1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поскапе такси превозот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од love23, 18 април 2011.

  1. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    многу ме изнервираа со ова поскапување значи стварно не се нормални еднаш се брзав за на факс и се качив од автокоманда до битпазар замислете ми зема 130 ден. и ја така молааам? иначе по 70-80 ми зимаат до таму, сега ако ептен ептен за некаде се брзам се качувам инаку вака ич. а за ноќни излегувања ај ке се собереме повеке и ке поделиме ама за сама не иде
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Абе ми се жалите ви зимале 50 ден сеа 100 . Па штом сте во Центар ќе си попешачите малку. :lol:
    А замислете како им е на луѓето од Ѓорче, од Драчево и сл. Шо да кажат тие?
    Јас се немам качено во такси откако поскапеа, а откако тука прочитав како се движат цените - не ни планирам.
    Боље ако има потреба ќе го будам татко ми во 3 насабајле да ме зима од град, него ли да фрлам пари на такси.
    Ама сега и такси компаниите сами ќе осетат дека никој не им се вози, па незнам какви им се плановите..... Сега сите ќе се возат со новите автобуси.
    И некој спомна ќе се покачеле цените на билетите за бус - нема врска, пред некој ден прочитав соопштение од ЈСП дека по 30 денари ќе ги направат сите билети, и градски и пригратски (кои сега се поскапи). Што е одлично во споредба со таксито.
    Од Радишани до Козле, и од Автокоманда до Ѓорче ќе се возиш за 30 денари. За со такси, со новиве цени 1000ка не ти стига.
     
  3. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Па тие не се нормални бе ало!!Живеам у карпош 2, од парк до лептокарија ми зимаше 60, сега молим лепо, 110-120.. а од рекорд 150...порано со 70-80 си идев од рекорд. не влагам у такси више...не се исплати искачање...бог да чува..дај боже да ја вратат цената. :devil:
     
  4. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Убаво си идев со такси кога беше по старо од Центар до Кисела Вода 50-60 денари, а сега само автобуз, сакала неќела, ке си чекам и по пола саат, гужва не гужва тоа е. Ќе видат дека нема заработувачка па ке ја вратат старата тарифа.
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Не ве разбирам за ова пешачење стварно.
    Живеам во Карпош и кога сум имала време и кога било времето убаво сум одела до Центар пешки во два правца и не ми било проблем.Ама да ми простите, во зима на минус или во лето на 40 степени не планирам да одам па и за најголемата фуфица сметајте ме.И да, кога сум многу уморна не ми се одат ни два километри пешки.Фуфица сум?Добро.
    Е сега да ви образложам исто зашто не можам секогаш во автобус.Како што спомна Ирена, во денот некогаш имам потреба да одам на 3 различни места во градов.Ако одам со автобус кој треба да го чекам којзнае колку време, во еден ден сигурно нема да завршам работа.Кога ќе треба да одам кај другарка што е подалеку или дечко ми, треба да се вратам во 11 со последниот автобус?
    Тој што спомна дека му е мило што се накачиле цените се надевам еден ден ептен ќе му затреба таксито и тоа почесто, па ќе осети.
    И да, секаде во светот таксито е скапо, ама покрај автобус имаат и трамвај и метро и што уште не и не се гужваат ко сардини на најголемите гужви и не чекаат пола саат за превоз.
     
    На Mini-Mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Јас со такси се возам само ако ми избега вториот автобус, па се брзам на работа. Тогаш немам друго чаре, немам време да чекам друг или да го тепам пешот. Ама како тргнала работава ќе станувам еден саат порано за секој случај, огин бре. На мажот ми му го дадов мојот точак и има да весла сега.
    Тоа е у нашава државичка, малку по малки ќе се вратиме во камено доба, без струја, без вода, пешки сегде ќе си одиме.
     
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Се во ред. Се согласувам. За ова последново само ќе кажам дека додека мама и тато плаќаат никој не се секира Ова таксињавани го погодина нашиот личен буџет и затоа пискаме :D
    Јас се согласувам со ова што го напиша - ама само во случаи кога се работи за мрза и луксуз

    Ама ете пример, петок и сабота сакаш да излезеш, живееш во аердром и сакаш накај центар. Ајде ќе отидеш во автобус, ама после за враќање покасно, ќе ти трбаат 200 денари за такси. А по штикли, пеш во 2 саат ноќеска не верувам дека ќе се враќаш. Автобус нема, а за кола да не зборуваме...
    И ете го дадов како пример аеродром што е пак релативно блиску....ако си од некаде подалеку, излегување амин! само низ маало. А излегување на пијачка или кафе, не го сметам за луксуз

