1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поскапе такси превозот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од love23, 18 април 2011.

  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Утрово како што ми се случува често си закаснив за на работа и фатив такси од бит пазар до државна болница ми зема 120 ден. а пред тоа ми земаа 80, 90 денари мме, санава ганава :@
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Па Абеја добро си поминала, мене не ми личи на поскапено тоа такси кај што си влегла.
     
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Значи не се нормални таксистиве
    Како може вп Македонија со ниски плати да ставаат европски цени на таксито?????
    Порано плаќав 60 ден, сега за истата дестинација 120
    кај се видело ова??/

    сеа ќе се крстиме на лето кога ќе ги редуцираат автобусите, како што викаат дубровчанките имаат згодни нозе и ние скопјанките ќе имаме исто, кога ќе фатиш пешки да си тераш.... :D
     
  4. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    според нашиот ни стандард неможеме да си дозволеме да плаќаме 200 денара такси од автобуска до државна болница,срамотилоци само. :) :@

    доколку е така треба да се поправат и самите коли и такси компании(сите со иста боја според закон),најпрво со учтиви и униформисани возачи,со уредени и чисти коли,со фискални сметки за вожњата.

    е тогаш можеби и ќе го прифатам поскапувањето на такси превозот,но како крајна цел од сите промени,затоа што не ни е нужно сега поскапувањето,тоа нека го остават за крај,има многу други работи кои би можеле да ги средат на пример!! ;)
     
  5. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Не знам со кој памет ко поскапеа таксито!
    Ова е претеризам.
    Сега за враќање од град(кога ќе треба со такси да се враќам) ќе треба да одвојам 200 денари. :devil: (порано од центар ми зимаше 100-120 а сега 200).
    Јас мислам дека ќе ги намалат цените, бидејќи никој нема да им се вози.
     
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сите наоколу зборуваат за такси и не чекај, не за такси туку муабетите се вртат околу тоа кој се вози со такси. Сегде било елитно, ние сме биле неблагодарни. Оф да видам некој од шведска да дојде да се провози во автобус од дома до некоја болница, па од болница до друга болница па на факултет па по резултати. Се тоа со автобус. Животот ќе му се скрати за 3 години од нервоза.

    Добро како можете бе да кажете дека не сме се бунеле за струјата тоа било од џебот на мама и тато демек ... а таксито барак обама на сметка ли ми праќа пари да го платам ...
    Струјата е нешто што мораме да го користиме, сакале неќеле колку и да скапе на свеќи не може да се живее. И со тоа мора да се помириме зашто е засегнат секој ама секој човек. Освен оној кој има одвишок пари.

    А за таксито ... леле не разбирам ... ми рекоа ти да не си дама из париза што си против тоа дека поскапело таксито ... е ајде де. Епа извенете јас немам кола. А немам ни намера да одам на кафе со точак и да возам 15 километри секој ден. Ниту пак на жештини да трчам цел ден наоколу со точак поготово кога имам цел куп обврски и треба да го свртам цело Скопје. И на крај ќе се шлапнам на факултет пошто јас сум за здрав живот и сегде одам со точак и нек им јутро мирише на мене.

    Си се возев со такси да. Понекогаш кога едвај гледав и од автобуска до дома сум си одела со такси. А очигледно можеби некој од луѓето не го знае зборот премореност и болест. Па само се придерува на некој друг. не зборувам за од форумот туку за од животот. Некој го земаат и носат со кола секој ден и ќе каже ти си дама из Париза. оди бркај работа. И за 60 -70 денари сум се качувала во такси. некогаш сум немала време и да сакам да пешачам. некогаш па и ме мрзело а сум била при пари. Моите родители ми ги даваат парите. Не сум ги потрошила на цигари или кој знае што. Ако се тоа ме прави фуфица или Дама из Париза или што знам јас што во ред. Тоа сум признавам.

    А вакви генерализации, спиела со двајца курва е, се вози на кратки дестинации со такси си мисли дека е дама, се гушнала со другарка и - има лезбејски нагони. И што ... до каде вака ...

    и јсп мислите нема да поскапи ??? еднаш поскапе за цели 5 денари па кое бунење беше се сеќавате ли ??? А на крај краева причекајте. Избори се ближат. Мене ми е неверојатно во нови автобуси да не накачат ценичка. Бар малку. Ако остане вака јас лично ќе ви речам извинете моја грешка.
     
    На ladymici, Phyramide и irenna им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    На јсп ги поевтинија приградските линии, ги направија и нив 30ден... Некако не ми личи дека се во план да поскапат. Никој не ја оспорува потребата за такси, има случаи, во брзање, немање на време, тогаш нормално дека нема да чекаш пола саат автобус, па да се клацкаш уште толку. Работата е за кога нема потреба од такси, а сепак се користи. Кога не се брзаш, фино лепо и со бусче или пеш можеш да стигнеш негде. Во вакви случаи таксито е луксуз, а не потреба.
     
