Не знаев каде да пишам, па ајде овде. Дали на некој му има доцнето после вакцинација, конкретно со Синовак сум. Последно имав на 29.08 и откако ми заврши се вакцинирав со прва доза на 03.09. На 24.09 бев на ревакцина, и требаше да ми дојде, ама еве уште немам. Дали некој има слично искуство, дали е нормално и после колку време ви има дојдено?
Мене ми доцнеше. Се вакцинирав со Спутник. Примив прва доза на 3 ден од циклус и втора на 24/5 ден. Тој циклус ми беше пртеку 40 дена (нормален ми е околу 33 дена). Следниот веќе се беше нормално.
Треба да добијам околу 28-30 месецов. Баш ќе ви кажам дали ќе биде на време. Се заразив месецов. На 15ти имав позитивен тест, а симптоми 2-3 дена пред тоа. Вакцинирана сум од мај со Синофарм и после тоа немав проблеми со циклусот, океј беше. Цел живот сум со ПЦОС и сум имала проблеми со хормони, доцнења и сл. Лично мое мислење е дека доцнењето е резултат на стресовите, не на самиот вирус.
Кај мене нема промени да не се урочам. Втора доза примив на 17.09 Два дена после тоа добив, и од тогаш секој месец како и досега, точно како саат. Болки, обилност, траење сѐ исто Дури и да имам промена, последно ќе ми текне дека е од вакцината.Ќе паничам да не умрам или да не сум трудна
По пораѓање добив еднаш, после некои 55-56 дена. После бев позитивна и еве 3 месеци скоро немам. Има некој вака долг период да има проблем?
Јас осетив промена по вакцината, од јули месец сум вакцинирана, секој месец ми иди порано барем 2 3 дена, сега 4 дена порано, трај подолго 5 6 дена и не е толку болна од кревет да не можам да станам, пред вакцината имав 4 дена и беше точна како швајцарски сат на денот од календарот, болки ненормални и ужасни симптоми, а сега воопшто ништо, незнам дали да се плашам ама ич не ми е верливо и се чудам, Мајка ми ми вика дека стареам па можеби било до то. Кој знае човек како да кажи...
Потполно исто. Ми доаѓа порано, без болки, пообилна е и подолго трае. Сигурна сум дека не е до стареењето туку до вакцината. Исто имам приметено дека кога ме боли глава е страшно. Претходно ми поминуваше со една до две таблети, сега дури не примам инјекција од кревет не можам да станам.
Јас пак немав никаков проблем со циклус, 2 пати Синовак, и бустер Фајзер, циклус нормално ми дојде, точен до ден, исто како пред вакциниве, мислев дека можи Фајзер ќе ми изремети али кај мене не, а читам многу се жалат, им доцни после вакцина
Ревакцина во октомври ,ова е веќе 3 циклус како ми доцни.Овој месец веќе 7 дена.Матичнава ми вика дека имало слични случаеви ко мене, а и дека може и 6 месеци да поминат додека да се нормализира.Какви се вашите искуства ?Колку циклуси ви се поремтија?
две недели ми касни по прележување. Баш во овулација имав корона. И од прават доза вакцина ми каснеше две недели пред 6 месеци, па ми се среди, и сега по прележување пак.
Пред 4 дена прележав со комплет симптоми требаше да ми дојде на 15 ти јануари но еве денес што ми доцни 3 дена. Знаело и друг пат да ми доцни но во последните месеци ми беше редовна. Дали се препишува на ковид што прележав неможам да кажам. Знам дека ковид предизвикува зголемување на д-димерите а тоа последователно доведува до згуснување и згрутчување на крвта. Од тука и доцнењето и можеби потешко крварење пооскудно. Заприметив цело парче крв како ги викаат "партали" "грутки" xD понекогаш и друг пат го имам. И многу поболни, поосетливи гради од предходно имав пред да ми дојде. Вакцинирана со Синовак.
Да откако се вакцинирав и јас имам безболен циклус што ме чуди инаку со акање глава од ѕид ужасни болки....
Последен пат ми дојде на 11ти јануари, но траеше помалку дена од вообичаено. Моментално имам корона, позитивен тест добив на 15ти и примам терапија, два дена веќе повторно имам како добиено, дали е можно да е од короната или од лековите ?
Песле царски добив еднаш во август, после фатив ковид. Од тогаш прекина. Дали мора да чекам природно да дојде или се дава некоја терапија? Што знам, некако многу време ми изгледа
Дали ви се случило пореметување на циклус? Задутре треба да добијам, ни симптоми ни ништо. Прележав о микрон на почеток на месец. Има врска?