1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Последен филм што го гледав е... И кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од LaFille, 31 јануари 2010.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.268
    Допаѓања:
    12.000
    Пол:
    Женски
    Убава е Одисејата, си дозволиле анахронизми, но не го утнале филмот.
    Приказна од едни дамнешни времиња, кога и владејачката класа ги трпела последиците по војните кои ги предизвикувала и токму таму е ставен акцентот во оваа верзија на Нолан.
    Сјаен режисер, ако проценувам според визуелниот дел, овој филм му е, па можеби подобар од претходните. Неколку од актерите заслужуваат номинации за Оскар.
    Јас солзи-радосници пуштив на крај. :)
     
    Последна измена: 26 август 2026
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  2. МикиМаусовка

    МикиМаусовка Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2024
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.579
    Пол:
    Женски
    Last_Night_in_Soho_(2021)_poster.jpg

    Млада и надежна модна дизајнерка по име Елоиз мистериозно успева да се врати назад во времето, во Лондон од 1960-тите години. Таму се поврзува со својот идол, блескавата пејачка во подем, Сенди. Сепак, гламурот на минатото брзо почнува да се распаѓа и нејзините соништа се претвораат во мрачен и опасен кошмар.
     
    На Angie1432, FriendOfDorothy и Аргентина * им се допаѓа ова.
  3. Nela678

    Nela678 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2022
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Моментално ги гледам сите делови на The Final Destination. Почнав од првиот ден сега сум на вториот. Ги имам гледано од претходно сите делови ама не забележав дека глуматa во првиот дел е лоша на некој ликови :rofl: и приказниве како умираат карактерите се светски, ама па некако ми се confort movies за есен :D
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.495
    Допаѓања:
    34.655
    Пол:
    Женски
    Whisper+Man.jpg
    Решив да му дадам шанса само поради актерската екипа. Очекував нешто подобро од просечен, предвидлив трилер, но филмов е токму тоа. Штета.
     
    На dasd, Mumoftwo30, Amica geniale и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Amica geniale

    Amica geniale Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2026
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    279
    Го гледав не е нешто кој знае што, го очекував подобар
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.541
    Допаѓања:
    85.534
    Пол:
    Женски
    Truth or dare ( 2018 )

    TruthorDarePoster.jpg

    Филмов е токму таков хорор како што сакам, не е фасцинантен за секој, но за мене беше 10/10. Токму вакви хорори сакам, мистични и малку застрашувачки, да задржуваат внимание да не трепнеш додека трае, да не биде со некое ептен нереално сценарио од типот на чудовишта и убиец од кои постојано бегаш, туку нешто со виша сила од друга димензија. Ствар на вкус. Посебно ми се допадна крајот.
    6 пријатели заминуваат на патување, мал одмор во Мексико. Таму почнуваат да играат Вистина или предизвик, а кога следниот ден се враќаат дома и продолжуваат со своите животи, сфаќаат дека играта не е завршена и, не само што не е завршена, туку и добива нови страшни правила: ако не го исполниш предизвикот што ќе го добиеш или вистината што треба да ја кажеш, умираш. А повикот не можеш да го игнорираш.
    Пријателите бараат начин како да го прекинат тој круг, како да ја запрат играта и, на крајот, кога мислат дека го нашле решението и ќе се ослободат и спасат, не успеваат. Играта продолжува со нови играчи.
     
    На Miss666, valkyri, Amica geniale и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.268
    Допаѓања:
    12.000
    Пол:
    Женски
    Гледам филмови каде што глуми Роберт Редфорд и филмови во негова режија во пресрет на годишнината од смртта.
    Достоинствен и со стил во секоја смисла на зборот, инспирира почит. Тивок, прибран, рефлекcивен. Се повеќе сфаќам зошто оние кои пораснале со неговите филмови, толку го сакаа. Недостасуваат луѓе како него денес, допрва ќе недостига... легенда.
     
    На GirlLove, elimkd, МикиМаусовка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    733
    Целосно се согласувам со напишаното, да се надополнам - ретки се луѓето како Роберт Ретфорд - едноставен, смирен човек, со шарм, харизма, господин, џентлмен, пристоен, културен, достоинствен, одличен како актер и режисер, остави длабок траг во филмската индустрија и ќе биде запаметен како еден голем актер, режисер и пред се човек
     
    На elimkd и Аргентина * им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.268
    Допаѓања:
    12.000
    Пол:
    Женски
    Ми доаѓа да отворам тема за обожаватели.

    Да си поживееше уште. ‍Како Кирк Даглас, над 100. Откако Кирк го премина прагот, наивно очекував дека и другите актери од тој ранг ќе бидат толку долговечни.

    Кирк Даглас, инаку, сите пари ги оставил во хуманитарни цели. Респект. На вакви јавни личности треба да се огледуваме.
     