    Ете јас во центар сум и пак неможам да го избегнам. Викендов до колосеум и пак ми го собраа парите, а што да правам друго, сакала -нејкела....или дома на фб ќе си дремам

    И живееме во динамично време, се некаде со трчање наваму -натаму. Да треба некоја работа да завршиш, треба да поминеш 5 места, и маратонец да си неможеш да стигнеш, камоли пеш или автобус да чекаш
     
    На Mini-Mouse му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Ееее на времето кога се возев со такси ... :D Беа тоа времиња :rofl: Знаев некогаш да отидам кај дечко ми и за да си поседам повеќе , одев во школо со такси , ми зимаше по 80 денари , 90 со сила . Ама лани кога беше топло , овој месец , и годинава кога почнав со школо знаев да одам пеш до дома , убаво време , зошто да не изодам пеш . Не ми е ептен потребен такси превозот , ама кога ми е потребен значи дека другачије не можам да стигнам дома :D Порано кога искачавме повеќе деца се враќавме некои со последна 2 , други со такси , господа беа . Сега да ве видам дојдете од град до Ѓорче со такси ;) Не знам сега што ќе биде , не сум осетила како е да ми земат дупло пари сеуште . :D Кога ќе се случи , ќе ви го кажам филингот :P
     
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Во најлош можен момент го поскапеа таксито!
    Сите улици се реновираат во градов. Се окапува од чекање на семафори. Пред новото Веро уште го прават мостот. Хаос е. А знам дека и сегде низ градов е така.
    И онака не се вози низ градов од гужва, па сеа им текна сите улици одеднаш да ги реконстурираат. Да се качиш во такси, кај поскапено, кај гужвата ќе те фати, ѓавол ипол.
    Утре во авотбус нема да може да се влезе - нели ВТОРНИК, пензионерски ден.
    И никако не не бива!
     
  10. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Среќа за тие што можат комотно секаде да отидат пешки..па и за навечер и за преку ден.
    Златен ЈСП со сите негови недостатоци... ама тоа што некаде последниот е во 10ипол е стварно е за никаде.
    Како да излезам а да не се вратам со такси? Е сега изгледа ќе се снаоѓаме на др начин, претерано е ова..и така користев такси само кога ептен ми е неопходно..сега па ич изгледа.
    Се пресмеав кога во саботава едно другарче за од центар до влае да отиде искоментира "ќе се качам во такси и пред куќа ќе му речам почекај телевизорот од дома да ти го донесам" хехехе
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Такси не благодарам!!
    Особено не се сега со поскапувањето. Ако за една релација вожњата ме кошташе 50 денари, сега најмалку 90 денари. Смешки.
    Бројот на такси возила дупло ќе се намали, а уште повеќе бројот на патници. Конечно, ќе се размрдаат малку средношколците и стдентите. Меѓу нив и јас, со факултетот што ми е на 15 минути.
    И конечно мислам дека точакот ќе има повеќе од рекреативна примена. Уште сега се договорив со дечко ми, штом затопли, да одиме со точаци. Ете, барем една позитивна страна од ова.
    Од друга страна, за излегување ќе му ја мислам. Треба минимум 100-че плус да си носам, зошто тоа штоперицата како луда си одбројува.

    Инаку, мислам дека ќе ги вратат старите тарифи. Нема еден возач да не се пожали дека не му одговара оваа тарифа. Губат муштерии многу, им се бара да вовед некои си чуда, глупости.
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Знаеш секаде е опцијата такси последна како превозно средство, најскапа, недостижна за некои.
    А кај нас е првично превозно средство. Ние така сме научени, затоа толку не боли ова поскапување, да го ставеа автобусот дупло поскап немаше да се буниме, ама за таксито и неговото покачување е најбитна тема во сите зборувања низ градот од страна на младите.
    Јас што реков мило ми е, иначе 11 километри сум одалечена од центарот и сега навечер кога искачам ми зима 380-400.
    Јас по 1 саат сум чекала автобус на -15 степени и уште 1 саат сум се возела во автобус кој е поладен од фрижидер, а тие што никад не се возеле и најновиве автобуси им изгледаат грдо. Тие си се научени такси и точка. Од Карпош до Центар има 15 автобуси што возат ги има на 5 минути. Не се за жалење од моја гледна точка. Има луѓе што повеќе треба да се жалат а не тие од Аеродром, Карпош, Кисела Вода. Убаво си кажа Маја.

