Еве јас возам кола а некогаш користам и такси. Со старата цена на таксито беше поисплатливо со такси да одам ама сега ми е поисплатливо да запалам кола. Во Скопје, проблем е едино паркингот. Овде кај што работам имаме сопствен паркинг па не ми е проблем тоа но за во град идење со кола и да пракираш зонско е премногу!!! Заради тоа се користеше такси повеќе. А сега гледам натакси станица полна коли, кога се јавувам такси да викнам нема гужва на другата страна, не слушам позиви и тоа се периоди од денот во 16 часот или 7 и пол наутро. Така да верувајте дека драстично ќе им се намали. И сакале не сакале ќе мораат ако сакаат да опстанат да ги намалат цените. И да, кога веќе плаќам поскапо ќе сакам да се возам во такси компанмии од типот на Лотус, Наше такси а не овие што имаат крнтии коли. И кога ќе видиш се е плански направено, да се истребат ситните компании за да има 2-3 појаки компании на богаташи кои ќе го држат такси превозот во Скопје.
Е богами поскапе! А јас ко што сум зависна од такси превозот во Скопје и те како го осетив поскапувањето Туку не разбирам која е логиката да се наплаќа подеднакво за такси како Лотус или Наше такси, компании со одлични коли, средени и напарфемисани шофери, културни и учтиви, или пак за такси од некоја ЖЉ компанија со вистинска крнтија од оние на Хитлер кои ги оставил кога бегал, која мислиш дека како на Мамли колата ќе ти се распадне секој момент а ти гледаш со очињата нагоре и се молиш да не ти се паднала паричката, плус и мириса на вкусна десетка со кромид, а кога ти се јавува некој не го слушаш затоа што колава бучи како во фабрика....не бе мило, во такси сум! Не сум во рудник жими се не! Патем има некои компании кои даваат „попуст“...возат по стара цена ама официјално, даваат попуст. Испробано на повеќе наврати на подалечна дестинација Водно мислам се едни од тие кои даваат попуст, а подзаслушнав уште од еден таксист кој ме возеше од пред Беверли дека исто даваат попуст ама ја заборавив компанијата.
Слушав на радио, на фортуна мислам дека беше.. поради поскапувањето на такси превозот ќе биле пуштени повеќе ноќни линии.. ама мене сепак сеедно ми е, ќе пуштат само низ градот.. а оние што живеат малку оддалечено пак исто )))
И јас живеам подалеку, само мн повеке ке ми се исплати ако има нокни линии. Ке се симнеш на станицата која ти е најблиску до дома и 50-100 ден за такси, не е исто 200 и 100 ден
Имам радосна вест за сите феминки Јас сега го дознав ова. Во Петок и Сабота има ноќна линија на 5ка. Од Плош, до Ново Лис.: 01:15 ; 02:55 Од Ново Лис.до Плоштад: 01:40 ; 03:20 Еве ни спас за навечер
Вчера се возев со такси Водно од бит пазар до државна болница,и до кога да се освестам човеков ја оправил по деветка да ме вози, ауу сега заглавив си викам семафорот кај судска трае накај 2 мин а се случува да се чека и два-три пати семафорот, ист е и тој кај црвен крст а па да не зборам ако мe фати гужва накај тутунска. И ко за бeља баш тоа ми се случи, 15 минути возеше а јас не тргнав поглед од таксиметарот, до болница изброја 154,00 денари (а пред тоа му реков зашто вози од таму, дека поблизу ќе беше по Бул.Гоце Делчев и после од кај пошта, побрзо е ама бидна)и човеков бидејќи заглави и во гужва откако го прашав колку треба(демек не знаев) ми вика ај 130 ќе ти наплатам зашто ти сакаше од другата страна да возам. И тоа беше тој неофицијален попусТ.