    Последна измена: 13 септември 2026
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  10. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    733
    Ова за Кирк не го знаев и ми дојде како нова - корисна информација, инаку заборавивме да напоменеме една важна информација за Редфорд тој е еден односно главен од оснивачите на фестивалот на независниот филм Санденс и треба да се истакне како куриозитет починал во местото - областа Санденс во сојузната американска држава Јута
    Инаку од таа постара легендарна гарда на актери кои се сеуште живи и активни тука ги вбројувам Клинт Иствуд, Џејн Фонда - која многу го почитуваше и беше блиска пријателка на Редфорд.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.066
    Допаѓања:
    48.455
    Пол:
    Женски
    IMG_8328.jpeg
    Weapons 2025
    Жанр: хорор/мистерија

    еден од најдобрите хорори во поново време иако не е по мој вкус овој тип на филмови ама ми го зароби целосно вниманието.

    сите деца од еден клас во 02:17ч бегаат од дома, им се губи секаков траг освен на еден ученик, прва осомничена е учителката... a се понатаму дејствието е заплеткано.

    на интересн начин се сечени кадрите, се преплетуваат од еден наслов кон друг.

    10/10
     
    На christinnn, Angie1432, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nin23

    nin23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2021
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Последен филм што го гледав е Одисеја. Леле луѓе стварно предобро нешто, држи внимание сите 3 саати, па посебно дека не користеле CGI ефекти. Капа доле искрено за целата продукција. Те остава да размислуваш долго после тоа.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.268
    Допаѓања:
    12.000
    Пол:
    Женски
    Роко и неговите браќа (1960)
    [​IMG]
    Ова е еден од најдобрите филмови на сите времиња, тоа ви го гарантирам. Трае 3 часа, но вреди за секој кадар и секоја минута. Содржински предвидов некои работи, ама сепак, крајните впечатоци ми беа неочекувани. Вака се создава iconic филм и лик. 10/10
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  14. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.926
    Допаѓања:
    24.755
    Hallow Road (2025)

    Родители добиваат повик од својата ќерка дека со автомобил удрила човек и тргнуваат по пат кон неа. Како што се приближуваат до местото, почнуваат да се откриваат семејни тајни и настаните стануваат сè понеобични. Психолошки трилер/драма. Супер глума.

    7.5/10 од мене.

    [​IMG]

    Филмови со крај што треба сам да си го толкуваш у глава треба да се забранат. Џабе губење време. Мислам, овој не беше баш од тие, али пак, некои прашања ми останаа неодговорени.
     
    На joy1, Elenpelen, МикиМаусовка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. dasd

    dasd Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    49
  16. dasd

    dasd Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    49
    Изненаден сум и незнам дали филмов е оставен да се гледа во европа.
    Поради мигрантите, нивните убивања,силувања низ европа, и неодговарањето на институциите
    еден човек ја презема правдата во свои раце.
    Интересен филм кој ме направи на почетокот да ја подржам неговата идеја а на самиот крај да видам дека тоа не е решение upload_2026-10-5_19-58-46.png
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.268
    Допаѓања:
    12.000
    Пол:
    Женски
    Според моите информации, дозволен е сега да се гледа, да. Иако првично Германија го забрани, ја променија одлуката. Филмот го коментиравме и во оваа тема:
    https://forum.femina.mk/threads/Го-има-некој-гледано-филмот.9122/page-12
    ако некого го интересира да прочита повеќе мислења, како што мене ме интересираше.
     
    На dasd му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dasd

    dasd Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2024
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    49
    upload_2026-10-8_23-29-56.png
    докторка глуми лажна врска со професор за да и докаже на другарката дека е заљубена а тој да добие грант за истражување од универзитетот и да остане на истиот. На крај завршуваат заедно
     
  19. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Филмот што си го гледала е сличен како Тарот (2024). Само што го изгледав. Ако не ти е гледан, гледај го слободно.


    images.jpg


    Филмот е интересен, хорор измешан со мистерија. Не е од типот на хорор филмови да те изрипаат од кревет.
    10/10
    Група од 7 пријатели заминуваат на патување во напуштена вила. Случајно наоѓаат тарот карти кои содржаат хороскопски знаци. Едната од девојките знае да ги чита.
    Седнуваат на маса и девојката почнува да ги чита картите за секој од пријателите без да знае дека истите карти се поврзани со проколнета маѓија.
    На секоја последна извлечена карта ја чита смртта на тој хороскопски знак.
    После завршување на викендот секој се враќа дома и полека полека почнува сите да ги прати страшни работи. Интересен е дур се открие кој може да ја растури таа маѓија, па дур ја растурат. Препорака од мене.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.541
    Допаѓања:
    85.534
    Пол:
    Женски
    Ама имаше некои такви сцени. :smirk:
    Ти благодарам на препорака, го немав гледано и си го пуштив вечерва. Добар. (y)
     
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.