Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    What's Your Number? (2011)
    [​IMG]
    106 min - Comedy | Romance
    Барав некое релаксирачко филмче за пред спиење. Онака за пуштање на мозокот на пасење, не е многу лош. Се насмеав дури неколку пати, онака половично.. Само некои работи се ептен претерани. Главната актерка ми беше страшно антипатична. Одвратна, бљак! :puke: Ако не се лажам првпат гледам филм со неа.. Chris Evans е причината поради која го догледав, да не беше тој ќе го исклучев уште одма.. :D
    И кој будала не сака доги стајл бе, алоо?! :$ :D
    Слабо, 3/10.
     
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Angel Eyes

    [​IMG]

    Го даваа денес на tv1000 и беше пуштен кај што бев на гости. Филмов од стар прастар и 100 пати го давале на телевизија ама никогаш не ме привлекол да го гледам. Сега кога бев приморана да фрлам поглед сфатив и зашто. Спора драма без никаква поента, 100 минути за џабе буквално, ни некаква поука може да се извлече, нити ќе сфатиш што сакале да кажат, тешки глупости според мене. Мислам сакам драми, ама ова е ту мач споро за мене. Плус Лопез ми е далеку од омилена, па уште и глумица...

    http://www.imdb.com/title/tt0225071/

    The Holiday

    [​IMG]

    Е ова е веќе нешто што ми се свиѓа, стварно убав интересен филм што не го загрева многу мозочето, туку баш ти прави онака убаво да се чувствуваш.

    http://www.imdb.com/title/tt0457939/

    Frozen

    [​IMG]

    И за овој филм слична приказна како за првиот. Се најдов во друштво кај што беше пуштен и тоа само последните 10-15 минути, со таа разлика што овој го имам гледано повеќе пати и ми се свиѓа. :)
    Го пишувам овде само како препорака за оние кои го немаат гледано, особено е добар да се гледа во младо друштво. ;) :)

    http://www.imdb.com/title/tt1323045/
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Date Night
    Веќе еднаш пишав дека го гледав филмов.
    Штом и по втор пат ми го задржа вниманието до крај и повторно се смеев на истите сцени, значи има нешто :D
    Морам да ги пофалам не само главните, туку и споредните улоги.
    [​IMG]
    Good point there man ;)
    The Out of Towners
    Го гледам по не знам кој пат и единствено ми беше жал што не го фатив од почеток. Стив Мартин и Голди Хон се феноменални, особено на фаците Голди што ги прави не може човек рамнодушен да остане.
    [​IMG] Види ги бе! :D :D :D
     
    На IvanaIvanchica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Предобар филм исполнет со мн емоции,на моменти да те насмее, растажи...
    Го препорачувам! :)
     
    На Kasha му/ѝ се допаѓа ова.
  5. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    It's Kind of a Funny Story (2010)
    Comedy | Drama | Romance

    Интересно филмче за тоа под колкав стрес е денешната младина пред се. А кога видов дека Алан од Hangeover е во филмот знаев дека од него ќе се смеам :D
    Препорачувам.
     

    Прикачени фајлови:

    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Буахахаха, ајмо да ја силувам темава!
    :)

    Пуно филмчиња на список. ^_^

    J.Edgar
    Многу интересен филм.
    Леонардо ди Каприо е сјаен, фантастичен глумец. Дејствието е малку бавно, но го препорачувам.
    Мал извадок од животот на Џеј Едгар Хувер, првиот директор на ФБИ.
    Опфатени се интересни детали и есенцијално значајни моменти од неговиот живот и функционирањето на агенцијата.

    Тhe Artist
    Овогодинешниот добитник на оскар, црно-бел нем филм, кој ќе ве натера да буљате без престан во екранот.
    Многу фино доловени емоции и прекрасен избор на актери.
    Дури и безгласна, сепак се чувствува хемијата.
    Приказната е допадлива и интересна.
    Не сум уште 100% сигурна дека беше најдобар филм и заслужен за оскарот, но сепак - интересно.

    Like crazy
    Љубов на далечина и топло го препорачувам за гледање.
    Баш вистински доловена слика за тоа како функционира љубовта.
    Посебно ми се допадна крајот, остава простор за размислување и полемизирање, мошне двовалентен.
    Супер филм.

    The vow
    И тука има пристојна хемија помеѓу главните актери, Рејчел Мекадамс и Ч.Татум.
    Работен според вистинска случка, Пејџ ќе доживее сообраќајна несреќа и ќе ги заборави последните неколку години од својот живот, меѓу кои и својот сопруг.
    Дали тој ќе успее да ја оживее љубовта и да ја натера да се сети?
    Пуштив и некое солзиче, добар филм, во класата на романтични лимонади, но некое скалило погоре.

    Tintin
    Убаво, шарено, пристојно цртанче.
    Малку додуша збунувачки во приказната и многу брзо дејство, постојано нешто се случува, можеби малечките ќе се збунат, но сепак фино.

    Cat in Paris
    Кратко и слатко.
    Мачка која води двоен живот во Париз.
    Многу интересно се нацртани ликовите.
    Една несекојдневна, нетипична топла приказна.