Пчелке, па не знам како им „функционира“ тој попустот, но еве можам да ти гарантирам дека минатата недела 4 пати ми(ни) се случи да добиеме попуст минимум 70 денари максимум 100 денари - што би се рекло, дојдовме односно плативме ко по стара цена. Да не им е ова само ноќно време?! Ич не знам. Е сега рачунај дека одев на бајаги подалечна дестинација, на периферија на Скопје, ама битно не платив онолку колку што покажуваше таксиметарот. Плус со уште една такси компанија се возев у четвртокот вечерта на дестинација Рекорд односно Триумфална - Зебра, и платив само 50че, исто ко порано што сум си плаќала. Не ми текнува со која...некоја крнтија кола (еве може феминката со која бев искочена на пијачка се сеќава што компанија беше па ќе ме надополни). Битно знам дека даваат попуст, а дали се работи за попуст или за „шије ми га Џура“ ситуација колку да сокријат дека возат по стара цена не знам. Како и да е, мене ми одговара да е различна цената во сооднос со она што се нуди, затоа што навистина ако треба да изберам дали ќе платам 120 денари за тресење бубрези или за мека вожња во намирисана кола, ај погоди што ќе изберам. Нема смисла што ја изедначија сите цената без оглед на тоа каква служба се нуди. За среќа сеуште и бегаме на Европа каде без 5 евра со такси не се искача, ама затоа имаш метро, трамвај, што и да е од градски јавен превоз кои функционираат беспрекорно. Истовремено покачувањево за македонски стандард е навистина големо а дека треба да си има опција такси која ќе му одговара на просечниот македонски џеб, треба.
За на работа, фала богу прилично сум близу од одма, па дал со градски, а фини некои сега па и на два спрата, дал пешадија по Кеј и стигнувам за мах 25 ден. ил' ако си ја пуштам душата за уште 5 денарче за државен . Ама за навечер, да богами е лошо и посебно за денови кога имам триста работи да ги завршам во денот, кои ми се ем на различни локации, ем треба да се вратам во пристојно време на работа за да си сработам, така да поскапувањево и не многу ми одговара, бидејќи платата секако не ми е покачена. Туку фино ова за 5кава охо за мене таман од дома до Центар . Топ, а и ќе почекам метрово да го пуштат па прва возња мене лично ќе ми е едно 5 пати угоре-удоле за да осетам какво е чувството да се возиш во метро во Скопје. Ах, Трифко кога го збореше истото, луд го направија човекот, а види сега по брза постапка што се прави. Тоа што мене ми недостига искрено во градов е трамвај и тролеј, макар што градов дефинитивно не ни е створен за плус трупање разно разни средства за транспорт да ни ги красат и без тоа тесните улици. Но, веќе кога е МЕТРОПОЛА, кога имаш пола Македонија слеана во еден град, навистина треба, особено, кога и не секој може да си дозволи да се возика со тахи лево-десно, па го користи само за итни ситуации. А, овие попустиве што велите, моево искуство е само со некои си неофицијални попусти... да се погоди да немам ситни да му дадам на тахистот, а тој да не може да ми врати па да ми опрости 20-30 денари, ама искрено да е некој газда па да ми ги опрости да не жалам, вака искрено, кога ги гледам како кначат деноноќно, а повеќето се и со факултет, па решиле сепак да работат нешто... мене 30 денари, уште тројца по 30 денари и ете ти негов оброк дур работи, папала маца.