    А иначе и финтата е и да се оретчат таксистите. Скопје нема толку жители колку што има таксисти. Секој што нема работа е таксист дивтар |( Треба да си бидат професионалци, да си има мал број таксисти, вистински таксисти а не кој му текне да е таксист. Кај нас се е обратно се почнува од поскапувањето а потоа ќе се оди на другите работи кои беа дел од промените во такси превозот. Мамицата нивна. 400 денари сеа ќе плаќам за таксист кој аутспухот му е пукнат, на кој му дува десната врата, а левата прозорот не му се затвара |( Бараат пари а не даваат професионалност.
    Затоа за 30 денари ќе си се возам во нов автобус и ќе си седам на мекано столче :lol: :wasntme:

    Како и да е секое чудо за три дена :)
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Поскапе такси превозот, ама не се секирајте тоа е за наше добро. :)

    Ќе поскапе и автобуската карта, ама сега избори се ближат. Ќе видите дека таму кон крај на август, кога ќе треба да се вадат слободни, одма ЈСП ќе се жалат, ќе им излезат непредвидени трошоци.
    Ех, не знаеме како оди тоа. Ако не е така да ме банирате :!: :D
    Прано имаше релации каде што ми беше исто дали ќе одам со такси или автобус. Дали ќе сменам два автобуса ( затоа што нема дирекна линија ) или ќе дадам 60 денари за такси.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Леле па во Скопје баш ги накачиле цените,овде во Струмица ги накачија за 10 денари прво беше 40 сега е 50 :) но многу е бре !!! Мене лично не ми се дават пари за таквии и секогаш си одам пеш,баш ми е убаво,ем ќе си се прошетам ем ќе се раздвижам,преубаво :)
     
  15. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Еве од мене еден предлог, каде и да одите во околина на центар можете со точак.
    Не живеете во центар? Немате точак?
    Па Коце ни ги реши проблемите на сите. Што ке ни е трамвај, метро кога имаме точаци кои се изнајмуваат 10 денари од саат.
    Ке си се симнете со бус во центар, на точак и ке одите каде сакате. Ке си носите бројчаник и ке си го врзете точачето пред факс, пред работа итн итн. барем за точак секаде има место каде да се паркира.
    Јас така планирам да одам секаде само да се стопли времево :)
    Мн ми е далеку од дома до центар да возам, па наместо да плакам 3-4 автобуси во денот ке плаќам само два и ке возам точак :)
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    :x неможам да се замислам да чекам автобус по пола час а уште помалку да плакам такси по 150 ден. :x убаво ми е вака за пола час да одам од едниот крај до другиот на градот (пребрзо одам :lol: ) додека да дојдам да студирам во Скопје се надевам ке се вратат поевтините цени :D поздрав
     
  17. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    99
    хахахахаха и мојот маж си весла со точачето понекогаш :lol: Па искрено не се издржува доколку парите ги даваме само на макпетрол.Неговата работа е променлива не е секогаш на една локација па кога е поблиску до дома си иде со точак.Јас искрено во такси се намам качено можеби една година а и претходно не се возев често само по потреба ако сум во тесно.Еднаш ми се случи да одам на испит,се качувам во автобус со бројот до каде што требаше да одам јас.Но бидејќи таа автобуска станица е последна шоферот си го променил бројот на автобусов и сврте во сосема друга насока.Јас онака поспана додека ми текне што се случува отидов предалеку,кога се симнав немаше друг излез освен да се качам во такси. :rofl: Истотака такси користам кога шетам со дечињата па веќе им се здосадило и не сакаат да пешачат па мора да фатам такси и слични ситуации.Откога се покачија цениве не верувам дека некој од нас да наречам средна класа на луѓе(за сиромашните тоа и онака беше научна фантастика)ќе се качи во такси ако не ти дојде јајцето на газот :lol: Во тој луксуз ќе можат да уживаат само богатите,ќе си седат на раат без да наѕирнуваат напред во таксиметарот и да се пребројуваат во паричникот :D
     
  18. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    И сега поради новава тарифа ќе треба еднаш месечно да искачам во град и едно 600 ден да си одвојам за такси :devil:
    Богатите не ни се возат нешто многу често со такси си имаат они добри коли и гајле си немаат :^)
    Ова е Македонија не е ни Виена ни Прага ни Будимпешта нема друга опција освен автобус или такси,а нормално да имавме метро,трамвај или тролебус немаше да се бунам :doh:
     
  19. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Има ноќни линии на јсп кои возат подолги релации (пр. две линии ги спојува во една)..
    http://a7.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos- ... 1254_n.jpg
    И да СКАПО Е ТАКСИТО!!!!!
    Сеа неможам ни со штикли да излезам, ке треба два километра со штикли да одам за дo автобуска, бидејки тој бр на автобус што иде до кај мене сабота и недела последниот е во 15:00. :devil: :devil: :devil:
     
  20. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Влегуваш во такси и гледаш чудна направа која ја мери брзината на светлината :D (група на фб)