После колку време во врска е очекувано да се прејде на друго ниво (заедничко живеење/брак)?

Discussion in 'Врски' started by Jasmin88, Aug 16, 2022.

  1. TheTruth*

    TheTruth* Активен член

    Joined:
    Jul 6, 2022
    Messages:
    107
    Likes Received:
    350
    Не мора секогаш ова да значи дека е така, сите не влегуваат во брак исклучиво заради притисок од општеството или годините за да ја остварат репродуктивната функција.
    Имаш парови кои не ни сакале или планирале деца, ако дојдат се добредојдени ама не и маст хев, најнеопходни за да се склучи брак. Можеби чувствата им биле најинтензивни и сигурни биле за кратко време дека се еден за друг, иако мене некако ми нема логика во ова, брзоплето ми е ама најчесто во љубовта нема логика.
    Е сега на другата страна од спектарот ги имаш и партнерите кои тазе излегле од долги врски, имаат 30+ и брзаат како муви без глава да најдат некоја нова личност и избрзуваат со таков брак непознавајќи се доволно. Тие таа фаза на заљубеност ја толкуваат како вистинска љубов, па по некое време најчесто завршуваат со развод ваквите бракови. Иако и тука нема строги правила, ама еден од факторите за развод е избразаноста и недоволното познавање на битни нешта.
    За тие што се сигурни дека сакаат деца биолошкиот часовник е пресуден и имам приметено дека порано влегуваат во брак и стануваат мајки дури и до степен да не се ни дипломирани или вработени. Одат прво на брак и дете па после гледаат да се вработат или почесто си остануваат да тапкаат во место не ни бараат работа, што мене лично ми е меч со две оштрици. Времето кога започнала врската понекогаш е пресудно, а понекогаш не, објаснив малку погоре за партнери од 30+ год.
    Според мене лично подобро е долга ама квалитетна врска, разгледување на повеќе фактори и отворен разговор за нив и најбитно е двајцата да се на слично интелектуално и финансиско ниво, да се слични, така и при големи препреки полесно ќе најдат заеднички јазик и решение на скоро сите проблеми. Големи разлики водат и до големи разлики во поимањето на нештата и несакајќи може да се повредуваат.
    Исто многу се битни карактерите како им се развиваат низ годините, дали се компатибилни во основата на карактерот, дали стремат и посакуваат исти фиксни нешта. Тие работи па и при кратка врска се приметуваат, ама при подолга имаш увид како се развиваат тие нешта низ годините, па затоа подолга врска ми е подобра варијанта од кратка.
     
    Last edited: Aug 19, 2022
  2. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Joined:
    Jun 3, 2019
    Messages:
    3,440
    Likes Received:
    21,098
    Gender:
    Female
    Според мене подобро би избрала подолга и стабилна врска која на крајот ќе заврши со брак секако. Искрено овие врски коишто не траат ни една година и завршуваат одма со брак ми немаат смисла. Не сакам никој да напаѓам де, можеби уште од почеток увидуваат дека им е убаво и дека се слагаат па не сакаат да се влечкаат така, но јас лично не би го избрала тоа. Ама се зависи и од годините. Ако сум пример 30+ секако нема да чекам толку, ако сум многу помлада пак секако нема да се омажам толку млада.:D

    Една моја познаничка со нејзиниот дечко (сега веќе маж) одеа 10 години. Се фатија кога она беше 14, а он 15г. Што се вели тогаш биле деца, никој не се надевал дека стварно ќе завршат заедно. Се земаа после 10год. , она на 24, он на 25. Среќен брак со две деца. Океј е. Ама имам и друга познаничка која одеше со дечко и 10год и на крајот го остави и му раскина. Се омажи веднаш за друг и сега бебе чекаат. За дечкото што го остави уште ми е многу жал, пошто го познавам и гледам дека сеуште ја сака ама тоа е. И на крајот за него ќе треба да се каже џабе губел време со неа 10год. Така да за овие подолги врски е најбитно како ќе завршат на крај. Дали со брак или џабе губено време.
     
    cresa-jagoda and Tanjamm like this.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,788
    Likes Received:
    14,283
    Сите луѓе емитуваат некаква енергија. Јас сум добар психолог, ги проценувам од прва луѓето дали се подмолни, лажговци, емоционални вампири итн. Е сега имало и случаеви каде за брзо ќе се поврзеш со некој. Чувствуваш дека за тебе и рака во оган ќе стави, без зборови, само со поглед ќе се разбереш. Едноставно покрај него се чувствуваш дека си на сигурен терен. Некој внатрешен глас ќе ви каже кога е време за брак.
     
    Bubbles02 likes this.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,854
    Likes Received:
    80,911
    Gender:
    Female
    Нема правило. Кој како мисли и како чувствува во одреден момент кога носи одлука, тоа веројатно е правилно, без разлика дали се неколку месеци или години заедно.
     
    Bubbles02 likes this.
  5. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Joined:
    May 26, 2022
    Messages:
    300
    Likes Received:
    474
    Од прилика за возрасни една година година и пол. Но зависи од финансиската состојба и врската како оди. Тоа е моето искуство...
     
    Tanjamm likes this.
  6. Puellapulchra

    Puellapulchra Популарен член

    Joined:
    Aug 23, 2022
    Messages:
    3,057
    Likes Received:
    9,984
    Gender:
    Female
    За секого е различно. Некои за 2 месеци, некои за 2 години, а некои и никогаш.
     
    eliesaab likes this.