1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Поскапува парното за 7-8%!!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од nena2010, 27 октомври 2011.

  1. wish

    wish Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    233
    ...е баш сме им благодарни...
    кој среќлии сме си ние..де има ги,де нема ги и оп нова цена
    пронцентче по процентче добро дивидентче..
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ај што поскапува секоја година, ама барем да грееше.
    Лани од што смрзнувавме дома го пуштавме климатизерот да дува топло. Ги викнавме, демек цевките да се исчистеле. Врска нема. Пола парно топло, пола ладно.
    Уште кога дознавме дека пола вертикала се откажала, па сите потрошени калории си одат и на нашата сметка, крај беше!
    И затоа мајка ми се реши да го исклучи. Дојдоа чичковците фино лепо го прекинаа, а ние си монтиравме од тие француските печки. Си правиш пали-гаси кога сакаш, а и преку лето нема да плаќаш.

    Нездрави луѓе.
    Нека продужат да поскапуваат, и прашање на време е кога пола народ ќе го откаже, а на добар пат е.
     
  3. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Хаха, 3000, дај Боже толку да плаќавме ние.....Пошто нели секој плаќа спрема квадратурата на станот, нашиот е четворособен, не сакате да знаете колку многу плаќаме...... :swear: Да, топло ни е, немам поплаки за тоа, но што е многу, многу е. Баш пред месец дена го прашав татко ми колку е сметката за парно, ми кажа дека плаќаме околу 6000 денари. Па сега уште поскапувањево, па после уште едно......Ќе му дојде само за парно да работиме сите тројца!!!!! :@
    Најтрагично е тоа што се плаќа паушално спрема квадратурата, а не спрема потрошувачката. На пример, многу „паметни“ луѓе кај мене во влезот, кои патем кажано имаат за 30 квадрати помал стан од нашиот, а со тоа и бајаги помала сметка, со реновирање си имаат направено повеќе соби (на пример од дневната изведуваат две детски соби и не знам уште какви глупости). На постојните парна си додаваат ребра, и тоа по ехехее....уште по десетина на секое. А плаќаат помалку од нас. Гарант неговата потрошувачка е 3 пати поголема од нашата, а ние плаќаме дебело повеќе од него! Требаше наводно уште од пред 2 години да стават некакви си мерачи каде што ќе се гледа потрошувачката на топлинска енергија во секој стан, баш заради тоа самоволно ставање на дополнителни ребра на радијаторот. Ама ништо и од тоа...... :devil:
    Ни нема спас со овие од топлификација, дефинитивно. :swear: Косата ми се исправа кога ќе стигне сметката за парно. :o
     
  4. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    143
    Да прашам: Топлификација во чија сопственост е ако знае некој нека ми одговори? Затоа што ваквото поскапување не е во склад со криза во нивната фирма, немаат дефицит на средства,добиваат пари цела година од граѓаните иако 6 месеци не работат. Единствено ако немаат за цел да ги избркаат сите граѓани па да останат без корисници и на крај да ја раскрчмат фирмата па да бенифитираат 5-6 луѓе од тоа, друга логика не гледам.
     
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Не се нормални бе.
    За кај нас, стварно е топло. Сауна. Дури отварам пенџери да се лади понекогаш.
    Ни доаѓа околу 2600 денари, а памтам пред скоро две години ни идеше околу 1600.
    Уште ако го поскапат, ќе ми биде страв да ја отворам сметката.
    Едно време вака правев додека ја отварав :tmi: , буквално.
    Срамота!
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.619
    Допаѓања:
    121.722
    Пол:
    Женски
    Јас драги мои си се откажав од Топлификација. Си купив Термор конвектори и раат сум си. Еве ја пресметката

    Сметка за парно со поскапување = 5.100 месечно * 12 = 61.200 денари. ( а не сум стоплена)

    3 конвектори со цела опрема 20000 = 4 сметки парно (да пукнеш од топло)

    3 месеци греење еве и да плаќам струја 10.000 во најлош случај, за топлење ќе ми одат 30.000 годишно.

    Кога ќе видиш која ти е поисплатлива работа?? Топлификација, ајт чао. За да зимаат плати тие таму јас да им плаќам басносновни сметки?? Не доаѓа во обзир. Плус и оние кои се откажани во влезот се распоредува нивното по другите станари. Кражба!!!!
     
    На ana-banana и starfish им се допаѓа ова.
  7. meri11

    meri11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    А знаете ли дека во мојата зграда има станари што се исклучени, и самите се диво пруклучени, не знам како, но можело и тоа. Е сега прашањето ми е дали топлификација врши контрола воопшто на ваквите диво приклучени, зашто овие гајле си немаат и си се греат без пари. Апсурдно, но вистинито.
     
