Според мене љубовта не ги бира годините. Има врсници што знаат како да се однесуваат со една девојка иако се по малку детинести, а има и нафурани типци што мислат дека светот е нивен. Сите велиме постар, врсник ама не бираш во кој ќе се заљубиш, на крај може да е и помал. Инаку конкретен одговор од мене врсник или постар до 5-6 години максимум, помал никако.
Постар дефинитивно! Не садам краставици со деца,не,не,не. Боље постар да ме учи него ли помал да ме мучи
Сум имала постар дечко разликата не беше многу голема 4 години ама со врсник ми е поубаво. Имаме повеќе заеднички работи него со постар..
Кога би ја споредувала врската што ја имав со врсник со сега врската што ја имам со постар дефинитивно ПОСТАР !!!!!
Само со постар сум имала врска. Дечко ми е 3 ипол години постар и слободно може да кажам дека растам покрај него. Се надевам дека ќе почнам да ги применувам неговите паметни совети и нема само да водам инает со сите.
Стварно ме чуди кога некој ќе напише Зар тој не ве смета вас за дете, оти сте помала од него? Мене треба да ме затворат што одам со малолетник. Ама, само 5 месеци е помал од мене. А физички вака, изгледа многу поголем од мене, а е и поискусен. Постар, врсник, сеедно ми е, ако знае да се однесува како што доликува.
Таман прашање.. Дефинитивно поголем од мене..тој треба да биде заштитник да се грижи за мене..а детуле богами ништо не вреди. моментално исто како starbucks идам со врсник т.е поголема сум во месеци..ама на изглед a и однесување ќе му дадете 20-21..таман ми е
Во врска сум со врсник и убаво ни оди... и јас секогаш сум се двоумела дали е подобро едното или другото,и сеуште незнам убаво е со врсник се заедно правите,по исто темпо одите низ животот,а со постар што знам може да е позрел-зависи до човекот ,поозбилен,прошетан... стварно и јас не знам
Сметам дека со врсник не би можела да бидам во врска од причина што уште ми е недозреан некако... (на 21 година) иако има ретки исклучоци... Според мене најдобра разлика 3-5 години.
увек сум бирала 1 или 2 години постар од мене .. со некои од моја возраст не се разбираме очигледно девојките побрзо созреваат од машките
Обавезно да е постар Не зборам за некоја огромна разлика најмногу 5-6 год.Некако повеќе си одговарам со постар дечко,добивам поголемо разбирање,толеранцијата е поголема,а и не ми се случуваат кавги за глупости од типот зошто излезе со другарките а не со мене.Нормално од секое правило постои исклучок,зошто дечкото може да има и 28 години па да се понаша ко да има 15 На крај краева,годините се најмал фактор за да одлучам дали ќе бидам со некого или не
Постар, да сум сингл, би прифатила постар до 9 години. Врсник ми беше само првото момче, и никогаш после него не сум размислувала за врсник или помлад. Можеби само на една вечер и толку. За сериозна врска исклучиво постар на кој му се изиграени играчките. Неможете да споредувате 17 и 27 годишен. Дечко ми е 5 години постар од мене и тоа според мене е идеална разлика во години. Не дај боже да се случи некоја несакана бременост ке барате од 20 годишен или помлад брак? Ретки се тие ретки, да не речам ги нема.
Според мене, најубаво е да биде постар, од 2 до 4 години, ама повеќе не. Иако имам во моето опкружување луѓе што се и по 10 години разлика, и им е одлично, јас не можам да се замислам во таква врска.
Дефинитивно постар.Постар од причина што од него можеш да научиш многу работи,може да ти покаже многу работи,може да ти помогне во многу работи.И да е по стар негде до 5 години. А со врсник не знам,некако не зрело ми размислуваат машкиве барем на оваа возраст која што сум,а таков не ми треба.
Еднаш се имам јавно изјаснато во поглед на ова прашање ! Постар се разбира! До 10 години нека е не ми пречи, 15 години ако е тотал пакеџ, потака не размислувам не ги ни восприемам...! Неможам да се замислам со врсник, или па не дај боже помал од мене, во денешно време поголем дел од машката популација се заглавени во времето, се однесуваат и размислуваат далеку помалу од нивната возраст! Едно прашање на ова тема ја доловува суштината на она што сакам да кажам! - Do you want а male, or a man?
Јас повеќе сум за постар. Барем засега така размислувам. Врснаците мои, уште не ни излегуваат сите по кафичи, камоли женски да фатат. И многу се детинести, мислам, ги гледам во училница како мали деца се тепаат и гонат. Во тинејџерските години нели девојките се понапреди во созревањето од момчињата (а може и понатака да се повисоко раминиште на зрелост де, не сум сигурна ) па си бараат исто некој позрел, поретки се случаите кога врснаци се фаќаат. Е сега, за на факултет и после, можеби и нема да ми пречи да биде врснак. Важно сега вака размислувам
Сепак би избрала постар , нормално не да е многу поголем али 2-3 години тамам .. Мислам дека машките денес размислуваат помалку од нивната возраст !!!