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Прво таксито беше 30 па го качија 40 и сега 50 :fubar: Тие не се нормални :!: Знам дека и нив треба да им плата за тоа што работат ама многу скапо :?: И плус тоа јас неживеам во Скопје да има и автобуси за превоз :!:
     
  9. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Изгор таксиво деца, изгор. Сериозно и најискрено душата ме боли. Кај да е и ноџињата ќе почнат да ме болат, оти очигледно немам повеќе можност да се развожавам со такси низ Скопјето. Во петокот после 6 години се качив во автобус на ЈСП и можам само да кажам дека сите феминки кои го користите автобускиот превоз во вторник и во петок од некни сте мои лични ХЕРОИ! :bow: :clap:
     
  10. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Јас решив да го бојкотирам такси превозот. Викендов си платив 120 ден релација центар-центар. Двојно е поскапено :swear:
    Алтернатива? -Пеш, а за подалечни дестинации бус.
    Пошто е поскапено многу ќе си земат кола како алтернатива, за викендите особено нема да бега дринк & драјв опцијата. Чичко полицаец ќе реди казни, или не дај боже да се зголеми стапката на сообраќајни незгоди и сл.
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Виножитке се тоа си во право. Ама стварно се изнервирав само покажуваат со прст и делат навреди а врска си немаат. Поготво тие примерите што и во вц одат со кола :D И сите за тоа зборуваат. Сепак јас не знам некој да се вози цело време со такси т.е да му е главно превозно средство па можеби затоа така реагирам на таквите муабети. :) Сеедно секој за себе.

    А за јсп турс останува да видиме :)
     
  12. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Јас веке во такси не влегувам ! Порано давав по 80 ден а сеа дупло и тоа некогаш не вракаат кусур!
    Тие не се нормални им фали некоја даска ! :fubar:
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Поскапе горивото, поскапе и таксито!
    И откако ве прочитав за какви суми зборувате, пари што морате да ги оделите за такси искрено ме фати срам да се пожалам дека и нам во нашиот град ни го покачија таксито и тоа од 40 на 50 денари, а за двојна релација плаќаме 70 денари! Срамно е да се пожалам дека плаќаме такси од 50 денари кога може и далеку полошо да биде (по 200 и повеќе денари како што кажаа некои форумџики)
    Јас поретко се возам со такси! Некогаш татко ми или дечко ми ме носат на работа,но почесто одам пеш! Искрено си признавам скржава сум кога е во прашање давање пари за такси и скоро секој ден си пешачам по 20 минути до работа 8) !Всушност јас и сакам да пешачам и плус нели заштедувам(несвесно) А кога ве прочитав вас по колку морате да дадете за такси ми стана смешно и срам колку малку плаќаме ние а пак се жалиме :$ !
    Во секој случај такси превозот воопшо не одговара на платите кои остана мизерни!
     
  14. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Како што кажаа повеќето од вас, прескапо е сега таксито.Веке нема да си се качувам во такси кога ќе ми текне само ако ептен ми е неопходно.А бе изгор, душава ме заболе 200 денари за релација која ја плаќав 110 до сега.Нема шанси да им се качувам преку ден барем.
     
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Ако ви е за утеха, вие кои плаќате по 100-150 ден за такси, кога би имале кола ништо поевтино не би ве чинело. Знаете ли колку е скап паркингот во центар? Особено сега СЕКАДЕ има зонско, па неможеш никаде да ја оставиш без да платиш. Најефтино што можете да најдете е отприлика 30 денари за еден саат. Да речеме за излагување ќе се задржиш 3 саати, тоа ти се 90 денари само за паркинг за една вечер. Плус бензин....ете ви исто ко за такси...
     
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Тотално те поддржувам.
    Какви се денешниве млади, стварно се чудам. Јас разбирам да се оди со такси ако стварно се многу километри во прашање а да е касно невечер, или ако доцниш за некаде и итно мора да стигнеш.
    Ама иначе, да се зема такси на дестинација од 15 - 20 минути пешачење? Па и 30 нека се. Сум пешачела и по сат време, баш се чувствувам убаво. Ем согорени калории, телото се размрдува, а не да се закржлавам онде |(
    Не се замарам толку што го поскапиле, стварно е претеризам ама не се возам толку, ретко али сега нема ни да влезам повеќе во такси.
    Јас се замарам како што рече росонерка, со сметките! Па упм веќе, студент сум и гледам колку пари даваме сега за топлификација поготово, и струјата! До пред две години дававме секоја по 1000 денари, сега по 1500-1600. За храната да не правам муабет. Е тоа се работи за што треба да се нервираат младите, ама како што рекоја тука мама и тато плаќаат, па нема веза. Епа ќе ве видам кога ќе треба од своите пари да одделите како ќе ви е.
    А таксисти колку што има во Скопје, нема ни во цела Македонија. Јас разбирам да се поскапеше на 20 денари, ама дупло??
     
  17. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Исто... Плаќавме 350 денари сега искрено ми беше страв да го погледнам таксиметарот.. ама кога стигнав дома морав и ни помалку ни повеќе 585ден :О :О :o Само за излегување користевме такси сега и за тоа нема.. Сите викате пешеки ќе се оди..ова она.. а оние што немаат избор :?:
     
  18. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    А што е работава што некои возат со попуст? :D Не 100 денари, 95 :D
     
  19. aleina

    aleina Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    jas sepak mislam deka ke si gi vratat starite ceni... ova e premnogu skapo,za nasite standardi:) i da barem sea site ke si pesacime, i ke si cekame avtobuscinja... ako ne ni gi nakacat i niv :) ko so trgnala rabotava
     
  20. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Нема шанси сега да ја вратат старата цена на таксито.
    Сега ке се намалува бројот на таксисти, треба да има максимум 3000 во цело скопје, а сега има 10 000 таксисти. Дури тогаш може да поефтини таксито.
    Мене само едно не ми е јасно, зошто не пуштат навечер барем еден автобус, да кажеме околу 2 саат по полноќ???? 5ка една да пуштат сите ке бидеме задоволни. Имаше ноќе автобуси до пред скоро, ама веке нема :(
    Се согласувам дека и со своја кола да одиш исто се фаќа ко со такси.
    Каква и да е колата, за до град и назад сигурно од каде било троши минимум 3 литри бензин, тоа се 230 денари + паркинг 60 денари, 290.
    Така да ке чекаме да видиме што ке биде со јсп :D