.
koga imas ljubovni,semejni problemi,problemi na rabota,vo skolo i slicni se bara psiholog a ne psihjatar.jas imav nekoj blag oblik na anksioznost i se odluciv da odam na psiholog razgovarav so nego i mi bese podobro dokolku odlucev i pojdev na psihjatar 99,9%ke mi dadese apcinja a toa ne mi bese potrebno.toa mi go kaza i samiot psiholog.znaici pred da otidete napravite razlika pomegju ednoto i drugoto ako vie ste za na psihjatar psihologot ke ve posoci.no vo nikoj slucaj ne rekov deka psihjatarot e za ludi.
На повеќето луѓе (99%) им треба психотерапевт а не психијатар. Психијатарот е за ментално пореметени личности кои имаат потреба од фармаколошко лекување(апчиња, инекции и сл.) . На пр. шизофреничари, епилепсија, наркомани имаат потреба и од психијатар. Има разлика меѓу психолог, психијатар и психотерапевт. Психијатарот и психологот можат меѓу другото да работат и како психотерапевти но тоа не е исто! Психотерапевтот е за оние искрени и храбри луѓе кои се подготвени да го усовршат својот личен развој, така што за своите проблеми, грижи, трауми и стравови, успеси и несупеси ќе разговараат во 4 очи со психотерапевтот кој преку специјален начин на разговор ќе ги води така за да постепено самите дојдат до решение и чувство исполнетост, на спокојство и самодоверба. Во психотерапијата нема место за апчиња. Има само фотеља и можеби тетратка со пенкало каде психотерапевтот ги фаќа своите белешки. Психотерапиајта е за оние кои сакаат да направат и постигнат повеќе во својот живот а при тоа да бидат и останат среќни. Психотерапијата може да биде групна или индивидуална - каква ќе се посетува, тоа секој самиот си одлучува. За жал мал е бројот на добри психотерапевти а уште помал е бројот на луѓе кои сакаат да појдат кај нив.
Здраво девојки.. Незнаев во која под тема да го ставам прашањево па се решив тука. Сакам да ве прашам како да имам поголема психичка самоконтрола? Имам психичко растројство поради татко ми, кој постојано ме малтретираше на психичка база (за време на пубертет кога влегував) и последиците почнаа да се чувствуваат сега. Имам 16 години и за секоја мала работа јас избувнувам. Лупам, мавам, кршам... Плачам, се тресам..Помислувам на самоубиство секој пат кога ќе ми се деси ова. Ако решам да посетам психијатар ќе ме прогласат одма и од дома и познаниците и луѓето кај што живеам за шизофреничарка. Незнам јас стварно што да правам и решив тука да се обратам. Се надевам ќе добијам некој одговор.
Јас имав и се уште имам сличен проблем ко твојот.Но не дозволувам повеке ништо да влијае на мене.Ниту љубов,ниту образование ниту финансиски средства а камоли родители.Потруди се да разговараш на мирен начин со него без разлика на крајниот исход.Премлада си да размислуваш за такви грди работи.Самоубиство?Не зезај,некој се бори за живот и посакува да живее а ти помислуваш на самоубиство.Мислиш ли дека ке средиш нешто со тоа. Запомни дека никаде не е сјајно и постојат полоши работи .Ако тоа не успее обрати се кај некои блиски личности и запознај ги со твојот проблем ама ако и тоа не успее посети медицинско лице кое би ти помогнало повеке во овој проблем..Потруди се да се контролираш зошто нервозата може да ти донесе повеке здраствени проблеми и ништо нема да решиш така.
