1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поскапува парното за 7-8%!!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од nena2010, 27 октомври 2011.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Jaс искрено не сум зачудена! Така тргна работава во Мкд се се покачува,а платите исти :rock:
    Ко преживи-причаче!
    Јас навистина не знам зошто го плаќате тоа парно на Топлификација.Во станот кај што сум,го откажа парното газдарицата,и чудно ама не се осети разлика.Воопшто не бевме стоплени со него,радијаторите не беа ни млаки,насабајле ладно- да не можеш да се спремиш на раат,а навечер во 21 часот го гасеа :fubar:
    Сега е исклучено и пак има некоја топлина од цевките што минуваат за другите станови и да ви кажам право не ми е криво што не е вклучено.Зедовме и панел и со него некогаш и клима-петка е работава ^_^
    Сум седела во Железара.Е нивното парно е мераци.Кој пробал знае за што ви зборувам.
    Кај е поевтино,не го гаснеа 24 часа,јас спиев по летни пижами зимоска.Како што сум зимурлива ми беше фантазија :inlove:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    ^ искрено и јас сум со памет да купам панели а да го откажам парново. Прескапо е. Сега плакјам 4600 денари месецно а ладни се радијаторите. Па не се исплати .
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    :devil: :devil: :devil: AJ што ќе поскапи, ама тоа не ни грее пустото :@ :@
    луѓе млако е, а не жешко
    и тоа тие си греат кога ќе им текне бре :envy:
    Cтоки никакви, ич не сум задоволна од нивната услуга
    ама мораш да си ќутиш и трпиш :devil:
     
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Нека им е. И ние набргу ќе се откажеме дома од парно, и ќе се грееме со конвектор. Иста топлина, пушташ кога сакаш, ем економично.

    Кај мене проблемот со парното е што или воопшто не го пуштаат денски и се мрзнам по дома, а приквечер станот ми е сауна и не можам после да заспијам без да проветрам. Си играат к*рташак со години, па парно е, не користат дијаманти за греење па да е толку скапо. Никогаш не ми се верувало дека и парното ќе стане луксуз да се има.

    Боже сачувај.
     
  6. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Е уште ова фалеше да поскапи. Не дека нешто ми значи затоа што не се грееме на парно,ама стварно нема смисла за луѓето што го користат. Сите се жалат дека не затоплува ко што треба,им стигнуваат енормни сметки,ем го плаќаат преку цела година и кога не им е пуштено, па уште одозгора и поскапело. А тоа па што го исклучуваат накај 9-10 навечер...таман кога ќе си легнеш да можеш комотно да се заледиш. е браво бе!

    Порано ќе отидеш на гости кај некои со парно :D и нормално си се наоблекол со маици,џемпери,јакни, капути, двапара чорапи зашо надвор е минус температура и влагаш внатре кај нив не се дише,а они си седат раскомотени по обична маичка и шорцеви :D

    И парното веќе не е тоа што беше некогаш :D
     
  7. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Нели рекоа за 3% така заслушав вчера :| , е убаво ако удрат 7% кај ќе ни биде крајот. |(
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Како се исплати некој да се грее на парно? 4600 денари, па ние толку струја не плаќаме, а на конвектор се грееме. Башка и преку лето да го плаќаш. Кај им е паметот не знам. Затоа си баравме стан без парно.
    И гледам сите веќе го откажуваат, топлификација вака да продолжи нема да има корисници веќе.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    9.6 % ќе биде поскапувањето, па добро дали се нормални ?
     
  10. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Лудаци. Ја не знам на кого му се исплати да се грее уште на парно. И пази, во зграда ако од 10 стана, да рецеме 5 се откаазани, испорачаната енергија која би ја плакјале они се распоредува на другите станари. Морони!!!
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    И да го откажеш, ако вертикалата поминува низ стан, се плаќа паушал, демек цевката те греела.
    Масовно се откажува, за тие пари што ги плаќаме не добиваме соодветно затоплување. А најавија дека и од јануар пак ќе има поскапување, овие 9.6 % не се конечни.
     