    Tinker, tailor, soldier, spy
    Бавно дејствие, но не трепнав, зашто сум голем љубител на филмови со главен акцент на шпионажа.
    Сјаен кастинг и возбудлива приказна, иако крајот беше малку блед и тап, наспрема остатокот.
    Во секој слулај, Гери Олдман и британскиот Бенедикт Камбербач (Шерлок Холмс) го направија целиот филм прекрасен, за мене.
    :)
     
    На peperutka20 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    "The woman in black"
    [​IMG]

    Ништо посебно, не ми беше страшен воопшто...
    5/10
     
  8. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    The Ugly Truth

    [​IMG]

    Уф интересен филм, го имам гледано и порано, али незнам зошто првиот пат не ми се свиѓал толку. :)
     
    На glow и DigY им се допаѓа ова.
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Carnage
    [​IMG]
    80 минутен филм кој опфаќа дејствие што се случува едно попладне во стан во Бруклин.
    Нема настани, нема заплет, кулминација, расплет и играат само четворица актери.
    Сепак е интересен, иако на моменти главата ме доболе од целата нивна дискусија, разврзувањето на полемики, целото преоѓање од една во сосема друга тема...
    Се работи за два пара родители чии деца влегле во тепачка и притоа се повредиле. Нивната кратка средба преминува во неколку часовна при што секој од нив си го покажува вистинското лице.
     
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505

    Ц-ц-ц-ц, уште никој не го гледаше филмов :( по 3 пат ви го препорачувам а тоа го немам направено за ниту еден филм до сега :!:
     
    На glow и rossonerka им се допаѓа ова.
  11. Maca-BT

    Maca-BT Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    165
    17 Again

    Премногу ме бендиса, незнам зошто досега не сум го гледала... А и доста познати актери и секси дечки има (не зборам за Зек Ефрон ;) ). Приказната- интересна; Глумата- на ниво; Реализацијата- супер.
    [​IMG]
    + God he is so damn HOT ! :inlove: :*

    Оцена 8/10
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
  13. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    925
    Пол:
    Женски
    The Holiday, со Cameron Diaz, Kate Winslet, Jude Law итн. Интересна романтична комедија, на imdb има 6.8/10, и јас би му дала толку :)
     
  14. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    592
    Допаѓања:
    476
    Jack and Jill

    [​IMG]
    Не знам дали беше толку смешен филмот, ама јас се убив од смеење...топло препорачувам.
     
  15. connie

    connie Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    204
    500 day's of summer.

    досаден е...цел филм е досаден и на крајот е само интересното.

    оцена 3/10.
     
  16. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Wrecked (2010)
    [​IMG]
    Човек се буди заробен во автомобил in the middle of nowhere и пробува да се извлече и преживее. Адриан Броди како и секогаш е одличен, а глумата е совршена. Филм без многу акција и дијалози, на моменти монотон, но прилично неизвесен и непредвидлив.

    My rating 7/10

    IMDb review
    Zamunda torrent



    Shattered (2007)
    [​IMG]
    По препорака од calliope, го симнав филмот и скоро стигнав да го изгледам. Многу интересен, со многу престврти и одлична актерска екипа. Крај што ме воодушеви. Филм кој срдечно го препорачувам.

    My rating 10/10

    IMDb review
    Zamunda torrent
     
  17. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    The Rum Diary (2011)
    [​IMG]
    120 min - Comedy | Drama | Romance
    Очекував многу повеќе од филмов, посебно зашто Џони Деп е во главна улога..
    Скоро катастрофален е. Едвај го изгледав. Не препорачувам. :shake:
    1/10.


    Something Borrowed (2011)
    [​IMG]
    112 min - Comedy | Drama | Romance
    Предвидливо филмче за едно гледање. Иако е веќе видена приказната, не е досаден. Добро одглумено, ама не ми се допаѓа ликовите како се осмислени. И цело време е релаксиран а крајот е заплеткан многу..
    4/10
     
    На Mrs.Cuper му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    [​IMG]
    "Doomsday Prophecy" - го глеав на Cinemania.
    Преќрасен е филмов се зборува за крајот на светот. Главна улога е Ерик.Тој е без родители никогаш не ги запознал.Се што треба да направи е да ги пронајде статуите "Moai - кои се наогаат на Easter Island-Велигденски остров." помош има од еден стап кој ја прикажува иднината.Тој стап му е наследво од еден стар човек(татко му). :)
     
  19. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    "Shattered"
    [​IMG]

    Одличен! Не знам како не сум го гледала порано :^)
    Филмов ме воодушеви.
    10/10
     
  20. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    [​IMG]

    Очекував да е поинтересен, ама сепак океј беше :)

    Eма Твист и Вил Донер биле најдобри пријатели во детството. Но, кога Вил има 10 години родителите му загинуваат во сообраќајна несреќа, заради што со постариот негов брат Џим се преселуваат кај чичко им.
    ...........................................................................................................
    Вил работи како пантомимичар, Ема е холивудска актерка.
    Иако Ема не знае, Вил ја следи долго време низ Америка. Се преселува таму каде што се сели и таа.
    За разлика од Вил, Џим води нормален живот и мисли дека романтичните идеи на Вил се резултат на емоционално пореметување.
    ...........................................................................................................
    Кога Вил ќе излезе од затвор и праќа на Ема љубовно писмо и овој пат си ги заменуваат улогите, Ема го следи Вил во Сан Франциско......