Девојки, студирам психологија и да ви кажам дека ова ни е најчеста тема на факултет. За жал, во овие стресни времиња е тешко ( но не и невозможно ) да се оствари добра врска родител - дете. За било каков проблем да имате, секогаш бидете асертивни ( реченици со ЈАС - јас не се чувствувам добро... ) Рефлектирањето на проблемите од дома е често и неизбежно, меѓутоа јас би ве советувала колку што можете повеќе да ги избегнувате родителите и просториите во кои тие се движат. На крај краева секој си го избира својот родител ( дечко, девојка, другар, другарка...) Самоубиството / убиството се само моментални одбрамбени механизми, но доколку приметите дека се зачестуваат - побарајте стручна помош. Во ординацијата на Др. Павлов има когнитивно - бихевиорална терапија ( можете и да побарате на интернет за да се запознаете со тоа ) Еден саат е 300 ден. Уште еден совет - кога и да “во скокнат нервите“ дишете со дијафрагма низ нос - 3 сек и испуштете низ уста околу 7-8 сек. мижете и обидете се да ги насочите очите таму каде што се спојуваат очите со носот Се надевам дека барем малку ви помогнав. Се најдобро и Среќна Нова Година
Ти благодарам многу Стефани! Ме охрабри колку-толку. искрено зборовиве многу ми значат... Имај и ти убави празници.
душо пробај кога си нервозна да се тргниш на страна во соба сама и да се опуштиш,легни затвориги очите и диши длабоко а умот тргниго настрана.кога сум нервозна јас ги затворам очите и го правам истото и верувај ме опушта.си велам што ако викам?што ако се расправам и хистерицам само ке си направам полошо себеси.а тоа што си нервозна и што се однесуваш така е последица од однесувањето на твојот татко.понашањето и гестовите на родителите се рефлрктира на децата.
Не се согласувам со мислата дека секој си ги избира родителите,пријателите....Пријателите-да,но родителите се тие што не создале и од нив бегање -нема...Ако имаш проблем со нив ,соочи се со проблемот....и така полесно ке го надминеш...Можеби звучи глупаво,но ако седнеш и отворено го кажеш твојот проблем ке имаш шанси да го надминеш...Ако не од прв пат...тогаш од петти пат...Сепак ти се родители...Можеби застраниле во некои работи,но верувај ми -прво ке се налутат ,а потоа ке размислат...Се ке биде во ред,само малку повеке трпение и од твоја страна и од нивна....Нигде не е совршено...сегде има проблеми....Затоа и кога ке се изнервираш,не мисли на лоши работи...Ако не можеш да се контролираш-излези надвор..прошетај ,смири ја топката....Ова е стресно време и треба да се има сила да се истрае...А ти ,тоа го МОЖЕШ!!!!
Веројатно најдобро би можел да ти помогне психотерапевт а не психијатар(на претходната страна напишав која е разликата). Проблемот можеби е што добрите психотерапевти чинат пари, од 10-15 евра до 50 за саат, саат и половина. незнам во кој контекст го рекла тоа претходната форумџијка но во контекст на реинкарнација и карма има смисла изјавата „самите си ги бираме родителите„.
- јас би ве советувала колку што можете повеќе да ги избегнувате родителите и просториите во кои тие се движат. На крај краева секој си го избира својот родител ( дечко, девојка, другар, другарка...) Не се сложувам со мислењето на СТЕФАНИ.Можеби ВИЕ мислите поинаку...Тоа е ваш избор...
Што се однесува до избегнувањето на родителите и просториите во кои се движат - тоа е начин да ја смириш топката кога си нервозен, кога имаш убиствени нагони и сл. не константно и без причина А дека сите си ги избираме родителите тоа е факт во смисла на тоа што во некој периоди во животот повеќе си наслонета кон потпирање и “живеење“ по правила на другар, другарка, дечко, девојка и споделување со нив нешто што во моментот најмногу не боли. Биолошките неможеш да ги бираш ниту да ги менуваш ( јас никаде тоа не го спомнав ) Немора да значи дека се што е скапо е првилно и добро. Др. Емилија која што работи во ординацијата на Др. Павлов е одличен психотерапевт, тоа што чини 300 ден од саат е само затоа што работат со плави картони. Ова го кажувам од искуство и од тоа што си ја знам струката и добро сум запознаена со тоа како треба да се работи, а како не.