  12. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Баш поради ваквите глупости баравме годинава стан без парно.
    Лани изгор беше, а башка студенти сме, 2000 денари за парно а измрзнавме, со кебиња по стан и у вц одев, срамота.
    Ама нели ум за друг пат, така да, сега си седам во станче без парно, си имаме греалки, и идеално, нонстоп топло, кога не сме таму исклучено се денови, по економично каде каде, и секако ( како на рекламата ) цела зима по куси ракаи :D
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Не се плаќа ако живееш во станот каде го откажуваш а ако не живееш тогаш плаќаш. Можеш да видиш овде
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Јас не сфаќам која е логичката издржаност на ова поскапување.Мајке ми! И тоа на праг на зима!
    Чекајте,чекајте...од јануари поскапува струјата и тоа дебело,затоа они не спремаат и не заебаваат со денот на дрвото.Чумки ни ја предвидоа иднината и индиректно ни дадоа насока на движење на нештата.
    Ма не доаѓа у обзир бре ни парно на дрва,пак пумпата ти е на струја,ма дај не се занесувај,шо ти е.Ќе си постелеме рогозинка доле,5 члена фамилија,до душа по старост,најстарите на кревет,помладите на полски,а најмалите и доле можат,ќумбенцето до нас,од време на време,машките членови на фамилијата ќе стануваат да турат некое дрвце!
     
  15. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Да ама во новите згради вертикалите се во влезовите, а во старите вертикалата поминува низ станот, јас дома на две места имам вертикали, они тие вертикали не може да ги исклучат затоа што над мене има станови што се греат, па рачунаат дека дома ми поминуваат топли цевки и дека губат енергија во мојот стан и тоа си го наплаќаат. Нема начин целосно да ме отсечат од нивниот греен систем, па и да сакам да го откажам ќе треба да плаќам некој паушал за топлината што поминува низ мојот стан.
     
  16. mops

    mops Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    119
    значи лугево не се тачни да поскапеше ама барем да бевме стоплени ми се чини дека надвор е потопло од дома... мајка ми што би рекла те тепаат не ти даваат да плачеш само се прашувам малце да не им е 9% поскапување :fubar:
     
  17. Jewel

    Jewel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    144
    Ова е стварно невидено и нечуено! Па цената на парното ако не секој, секој втор месец се зголемува, до каде ли ќе стигнеме? Ионака во моментов една сметка од топлификација е колку пола просечна плата во Македонија (кога ќе ги додадеме и сметките што се плаќаат вон грејна сезона). Срамота!
    Што е најтрагично, како што пишала Нена, ако некој го откаже таа сума се распределува на останатите станови, што значи топлификација си зацртала дека месецов треба да земе толку пари, а не е важно дали од 15 или 3 стана. Логиката, кој колку си потрошил одамна ја нема. А да не спомнувам дека секоја година на почетокот на октомври се смрзнуваме зашто колку и да е ладно нема шанси да го пуштат, па нели сезоната е од 15ти, ама затоа во текот на грејна сезона не се пропушта да се исклучи во ист момент кога ќе ѕирне сончево зракче.
    Ајде баш да видиме за колку месеца сумата на сметките што треба да се подмират секој месец ќе се изедначи со една просечна плата, не ми изгледа дека ќе биде далеку.
     
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    секоја година по 7-8 % ја поскапуваат,за овие 10 години едно 100 посто ни е поскапено сигурно :@
    Неможам да се пожалам, мене дома секогаш ми е и топлно, но затоа и сметката е жешка, но ова сега е out of limits!
    Месечно парно по минимум 3000, ај тоа па и плаќаме сите 12 месеци, како демек на рати да не плаќаш само 5-6 месеци! :!: На рати my ass :swear: А тек па од сега ќе биде смешно кога ќе ни стигне сметката!
    И нека ми објаснат, како некој со просечна плата од по 200-300 евра може да се плати парно од прилка четвртина од платата, кое секоја година ПОСКАПУВА! А не им текна да ги покачат и платите, не бе зашто нема потреба уживајте! :^) Уште малку еден ден да ни кажат, ако немате леб јадете колачи! |(
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    :o :o :o

    Уште ова ми требаше, не знам како ќе ме биде, ама ич не знам. :x
    На маката на народот си печалат.

    Ние студентарија, не апашат на велико. :x
     
  20. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Дома не се греам на парно, така да не знам.
    Ама во школо кај лани губевме часови ради тоа што немаше парно, ете со таа цена, којзнае како ќе биде годинава.