Јас бев позитивна во март и баш тогаш имав циклус. Наредниот месец, значи во април ми доцнеше 5-6 дена, што никогаш претходно не ми се случило, секогаш ми е точна до ден
За косата обавезно витамини земајте, шампон и лосион против опаѓање. Јас од Геровитал сум најзадоволна, а пробав неколку. Околу 300 денари од Зегин. Инаку, еве добив со неколку денови доцнење овој месец. Бар не се два, мислев ќе полудам претходните месеци, хаос бев.
Само да си кажам: Мене ми касни 3 дена, немам никаков симптом освен подуеност. Вакциниран сум на 1.07 со прва доза.
Imam primeno dve dozi od sinovak Bolki vi raka bea blagi no non stop immam potreba da lezam kako da mi e nizok pritisok A I na denot koga trebav da dobijam primiv vtora doza I eve vece 8 den kako ja neam dobieno m Imate nekoi slicni iskustva Fala vi
Не знам дали на точно место прашувам но, дали некоја од вас забележала каснење на циклус по вакцинирање, поспецифично со Фајзер? Мене ми доцни скоро 20 дена, сакав да се консултирам со вас.
Исто ми доцни, но 12 дена. Вакцинирана со синовак. Ке правам тест понеделник, за да исклучам бременост, што ми е голема паника, вакцинирана и ист циклус бремена....
Жени, мислам дека разлика од некој ден +/- во циклусот не ни треба да ве замара, не па да го сметате за пореметување. Важно е дека циклусот е редовен. Јас сум во менопауза. Примив две дози фајзер. Циклусот не ми се врати (иако би сакала ). Дури и хормонски статус проверував, ми се погоди случајно терминот баш меѓу двете вакцини и апсолутно немаше никаква промена.
Мене ми дојде на 20 јуни, 4 месеци после пораѓај. Од тогаш не ми иде. Не знам дали е поради пораѓајот или ковидот.
Постојат многу конфузни информации поврзани со коронавирусот и менструацијата. Дали било после прележување на болеста или примање на вакцината многу жени низ светот изразија дека имаат промени во месечниот циклус. Се јавува и страв кај жените дали би можеле да забременат после примање на вакцината или па дали ќе наштети врз развојот на бебето. Моментално се вели дека нема голема поврзаност со вирусот и месечниот циклус, но тие истражувања што успеав да ги најдам иницираат дека последиците се краткотрајни и дека вакцината или па прележувањето на вирусот немаат поврзаност со хормоните. Што мислите вие? Дали прележувањето/примање на вакцината ќе има последици врз хормоните? Дали сте искусиле промени во месечниот циклус? Линкови: https://theconversation.com/could-t...ow-yet-but-theres-no-cause-for-concern-159912 https://www.npr.org/sections/health...covid-vaccine-period-menstrual-cycle-research https://www.health.com/condition/infectious-diseases/coronavirus/can-covid-vaccine-affect-my-period
Откако прележав дури поредовно ми доаѓа од пред тоа, точна ко швајцарски саат ми е летово. Не верувам дека тоа има некаква врска со прележаност на короната туку едноставно со тоа што овие месеци стресот ми беше на минимално ниво и бев доста опуштена, па затоа и организмот си функционираше ко шо треба. Е, приметив дека доста пообилно крварев и појаки болки имав кои порано со кафетин менструал можев да ги истрпам, а сега морав првите 2 дена добиено да ги одлежам. Можно е да има некоја поврзаност со короната, но во летно време ми се случувало и другпат повеќе да крварам, па затоа не знам. Во муабет со другарки, една другарка исто после вакцинирање од корона, нема прележано, приметила пообилно крварење. Така да можеби и тоа е причината којзнае. Сепак само претпоставки, можеби е чиста случајност.
Првиот циклус по прележан ковид-19 ми траеше само 3 дена (обично ми е 5). Следно не ми дојде 52-53 дена. Бев на гинеколог и ми препиша апчиња. Гинеколот не ме праша ништо. Аптекарот ме праша дали скоро сум била позитивна и ми кажа дека многу жени го имале истиот проблем со доцнење. Значи мене всушност една ми се скокна.
Дали дозна дали ти доцнело од вакцината? Примив фајзер месецов, ми доцни 8-9дена. Правев тест утрово негативен е. Дали да одам за хормони или ќе си дојде...
Кај мене, барем првиов месец по прележување, се покажа дека нема проблем на циклусот, точно по 28 дена ми дојде. Организам до организам различно е.
Минатиот месец добив 7 дена порано,а беа поминати три месеци од вакцината. Сега ми касни. Почнав да се сомневам, на почетокот немав проблеми. Бременост исклучена.
Вакцинирана со две дози Фајзер имам циклус но со многу намалено крварење,претходно имав многу обилен циклус и после првата доза вакцина циклусот го поминувам со секојдневни влошки.Почнав да се загрижувам