  8. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Де па вие што се жалите, парно поскапо струја поскапа...ќе дојде пролет,пак ќе ја пуштат фонтаната на воинот, сите ќе бидеме среќни, издржете ја зимава...
     
    На Rubiii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски

    Ххахаха да де,ке издржиме,е сеа дали 1000 евричи ке ни одат годишно на парно,според пресметкава од нена,не е битно,треба да се одржаваат фонтаниве,да долетаат коњи и штркови и така се по ред и список,треба ли на министриве децата цел свет да го прошетаат :D А ние ке седиме во полутопло домче и ке плакаме струја за да им ги гледаме сликите на фб :D
     
    На Ickovska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Ке биде интересно , еве Сител објавија војна со топлификација . И судски процес ке има за скоро.
    Веке крајно време беше некој да реагира, растур направија, колку пари само испраа. :fubar:
    Па и со регулаторната комисја делеле..Едно две поскапувања. :x
    Па ке се призејмат и они малце , се надевам :^)
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Сител должи на топлификација 30 000 евра, мислеле дека ќе им се прости долгот ама Топлификација си ги бара парите, затоа Сител војува со Топлификација. Ништо не е случајно :!: :)
     
  12. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.200
    Пол:
    Женски
    Ние го откажавме уште пред 4 години. Според квадратурата и со поскапувањето тогаш, ни стигна сметка од 4600ден и моите полудеа скроз! Одма го откажавме и си купивме 3 грејни тела, оние радијаторца на струја со 10 ребра, и тоа не се скапи, 2500-3000 е едно, и се по 1.5kw така да не трошат многу струја, а греат одлично.
    Палиш кога си дома, си подесуваш јачина онолку колку ти е ладно, до колку си буден навечер си се грееш, кога не си дома исклучуваш....боље нема! Плус среќа што и од вертикалата колку-толку се грее станот, посебно купатилото, така да во него никогаш немало потреба да грееме пред бањање.

    Сметката за струја во најладната зима (декември-јануари) не ни била повеќе од 5000ден. Сума сумарум, мноооогу поевтино!
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.619
    Допаѓања:
    121.722
    Пол:
    Женски
    Еве само да ви кажам што ми се случи пред некоја вечер. Одам кај комшивката која не го има откажано парното и ги гледам натунтани со џемпери, уклучила клима да ги грее а само 9 и пол беше навечер. Им викам нема парно?? Вика нема. А јас дома со конвертори се шетам по тренечиња релакс, и топло ми е, потопло од кога имав парно. И ги викнав да се згреат кај мене :)))

    А типот што ми го исклучуваше дома парното ми кажуваше дека на ќерка му и купил два стана да си се обезбеди она пред мажење. Ејј два стана, мајстор со основно ( не потценувам само наведувам факти), а луѓе со факуклтети не можат да им обезбедат ни една гарсониера на децата. И кога ме праша зашто го откажувам, јас мртва ладна го прашав, да не и треба уште еден стан да и купу на ќерка му?? Е неќе моќи ове ноќи.
     
  14. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Се согласувам дека ништо не е случајно, ама и не верувам дека е ради долгот од 30 000
    евра, зашто Сител толку прави во еден ден од Реклами. :!:
    Се знае кој ја држи Сител , тука е замешана власта сакаат и они војна , си имаат вајда они нивни причини и интереси да не навлегувам многу.
    Али како и да е мило ми е.
    Крајно време беше.
    Конечно некој добар потег.
    Се надевам дека ке има некој аир и за народот, а не само политички интереси да се исполнат! :^)
     
  15. relax08

    relax08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Ало , Топлификација ? - Да повелете... - Што е ова, имам ХУУУУ дома ! :rofl: :rofl: :rofl:
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Парното теоретски би можело да биде бесплатно(т.е. би се плаќало само одржување на системот и работниците) доколку водата не би ја грееле со мазут и нафта, туку со ветринска и соларна енергија.
    Тури 1-2 ветрински турбини(Една турбина чини околу 2 милиони евра.) на Скопска Црна гора или Водно, пушти жици до Топлификација и ете струја за греење на водата. Може да се остави мазутот како алтернатива кога нема доволно ветер.
     
  17. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    "Скопје, 26 декември 2011 (МИА) - Струјата од 1 јануари поскапува за 7,82 отсто, а парното 10,73 и 10,87 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика"

    Срекна Нова :headbang:
     
  18. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Женски
    преку цела година идат сметки за топлификација?
     
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Да
     
  20. sweet dreams **

    sweet dreams ** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2023
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Женски
    пониски ќе бидат од пролет или фиксна е? :envy: