Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    upload_2017-2-22_19-32-23.jpeg
    The Age of Adaline
    2015 ‧ Fantasy/Drama film ‧ 1h 53m

    Prikaska za Adaline i kako taa stana postedena od starenje, e interesna, no ljubovnata storija bese premnogu dosadna i krajot blentav sto me uspa.
    6.5/10
     
    Последна измена: 23 февруари 2017
    На MilaP, joy1, Acka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Kade mozam da gi poglednam poslednite dva filma?
    Blagodaram
     
  3. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Prviot go gledav na Online filmovi sa prevodom.com, toa prvo mi izleze koga go ukucav na google, ama potoa vidov deka go ima na youtube, isto i vtoriot, na youtoube go gledav.
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Zenski Svet

    Zenski Svet Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.199
    Филмови обожавам.....
    Во една недела терам и по 4-5 филма....
    Меѓу последните ми беше Pretty Woman, La La Land , Hidden Figures
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Fifty shades darker
    Убичете романтика, и доста је.озовен филм. Мене ми се допадна.
     
    На iloveyou29, buba4e89, mila1111 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.155
    Jackie (2016)
    [​IMG]


    Филм за првата дама на САД за време на владеењето на Џон Кенеди. Емоциите на Џеки на денот на неговата смрт, организирањето на погребот, стравови кои ги преживува после неговата смрт.
    Сето тоа раскажано лично од неа на новинар кој ја интервјуирал една недела откако останала вдовица.

    Натали Портман одлично се носи во улогата на г-ѓа Кенеди. Дамски и отмено.

    7/10

    Fathers & Daughters (2015)
    [​IMG]

    После смртта на неговата жена Џејк останува сам да се грижи за нивната ќерка Кети. Прави се за таа да не го почувствува нејзиното отсуство. Минува низ многу пречки, како тешката ментална болест последица од сообраќајката и борба за старателство врз сопствената ќерка.
    Паралела од сегашноста и минатото.
    Случувањата од минатото и влијаат на Кети и во иднината.
    Ми се допадна!

    10/10
     
    На Ketchup, MilaP, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    После ова мислење и јас го изгледав филмот, и иако МРАЗАМ математика, филмот мене лично ми се допадна, беше неизвесен до сам крај, интересно филмче и вреди да се погледне :D
    Инаку Шпански филм, не е потенцирано , така да Шпанците имаат доста квалитетни филмчиња :)
     
    На Lady Phoenix, kate89, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Кијану Ривс и нинџи. :D

    Man of Tai Chi (2013)

    [​IMG]

    Режисерско деби на Кијану, кој успат да ми ти бил и кунг-фу фанатик. Филм сниман во Кина и Хонг Конг, со исклучиво локални актери (со исклучок на Кијану, де :D)за подземен боречки клуб организиран од Кијану (кој во филмов е негативец) и младо момче, ученик на вештината таи чи, која, ако не сте знаеле, не е боречка вештина, туку се користи исклучиво за физичка активност, смирување и медитација.

    Арно ама, дечково сака да докаже дека таи чи-то може да се користи и како боречка вештина – и доста успешно го прави тоа.

    Што да кажам за приказната? – класична кунг-фу приказна, карактеристична за филмовите од ’80-ите, од типот „братот на кој му ја скршија кичмата“ – ништо премногу оригинално и невидено, но со видно подобрување на акционите сцени во однос на ’80-ите и генерално, подобра кинематографија. Имаше и неколку cringy моменти карактеристични за кунг-фу филмовите, али не ни очекував нешто помалце. :D

    Она што е интересно за филмов е тоа што иако трае речиси 2 саати и иако е акционен филм, не е досаден. Кијану како режисер завршил добра работа – се надевам дека ќе го видиме и во некој поинаков и посериозен жанр.

    Оцена: 7


    47 ronin (2013)

    [​IMG]

    2013-та за Кијану очигледно е година на нинџата. :D

    Филмот ја следи легендата за 47-те ронини, која е базирана на вистинска приказна, според случка во феудална Јапонија.

    Генерално, филмов нема добра оцена на IMDB поради историските пуританци, кои се навредени од фактот што режисерот се решил да вметне фантастични и други елементи во оваа инаку историска приказна.

    Па што?

    Во однос на фантастичните елементи, за филмов би можел да направам паралела со 300 – разликите во она што го гледаме во филмот на Зак Снајдер и она што навистина се случувало на Термопилите. Чудовиштата, магијата и фикционизирањето на историјата не го направија 300 да биде лош филм – напротив, беше сосема солиден.

    Е па, истото важи и за 47-те ронини.Дали се она што ќе го видиме во филмот навистина се случило? Не. Дали тоа прави филмов да биде лош? Апсолутно не.

