https://forum.femina.mk/threads/Посни-јадења.288/page-15#post-6115227 Може тука да разменуваме рецепти и идеи ако сакате
Дали бадемовото млеко можи да се користи за време на пости? И дали интегралните шпагети се посни и без масло?
Уште да прашам дали може да се јадат јаткасти плодови печени или содржат масло? И за маслинки ме интересира..
Не содржат масло јатките. Маслинки има едни црни, без солило шо се, неферментирани, без масло се тие, другите сите се со масло. Од веро ги земам јас, би требало во сите поголеми маркети да има. Исто можеш таан да користиш, путери од јатки, тие испуштаат масло од високиот процент на растителни масти шо ги содржат, инаку не се спремаат со масло.
Ај додека сум уште под импресии Посни бургерчиња Вака од кутура ги правев. Вечерта ќе накиснам во вода со една лажица оцет наут и црвен грав, утредента го варам. Значи во смесава ставив пола тегла од наутот и гравот. Со онакво за компири гмечење кога се прави пире, со тоа го изгмечив ( порано ги правев во блендер, ама текстура немаше ич ), и ставив две три големи лажици цвекло од тегла што е конзервирано. Во оваа убаво изгмечена смеса ставив и малку помалку од половина кромид ситно сецкан и чаша за кафе варена киноа. Е сега за да ја врзам смесата и да упие од водата, во блендер направив како брашно од овес, и печена соја едно пакетче, околу 100 грама ( можете и само овес ), тука си ставам и сол, црвен пипер, малку кари, лук во прав. Што љубите, тоа можете зачини да си ставите. Ова „брашно“ убаво ќе го измесам со изгмечените зрна и цвеклото и формирам компактна смеса. Е сега се мислам дека тука можев да ставам и лен или чиа растворени во вода, за да ми врзе уште поубаво. До после ќе доставам, да видам дали ќе направи разлика. Од смесава си формирате бургерчиња и си ги печете на нелеплива тава, ако е ден за со масло, си ги пржите на малку масло. Е сега за бургер лепчиња не успеав да најдам без маргарин, па од обичен леб си правам резанки, одкако ќе завршам со печењето бургери, ги ставам и нив на тава да ми фатат коричка. Е сега во бургерот си редите од плескавичките и плус што си сакате зеленчук, со домати, зелена салата и корнишони е многу вкусно и ептен сочно.За да не ми биде суво, јас си правам и сос од мед и сенф, во кој додавам и сол и кари. Многу здрав и лесен оброк за спремање кога сте во брзање, ако претходно си ја имате подготвено смесата. Милина...
Денес ги направив, додадов само 2 "јајца" од мелено ленено семе. Превкусни беа и на синчето многу му се допаднаа.
Заглавив денес, неработен ден било и се расчепкав по интернет барајќи рецепти за посен мајонез. И наидов на овој многу интересен канал, па си реков да го споделам и со вас. Сега секако нема да тргнам мајонез за извоз да правам, ама многу необичен и интересен рецепт. Другите видеа не ги погледнав, ама каналов Comfort Food Farms ветува многу. Интересно е тоа што нема скоро ич прегледи, ама се гледа дека теткава од љубов ова го работи и не знае многу маркетинг. Искрено среќна сум што налетав на ова. редактирано* И мајко мила, ова понеделник мора да го пробам!
Здраво друштво. Имам едно прашање од Понеделник почнувам со строг пост до Тодорица па сакам да ми кажете дали медот можам да го применам иако постам без зејтин?
Можете да јадете слободно мед. Медот е без масло. Впрочем кога Јулијан Отстапник ја осквернил посната храна по пазарите, свети Теодор Тирон му се јавил на епископот Константинополски и му рекол да јадат варена пченица со мед за време на постот.
Здраво дечки, и јас како @Babyby ви се приклучувам во темава, исто, од понеделник до тодорица сакам да постам без масло, се надевам дека ќе поминам со свеж и/или варен зеленчук и овошје. Тука сум со цел да видам некои идеи на јадења без масло.
Она тофуто што е обичното од дм го имате пробано? Без масло е во составот. Исто така и сејтан добар од кај земате, некоја препорака?
дечки ова ми изгледа супер, само оревите не би ги додала. За појадок може овесна каша но со оризово/бадемово/кокосово млеко?
рецептов стар (многу) Али нема везе нели за печење се користи масло? Барем јас колку што знам, се што сум печела сум го печела со малку масло.