1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поскапе такси превозот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од love23, 18 април 2011.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    70 денари од сп планет до мостот обединети нации влае (кај бензиската макпетрол.) Дали е ова нормално?
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Не е нормално, јас не знам веќе што стана работава. Ми избега сабајле автобусот, па морав да одам со такси до работа. За релација што обично ми земаше 70, сега 110. И тоа отидов малку пешки да не ми земе премногу, а башка немаше ич гужва, па шибаше само. Јок такси, ако треба ќе каснам, ќе одам пеш, ама толку пари не фрлам бре брате.
     
    На Nightwalker му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Да де, подобро тргни си порано, фати си го бусот ако те застанува точно пред работното место супер ако не ќе си поодиш пешки, така јас од тогаш наваму се со автобуси си одам. Таксито буквално стана луксуз! А ми кажаа од центар последна 12ка на кој му одговара се враќала во 2саат сабајле за накај Ѓорче натака, а за последна 2ка се знае 12:20 мислам е на центар не сум сигурна, во Карпош е кај 12:35-12:40 не знам точно видете на нет. Само 2ка внатре е логор ххаха ама шо за искачање балетанки или било што рамно у ташна штиклите ги соблакаш и готово, а можеш и така да си влезеш во бус, како е кркљанац внатре никој нема да примети ви кажувам ;)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Јас одам со два автобуси. И ако закасни првиот две минутки, вториот ќе ми избега. Не е само до моето одење порано :) А со ЈСП никогаш не се знае дали ќе додјд или нема, секој ден сум во исчекување :lol:
    Ама тоа е, пешки до работа ми е некој пол саат, па затоа ми е многу да ме чекаат, ама ете, ќе ме чекаат, нема што друго.
     
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Еве сега најтазе случај, за да не збогатам некој таксист за едно скапано возење од 10 минути, си фатив патот дома, од ГТЦ до Влае пешки, петокот вечерта... Тргнав во 00 и 40 некаде, дома бев во 2... Ем си истерав дневна препорачана доза на движење, ем се освежив. :lol:
    Ама не им плаќам нив, тоа НЕ!
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    такисто е поскапено затоа што поскапе бензинот и и плинот е поскапен одамна а цените останаа исти плус тоа поскапеа и прехранбените продукти нормално дека ќе поскапе и таксито а колку што знам поскапеа и лиценците и ги убија луѓето а на овие дивите никој ништо не им може. Стварно е срамота што не може да се постави ред во нашава држава.
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Таксито е поскапено заради новите коли што се донесени, демек униформност се исти коли ќе треба да се како на запад. Заради тоа, со тоа во пакет идат и нови таксиметри.Има таксисти кои пробуваат да крадат ми кажуваше еден што е таксист роднина, некои ги праеле таксиметрите и уште побрзо да куцаат однего тоа што треба само за да го фатиш треба шо се вика полицаец да се качи да се вози со него бог да чува а тоа никој не го праи..
     
  8. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Веќе кога си одел накај дома тоа време, си можел да одиш со 5ка или 2 ка имаат тој период нокна линија.
     
  9. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.204
    Завчера кога ме врати таксито ми побара 20 денари појќе и го прашувам дали поскапеле цените. И ми вика: "Не, постепено ги зголемуваме... а иначе треба да ти земам 40 повеќе од што сум плаќала"... АБЕ АЛООООООООООООООООООООООО!!!!!! Па градов не е ни толку голем, се бунев кога требаше да платам 70/80 денари(иако се трпеше некако) - а сега? 110??? ма нема смисла... кола полагање здравје боже.
     
  10. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Поскапе таксито што поскапе ама се наоѓа и по некој фер таксист. Јас имав само 150 денари и човекот кога примети дека ептен ми се брза а немам пари за до таму ми го стопираше таксиметарот неколку пати и на крај стигна до 160 и ми вика извини стварно ама неможам да те возам повеќе. Се истуфка ми се испоизвини човекот абе што да ви кажам, а и ми кажа дека јас за него вака да сум се брзала ќе ме земел за жена одма :$
    Иначе порано мерак ми беше да си влезам во такси и да си отидам негде пошто стварно беа ок цените ама сега за нигде се...
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.248
    Пол:
    Женски
    • ПО ПОКАЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ

      Такси-возилата празни

      "Останавме без работа. Баравме поскап превоз, и го добивме. Но, сега нема кого да возиме. Бидејќи многу диви таксисти си возат по стари цени, патниците се возат со нив или, пак, со автобус, а ние седиме празни на постојките", коментираат таксисти од неколку компании

      Новите повисоки цени за такси-превоз ги оставија возачите без патници. Причина плус за намалување на работата се и дивите шофери, кои ги узурпираат такси-станиците во центарот на градот. Ова се реакциите на таксисти од неколку легални компании, кои се жалат на селективна примена на одлуката на Градот за поскапување на превозот и за унифицирање на возилата.
      Тие тврдат дека дел од нив возат според новиот ценовник, но многумина продолжуваат да наплаќаат по стари цени, дури и со попуст.
      "Останавме без работа. Баравме поскап превоз, и го добивме.Но, сега нема кого да возиме. Бидејќи многу компании возат по стари цени, патниците се возат со нив или, пак, со автобус. Ако ги нема дивите таксисти и ако сите го почитуваат и применуваат новиот ценовник, ќе има работа и, конечно, ќе се среди проблемот со такси-превозот. Но, ваквата ситуација само ни направи проблем", коментираат таксистите.
      Од Град Скопје велат дека нивни инспектори постојано се на терен и дека досега казниле и неколкумина поради небаждарени таксиметри.
      "Ја контролираме ситуацијата и за сите оние што нема да ја почитуваат новата одлука, следуваат казни", тврдат од Градот.
      Според новата такси-одлука, стартот се наплаќа 20 денари, а за секој изминат километар се плаќа по 25 денари. Освен поскапување на превозот, предвидена е и унификација на такси-возилата.
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски

    Од Мекдоналс во центар,до универзална(притоа фатен само 1 семафор од 40 секунди и редок сообракај),ништо помалку,туку 80 денари ;)
    Ама затоа па сега можеме слободно да си бираме автомобил и такси компанија :D Имаме избор неограничен,или недај боже како што беше до пред месец дена,во врнежливи денови да не најдеш такси слободно,сега нема стравување од таа мака :D
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Јас само сакам да се цитирам.
    http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=12220
    Немам намера да коментирам :x
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Па нормално дека ќе поскапат, да не мислите државата дека ќе ги одржава новите автобуси?!Сега на приватните им е ред.
     
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Можеби сум малку оф-топик, ама да си прашам нешто. Знае некој колку чини такси од центар (рекорд негде) до Бутел?
    Инаку таксиво и порано си беше скапо, ок не дотолку ама сега претерано го поскапеа, некогаш кога чекам автобус по пола саат-саат ми доаѓа идеја, си викам еј што сум будала ај да си се качам во такси ама кога ќе ми текне дека е поскапено, ќе си замолчам и ќе си чекам автобус. Тоа е.
     
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.614
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Зависи до кој дел од Бутел и во кој период од денот, ама планирај си дека под 150 непроаѓаш.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    И повеќе е. Мене до Топанско ми зема 130 во најдобар случај, до Бутел сигурно фаќа 180.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  18. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Колку зимаат таксистите од железничка до драчево?
     
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Колку земаат сега ако одиш од Скопје до скопскиот меѓународен аеродром кај Петровец?
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    800 денари.