    Луѓето треба да сфатат дека филм не е исто што и документарец и дека целта на филмот не е секогаш да ги прикаже историските настани буквално онака како што навистина се случиле.

    Приказната за 47-те ронини е една од најпознатите во Јапонија – за група самураи чиј господар е неправедно убиен и за нивната одмазда за неговата смрт и храброста и хероизмот со кои го направиле тоа. И секако, за најбитната работа за Јапонците – а тоа е честа.

    Ако го гледаме филмов како филм, а не како документарец, не чека пријатно изнанадување. Интересна и динамична приказна и одлични специјални ефекти, достојни за некои од поновите и повисокобуџетни филмови. И секако, Кијану Ривс во улога на самурај. :D

    Оцена: 8
     
    На Bozica1980, MagsDestiny, MilaP и 8 други им се допаѓа ова.
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    @Bender Rodriguez bi sakala da izgledam film po tvoj vkus ama nemozam da gledam horor, tepack i letanja (horor and science fiction).
    Gledam deka si go gledal Trumbo znaci sepak gledas i takov zarn.
    Ajde nesto predlozi po zensveno po tvoj izbor. :$
     
    На Bozica1980 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Хммм, нешто поженствено... :^) И не е баш у мој домен, али ќе се потрудам. :D

    „Најженскиот“ филм кој последен сум го гледал (и ми се допаднал) е The Best Offer, од 2013-та, од Џузепе Торнаторе, а со Џефри Раш у главна улога - драма/мистерија.

    Други предлози:

    Perfect Strangers, италијанско филмче од 2016-та - драма/комедија за група пријатели кои една вечер ќе се одлучат да си ги читаат пораките кои им стигаат на телефоните на глас и пред сите. Guess how that turned out. :D

    Carnage, од 2011-та, драма/комедија, буквално налик на театарска претстава, чие дејство се одвива у една соба. Со одличниот Кристоф Волц, Џоди Фостер и Кејт Винслент.

    Sleuth, драма/мистерија/трилер, од 2007-ма, со Џад Ло и Мајкл Кејн. Ова му доаѓа као римејк на истоимениот филм од 1972-ра, у кој Мајкл Кејн ја толкуваше улогата на Мајло - која у новиов ја глуми Џад Ло. Да напоменам дека иако основната идеја е иста, приказната на двава филма е различна.

    The 9th Life of Louis Drax - за него имам и пишувано на темава.

    Byzantium, од 2012-та. Е сега, да, филмов е со вампири, али ја би го окарактеризирал како драма, затоа што по ништо не наликува на филмовите од овој жанр, односно на вампирите им приоѓа од сосема друг агол - моралните и егзистенцијалните дилеми на вечниот живот, вечното криење меѓу луѓето и постојаните лаги. И сето ова од аспект на 16-годишно девојче. Интересен и несекојдневен филм. :)

    Се надевам дека е доволно. :)
     
    На Mayyya, elimkd, Bozica1980 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.473
    Допаѓања:
    42.575
    Пол:
    Женски
    @toogood и од мене еден предлог The broken circle breakdown, по она што го гледаш мислам дека ќе ти се допадне, драма, тажен и со најубавите саундтракови.
     
    На Оленка* и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    The phantom of the opera (1925)

    [​IMG]


    Кратка содржина

    Фантомот на операта (1925) е американски сајлент хорор филм, младата амбициозна оперска пејачка Christine Daaé открива дека има мистериозен таен обожавател кој сака да и помогне да стане водечки изведувач. Ова енигматично маскирано присуство е Ерик, исто така познат како Фантомот, ужасно изобличен осаменик кој живее под Париската оперска куќа. Кога Фантомот ќе ја киднапира и зароби Кристин и ќе ја бара нејзината посветеност и љубов, нејзиниот свршеник Vicomte Raoul de Chagny поаѓа да ја спаси...

    Рецензија

    Еден од најдобрите хорор филмови направени за време на silent era-та во Америка.
    Морничава мешавина на поезија и готска мелодрама. Атмосферата на филмот совршено
    се совпаѓа со перфектната изведба на Chaney како Фантомот на операта.
    Според мене, еден од моите омилени сајлент филмови :D

    Оценка
    10/10

    [​IMG]
     
    На elimkd, Mishela и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Blagodaram

    Jas filmovite gi naracuvam od biblioteka.
    Gi najdov The Best Offer, Carnage i Byzantium. Ke mozam da gi podignam vo tekot na drugata nedela.
    Za ovie drugite napraviv predlog da se kupat ama kako i da e ke gi ukradam od internet samo treba detevo da go nacekam da mi zavrsi rabota.:lol:
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  14. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Blagodaram
    Zavrsena rabota, naracan od biblioteka samo ima edna kopija. Ke treba da ja cekam da se oslobodi drugata nedela pa ke bide moja.(y)
     
