Овие на Вердино, веге бургери, колбаси, посни се и соодветно е денес да се јадат? Стварно немам идеја за ручек...
Ako se veganski se posni poso ne sodrzat meso jajca ili mleko nemaat vo sostavot nisto od zivotinsko poteklo, ali najdobro tamu da si gi prasas
Дечки, некој посен рецепт за неделава? Денес ете испеков компири, утре сакам посна турли тава. Некоја слатка, нешто блачко? Дај да ја активираме темава. Ете ќе ставам јас еден рецепт во спојлер за посни обланди кои ми се фаворит па дури и поубави од обичните Спојлер: ПОСЕН ОБЛАНДА РОЛАТ https://moirecepti.mk/post/посни-обланди-2 Само што јас го виткам листот обланда како ролат, инаку таа е постапката.
Еве и од мене нешто: Шпагети без масло https://bigorski.org.mk/magernica/shpageti-bez-maslo/ Посен сутлијаш: https://bigorski.org.mk/magernica/posen-sutlijash/ Овде има и солени и благи рецепти: https://preminportal.com.mk/manastirski-posni-recepti
Посна салата: ●Посен мајонез ●Кисели краставички ●Туна ●Компир ●Копар ●Сол Се прави за 15 минути. Многу брза и лесна салата.
Ете ја мојата посна турли тава: кромид (2 главици) лук (1 главица) морков (2 големи) печурки (2,3 големи лажички од оние од тегла) грашок (пола филџанче) боранија (пола филџанче) компир (2 средни) ориз (2 мали црпки) домашен кечап (2,3 лажички) ловоров лист (2) зачини по вкус, јас ставив: нане, магданос, оригано, црн бибер, вегета и сол Ова го попржив по малце постепено додавајќи ги состојка по состојка . Оризот ептен малку го попржив, додадов вода колку да се потопи се и го печев додека водата не испари. На крај додадов малку одозгора растителен кашкавал рендан. Другите состојки ми се ситно сечкани. Ги ставив во заграда пошто можете да менувате количини по лични преференци. Ако сакате повеќе пример грашок можете слободно да додадете. Ова ми беше за 5, 6 лица.
Со масло е, има и тема за без масло. Оваа тема е со масло. Спојлер https://forum.femina.mk/threads/Посни-јадења-без-масло.5404/page-13#post-6115239
Кажите посни благца и мезиња соодветни за слава. Освен грав, риба, сарма, кифли, баклава, обланда и бомбици, дајде нешто друго.
Ако правиш со риба, еве ти вкусна макарони салата, денес ја правев, сите ја бендисаа. Само јас помалку кромид ставив, и без црвена пиперка, само обична зелена. И плус од оние ситиве макарончиња, баш како за слава. Мајонез го користев оној томи делајт што е, посниот.
@MissChievous а ако неќиш риба земи: Јас јадам без месо општо, и повремено исклучвам и млеко. "Преживувам" со земање воспоставен рецепт и да си го прилагодам на моите потреби. Ако ви треба некое прилагодвање @ пишете ќе најдиме по страните шо ги чувам. За мезе јас сакам намаз од наут. Или крем. Не знам шо е веќе. Треба да е замена за туна салата и таков рибест вкус има. Рецепт.
Од веро ја зимаш оваа „тунава“? Многу добра работа е и кога се пости без риба, само на масло, малку за промена. Фала за идејата
Оф не памтам. Мислам јас не ја земам од Веро, од Фортуна ли беше земам. Не памтам дали Веро е продажно место. А мислам дека и Рамстор беше на листата.
Лесен пост на тие што постите јас годинава се мачам да регулирам доење па ќе го скокнам. Еве неколку рецепти од мене за намази: Паштета од туна: Кромид, туна, зачини ги пасираш, додаваш лимон и имаш паштета. Јас кога постам ретко користам замени како растителен мајонез, но во комбинацијата оди и тоа. Паштета/макало од грав Грав варен или од конзерва, неколку лажици таан, лук, лимон и зачини се пасираат. За полесно да биде пласирањето се става малку вода (еден два сантима од садот). Се сервира во чинија, одозгора се става маслинов зејтин и буковец и така си макаш од него. Ако е строг пост се прави без масло, но не знам дали таан спаѓа во строг пост, јас мислам дека смее. Гвакамоле Рецептот можеби го има низ темава. Авокадо, лимон, лук и чили се пласираат, и после им се додаваат сецкани домати. Одлично за строг пост, иако мене не ми е баш омилен намаз. Малиџан Ако немам готов малиџан тогаш печам патлиџани и пиперки и ги пасирам. Додавам или сенф, или сецкани/мелени ореви, бадеми, тоа што имам во моментот. Брускети со домати: Не е намаз ама оди со брускети. Француско лепче се сече на кришки. Доматите се сецкаат на коцкички им се додава лук, мнооогу босилек и маслинов зејтин. Се меша смесата убаво и се става по една лажица на секое парче лепче. Се потпекува 8-10 минути на 180- 200 степени (зависи од рерната). Кога се денови без масло може и без него. Инаку кога е ден со риба, и во компир салата ставам туна.
@Цунами @theowndemon ми треба некој друг рецепт што не е поврзан со риба, грав, сарма, кифли, обланда и баклава, зш тие 100% стандардно ќе се прават. Најдов Жу-Жу посни лиснати, може и да смучкам макарони со посен мајонез, веге салама, кисели краставички, растителен кашкавал. Најдов и еден лесен десерт: А најдов и една слика без рецепт, што ми изгледа интересно, ама не знам точно палентата како се прави:
@MissChievous брускети со песто и домат се оооосвежителни. Јас потпеквам со пестото и ако имаш растителен кашкавал е екстра, и домат го ставам свеж од после пошто генерално ми е гаден топол домат. Мене ова ми е најчесто мезе и за себе и за ко ќе викам луѓе, ставам в средина дали како на сликава, дали целосно потпечени ако имам и кашкавал во моментот и мирна гла. За мезе би направила веге даска, и под то мислам помфрит, похован веге кашкавал, фалафел топчиња и веган чикен нагис поховани ( со рехидратација не мора да ги макаш во јајце за да ги поховаш, влашни се и лесно се поховаат без јајце) со од страна свеж зеленчук на даската како домат, кисели крастајчиња, маслинка. Јас лично сакам начос, ама ко ќе речам начос мислам ред чипс, ред мелено од Вердино со кромид и зеленчук внатре и стави в средина и само макај. И после имам гости закажани и имам благо ама изгледа со начосите ќе одам за мезе овај пат. А последнава слика шо си ставила е топ. Евентуално ќе ја протумачам подетално ко ќе имам поќе време. За десерт мајка ми има неколку шо ги обожавам, еден е со јаболко и морков и можи ми е еден од омилените десерти. Исто и еден со афион. Али за то ако треба ќе обезбедам рецепт покасно ко ќе можам да ја прашам да ми ги прати ... пак.
Јас денес са доручек си правев Сникерс смути, - овесни снегулки, - банана - лажичка какао - лажичка путер од кикирики - 2 урми - малку вода, јас го сакам густо Таман си ја задоволив и потребата за слатко
Еве и од мене нешто за пост и слави: https://moirecepti.mk/post/празнични-чоколадни-колачињапосно https://moirecepti.mk/post/есенски-бакнежи1 https://sezahrana.mk/чоколадни-бомбици-со-лешници-рум-и-пор/