Да и јас слушнав дека даваат некој си 20% попуст на кратки релации а 25% на долги и мислам дека беа Рива,Водно и Панорама (за нив сум информирана)
Не само панорама такси, туку сите возат со попуст. Вчера јас се возев со Рива и кога влегов го прашав дечкото дали знае кој такси компании возат со попуст, ми рече јас возам со попуст. Половина коли од Рива компанија возат со попуст пола не, се менуваат секој ден, еден ден едните возат со попуст, другиот ден другите. Дечкото ми рече, кога и да се качиш во било кое такси, прашај дали возат со попуст, ако не ги прашаш нема да ти дадат После се возев со Теникс и кога влегов го прашав човекот дали вози со попуст, ми рече возам по стара цена т.е. со попуст и така си платив такси колку што си плаќав порано. Ако не прашаш никој нема да ти каже
И јас мислам најпаметно е така. Пред да влезете во такси прашајте дали возат по стара цена Ако си молчиме ќе си плаќаме дупло
И шо испадна ова, го поскапе ама не поскапе Изглеа драстично им опадна побарувачката па се вадат на финти сега, попусти
Јас изгледа имам таква среќа, никако да начекам попуст . Ама факт е дека имаат многу помала побарувачка. Ги гледам вчера на такси станица наредени (ги броев ) 11 коли, а никогаш порано немало повеќе од две таму. Она што е лошото кај нас е што изборот е магаре (ЈСП) или змија (такси). Пробав и со автобус да одам пред некој ден, долга релација ми беше за со такси, видов на интернет кога треба да има автобус, земав детето и... се изначекавме. Не дојде како што пишуваше, 20 минути на автобуска со дете... И после во автобусот хорор, гужва, буткаат, газат, возачот си збори на мобилен, култура на нула... Мои постари соседи ми кажаа дека возејќи се со автобус им се случило и тоа средношколци да не ги пуштат да се симнат на станицата каде што требало. Преполн автобусот со ученици, ги заеб... им им викале „Ако де, да се повозите со нас малку“ и сиротиве се возеле уште две станици повеќе, па од таму пешки назад, а луѓето се по 70 години. Сакам да кажам, кај нас таксито е потреба, не само луксуз. Затоа што нема алтернатива нормална. Затоа што нема култура. И бремена сум се возела со автобус и се прават дека не те гледаат, те туркаат со сета сила (ај што никој не станува, ама бар читав да излезе човек), и со мало дете ќе те испогазат и тебе и детето. Еднаш и викам на една девојка (сигурно над 20 год имаше) да внимава малку, дека дете имам пред мене, ми вика „Па што си го зела со тебе во автобус...“ Мислам... од мој аспект, навистина таксито не треба да биде некој луксуз, (туку реална потреба е), па да не може да си го дозволиме. А вака, и таксистите дремат, се жалат дека немаат работа и плус се лутат дека не смееле да возат по стара цена. Сфаќам некој да постави горен лимит за цената, ама кој може на приватник да му каже дека не смее да вози поевтино, ако му се исплати и ако самиот така сака?
Забрането им е да возат по стара цена, ако ги фатат ке ги казнат, затоа така кажуваат демек со "попуст".
абе не е да се качиш у такси сега :\ ми се случувало од автокоманда до автобуска порано да платам само 60 ден. а сега последно кога одев ми зема 150 :\ стварно сега претеераа затоа сега ке дремат таксистите. па кој ке се вози со такси при толкави цени? па подобро ке се буткам у автобус :\
Абе луѓе, тоа се е намерно направено. Па видете го подфорумот Диети и Фитнес, преполн е со диети и совети како да се ослабе. Епа државата мисли на нас и затоа се се поскапува. Ние во Македонија водиме здрав живот! Ајде таксито поскапе - физичка активност. Шеќерот поскапе - здрава исхрана. Лебот поскапе - забрането примање на јаглехидрати. Струјата поскапе - за да си го мрднеме газот од пред телевизор. Само платите не ,,поскапеа,, - некои дури и се намалија. По дома сите со лукче, кромитче и солца ако се најде. Па не е здраво бре, месишта и слично. :geek: Абре кога ќе се направиме сите шлааанк, лелеле... Гледате, и на тоа ќе штедиме - помал број на алишта, помалку материјал. Се е тактика. Арно не им текнало да ја поскапат тоалетната хартија, ќе се саклетисуваме, одење во вц строго еднаш дневно! За малку ќе заборавев, со поскапувањето на такси превозот ќе ни се овозможи почесто користење на автобусите, кои летно време ја вршат функцијата на сауна - пречистување на организмот од токсини - а зимно време... Па, зимно време... телата се собираат на ладно. Бог да чува.
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=30587 НЕНОРМАЛНИ!!!! Жителите од Скопје се жалат дека плаќаат големи дестинации за 100 денари,а во Охрид за 6/7 мин со такси од каде што седам до центар, ќе треба да плаќам 100 денари! Ај досега некако давав по 60/70 а сега по 100? Не се ни исплаќа да излезиш од дома!