    Последна измена: 26 февруари 2017
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Loose Cannons
    2010 ‧ Drama/Romance ‧ 1h 50m
    [​IMG]

    Ova e edno italjansko filmce koe go najdov nekade na forumov , preporacano od nekogo.
    Se raboti za tipicna Italjanska familija koja po mnogu nesto zalikuva na makedoskata.
    Ona koga kako nie se custvuvame kako individuva, seksualna opredelba, svalerluci ne e vazno, vazno e obrazot na familijata i mislenjeto na komsiite/gradot.
    Mene licno me pogodi zosto nikoj ne profunkcionira kako svoja licnost...
    Ponatamu neotkrivam.
    10/10
     
    На Bozica1980, ludoto19, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Split (2016)

    Три девојки биваат киднапирани од особа со дисоцијално пореметување на идентитет, особа кај која неговата докторка има регистрирано 23 идентитети/личности.
    Не знам во што би го сврстала, во трилер/ мистерија филм, ама онака е просечен филм, не е лош, сепак држи внимание до крај и има интересна тема/приказна.

    8/10

    The Innocents (2016)

    Драма, правена своред вистински случки.
    Времето после Втората светска војна. Младата француска докторка, волонтерка во Црвениот крст, тајно беше повикана во Полски манастир да породи една монахиња и таму таа открива една многу трогателна приказна.
    Филмот ми беше прекрасен, главна глумица која ја глуми докторка Матилда исто така прекрасна.
    Француски јазик уште попрекрасен (мада се зборува и на полски и на руски малку).
    Моја препорака!

    10/10
     
    На ludoto19, christinnn, Lady Phoenix и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Passengers (2016)

    [​IMG]

    Од она што го видов на трејлерот, филм имаше потенцијал да биде добар или не толку добар – во зависност од тоа дали ќе се концентрира повеќе на сај-фај делот од приказната (патување низ вселената, колонизација на нови планети и сл.) или ќе даде поголем акцент на љубовната врска помеѓу Крис Прат и, за мене, неверојатно антипатичната Џенифер Лоренс. Погодете што беше во фокусот на филмов? :D

    Без да откривам детали и спојлери, филмов би го опишал како квази-љубовна драма – квази, затоа што она што го гледаме, наместо како „љубов“, јас попрво би го опишал како Стокхолмски синдром.

    Но, она што треба да го знаете е дека филмов во суштина е љубовна приказна, а вселенското патување е само set-up за приказната и е целосно и тотално споредно – филмов можеше комотно да се одвива и на пуст остров – немаше да смени многу.

    Основната приказна е предвидлива и, би рекол, не премногу интересна. Од почетокот до крајот, сите знаеме што ќе се случи – останува само да видиме како – односно, што се ќе се случи од моментот кога ќе се запознаат до моментот „and they lived happily ever after“.

    Сај-фај моментот во филмов беше доста добро доловен – доволно добро за да фановите на овој жанр не превртуваат со очи додека гледаат како се развива непостоечката хемија помеѓу Прат и Лоренс, у секој случај. Специјалните ефекти исто така беа одлични, што го прави филмов барем малку поподнослив за гледање.

    Во однос на актерската екипа, за Џенифер веќе реков дека ми е антипатична и тотално преценета глумица – впечаток кој не ми се смени ни после филмов, за Крис сѐ уште немам некое особено мислење – океј е, али не ми е од омилените актери. Скриена ѕвезда во филмов за мене беше Мајкл Шин, во улога на шанкерот-андроид Артур – класи и класи подобар актер од двајцата „главни“ актери во филмов и, според мене, најдобрата работа у целиов филм. Накратко се појавува и Лоренс Фишбурн, кој, како и секогаш, е солиден, а на IMDB прочитав и дека капетанот на вселенскиот брод е Енди факинг Гарсија – факт кој е тешко да се забележи, бидејќи се појавува на буквално 5 секунди во филмов и изустува само една реченица.

    Така да, ако сте фан на Гарсија и сте решиле да го гледате филмов само ради него, не си го губете времето.

    Ако сакате предвидливи романтични филмови, а вашиот дечко сака научна фантастика, еве ви компромис за гледање – барем вие нема да бидете разочарани. :D

    Оцена: 7
     
    На One.Moment, buba4e89, ludoto19 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.734
    Допаѓања:
    145.155
    The Founder (2016)

    [​IMG]

    Приказна за основачот на МcDonald's - Реј Крок.
    Реј е маркетинг менаџер кој обичната сендвичара на двајцата браќа (Дик и Мек ) ја претвара во светски познат бренд.

