И месото место во замрзнувач да ни седи и да троши струја фрижидерот, ќе го чуваме како порано, парче врз парче со куп сол измеѓу. За другата храна јбг, конзерви ќе јадеме само.
Каков фрижидер, троши многу. Во буре месото, гледаш како знаеш... а на зима на тераса надвор, еколошки е, ги користиш придобивките од природата.
Исто и другарка ми. Значи две соби, се грејат на дрва, летно време плинско и сметка 4.500 месечно. А, само користат сијалици, бољер, фрижидер и такви работи шо реално не арчат многу. Ние не плаќаме многу. Ама, ова со покачувањето ич не им требаше. Народот пари за леб немаше до сега, не пак со струја до плафон. Развиени населби се дешава во неделата 2-3 пати да немаат струја. Како што е тргнало ќе живееме како во времето пред Тесла.
Се чудат како да полнат буџетот, опни по џебот на народот и завршена работа. Плус, многу останаа без работа, едвај крај со крај сврзуваат и ова ќе им дојде како камен на срце. За интернет телефон и тв плакам 1500 денари и нашле да ми ја споредуваат едната со другата сметка? Ма ајде. Следен пат тешко да платам, нека ме дадат на извршител, дупло ќе платам, барем ќе знам за што.
А, имаат и такви што не ни плаќаат па не ги исклучуваат. Ама, гласови, нели. Ми се гади и од држава и од се. Знаат дека струја секој користи па удри таму дека ќе има сигурен профит и тоа 7,5% покачување. Не се добри.
^ И тоа се правдаа дека првично требало 25% да биде покачувањето, ама ајде да не било многу, симнале 7% да биде, демек жал им било. Не знам кој кого дупи овде.
Леле фала му на Бога што имаме вакви совесни и добродушни што донесуваат вакви одлуки. За пример се стварно. Абе не знам дали озбилно мислеле дека со одлуката ќе се оправдаат и народот ќе им поверува
Бејб, знам колку сме потрошиле, не е можно толкава сума за плаќање, кога нит се греам на струја, нит готвам на струја, некој пат ако печам нешто ама и тоа многу ретко. Последната таква астрономска сума беше 2 300 денари близу 7000. Сега секој пат морам да пијам шеќер и вода кога отварам сметката. Ќе видиме овој месец како ќе е. Па ќе викнеме ако има потреба.
Супер, добро што им текна да покачат и така ни остануваа некои пари на страна сега ќе има кај да ги дадеме. Требало и 25% оти ни скратиле на 7...
Албанците најавуваат поголеми протести во петок - нели веќе протестираа. Како на нив им текнува веднаш да протестираат кога се засегнати, наместо само да кукаат по интернет? И каде е ССМ, Народен правобранител, невладини организации еден куп, да се јават и да кажат некоја буква барем за поскапувањето?
Мое мислење е дека засега никој не ги сфаќа сериозно нивниве протести за поскапувањето на струјата. Се додека се веат знамиња на туѓи држави, неплаќањето било практика и ред други работи, а не со транспаренти, пароли, и вистински пораки, џабе е се.
Никаде не споменав дека е практика да не се плаќа струја само реков дека секој човек според устав и конвенцијата на европската унија има право на електрична енергија.
ЕВН? Зошто тогаш не им ги намалат платите... сите минималка 14500, со факултет 14501, директор 14502...