    Многу повеќе очекував од филмот, мислев дека е направен на поинтересен и пофин начин. Не дека не е интересен за гледање.
    Ама некако многу лошо и штуро е разработено сценариото. Како само да се нафрлени битните моменти.
    Сепак не е лошо да се види како со упорност на крај се постигнува целта.

    7/10
     
    Последна измена: 27 февруари 2017
    На ludoto19, toogood, Winter Lady и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Trainspotting (1996)

    [​IMG]

    Со поднаслов – еден од култните филмови кои до сега ги немам гледано. :D

    У пресрет на Т2, продолжението на култниот класик Трејнспотинг, кое излезе минатиов месец, решив да видам што е тоа што сум го пропуштил сите овие години со одлуката да не го гледам оригиналниот филм.

    У принцип, не сакам филмови со наркомани – барем не од оној тип на gritty, реалистични драми – кои у суштина се 2-часовен пандан на рекламните спотови на владата на РМ, „Животот е мој филм“. Да, дрогата е лоша. Да, ти го уништува животот. Да, од неа се умира. Не, не сакам да гледам филм за тоа. И така, додека сѐ уште траеше фамата околу Трејнспотинг, одлучив дека нејќам да го гледам.

    Арно ама, после разбрав дека не бил таков тип на филм. Дени Бојл го засакав од 28 days later, а Ирвин Велш од Filth. Јуан Мекгрегор и Џони Ли Милер ги сакав и без тоа. И така, одлучив да му дадам шанса на филмов. Арно ама, набрзо потоа скроз заборавив дека постои. :D И така, требаше да излезе вториот дел, 20 години подоцна, за да мене ми текне дека треба да го гледам првиот.

    Трејнспотинг е филм кој не знам како да го опишам – како ода на хероинот, можеби. Со тоа не сакам да кажам дека филмов ја глорифицира дрогата – апсолутно не – прикажани се и добрите и лошите аспекти на користењето хероин. И иако главните ликови преку дијалогот воглавно се фокусираат на добрите аспекти, лошите се и повеќе од видливи од она што им се случува и начинот на кој им се одвива животот.

    Филмов се фокусира на единбуршката хероинска супкултура (ако воопшто постои нешто како хероинска супкултура :D) и на животот на група пријатели. Убави, речиси филозофски и метафизички дијалози, одличен саундтрак (благодарение на Иги Поп) и здрава доза на црн хумор, благодарение на Ирвин Велш. И секако, одлични актерски изведби – не само од Мекгрегор и Милер, туку од целата екипа. Приказната е динамична и во ниту еден момент не можете да погодите што ќе се случи следно, ниту да претпоставите како самиот филм ќе заврши. А и немате време за нагаѓање, затоа што филмот ви го задржува вниманието за целото време додека трае.

    И, што е најважно, сето тоа спакувано во помалку од саат ипол. Што да кажам, ценам филмови кои не го злоупотребуваат моето слободно време. :D

    Оцена: 8
     
    На rokmibejbi, ludoto19, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не ми е прв пат гледан, и може го имам спомнато порано ама вреди пак да се спомне како добар предлог за филм.

    http://www.imdb.com/title/tt1375666/

    Inception

    Leonardo DiCaprio е човек чија работа е да влегува во соновите на влијателни луѓе и да ги дознава нивните планови.
    Пример некој богаташ му дава голема сума, за Леонардо да влезе (со посебна техника) во сонот на непријателот од богаташот, и да му ги дознае стратегиите.

    Меѓутоа еден ден ќе добие специфична понуда од еден богаташ...Понудата е: да влезе во сон на богат и млад човек, ама не да му ги украде идеите туку да му всади нови идеи.
    Прво Леонардо ќе се противи на тоа и ќе го одобие (пошто е опасно и тешко), ама тој богатиот ќе му се закани дека никогаш нема да го пушти дома за да си ги види децата.

    Леонардо така во тесно фатен ќе почне да собира тим од луѓе што ќе му помогнат да го изведат тоа всадување на идеја.
    Најпрво треба да го киднапираат тој (жртвата) младиот богат човек, да го успијат, па да му влезат во сонот...

    Всадувањето на идеите ќе се одвива во три нивоа во сонот, а тимот е распределен.
    Постои можност никогаш да не се разбудат и да останат заглавени во сонот...


    За тие што го немаат гледано филмов се обидов на најлесен начин да ја доловам содржината ама не е баш така лесно за кажување.
    Вреди да се погледне...Само паметот да ти е приклучен.

    Според мене чиста 10ка.
     
    На One.Moment, ludoto19, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.