Сепак повозрасен момчињата побавно созреваат од девојчињата па разлика од 4 или 5 години според мене е најдобра
Гласав за постар. Но во врска сум со врсник. Но само бидејќи со партнерот се чувствувам како да е постар од мене, таков став има. Сепак се е до карактерот
Мислам дека со постар е подруго, позрела е врската некако... Меѓутоа ако имам да речеме 23/24 години би свлегла во врска и со врсник.. Најидеална разлика според мене е онаа од 2 до 3 па и 4 години.. Имав негде читано, во некоја статија дека најдобро за здравјето на мажот е да биде со жена помлада од него 7 години.. Со бившиот си бевме така, ама сега ќе умре порано бидејќи има постара женска се зезам, но сериозна сум во врска со тоа што го прочитав во статијата...
Постар. Можеби поради тоа што имаме различни теми за разговор и никогаш не ни е досадно, а и си има искуство повеќе од мене, скоро во секое поле од животот.Може да се научи нешто од нив
Дефинитиво со постар да речеме 2-3 години постар од мене. Што ќе ми е помлад па само да се нервирам затоа што на него сега му дошло времето за шетање. А и постар по искусен
И јас сакам постар... нели ние девојќите сме понапредни од машките... па не би сакала да имам врсник како дечко. Се си мислам дена дечки се однесува и размислува а и дондека е така. Јас и дечкоми сме разлика 3ипол години јас 16,тој 20. И супер ни оди, баш ми се допаѓа како размислува, во врска со се. И убаво функционираме
зависи пошто ако си малолетна не е природно дечкото да е постар од тебе околу 10 години, додека кај полнолетните е подруго
Со постар дефинитивно.Дечко ми е од мене постар 5 години и нема некоја разлика,можам слободно да кажам дека јас сум по зрела и повозрасно се однесувам од него.И за следната врска ако некогаш се случи би барала уште постар
Јас и дечко ми сме година ипол разлика. Шо знам бе, има некои шо претеруваат, пример она 15 години, он 25, тоа не чини. Или како шо прави една моја другарка, она 18 он 28. Ајде бе?
не сум имала момче досега но никогас не би била со некој постар од мене повеке од 3-4 години. но најмногу ми се допагаат моите врсници или оние 1 година постари
Постар, али не многу. Три години разлика најмногу. Дечко ми е постар година и 3-4 месеци, и двајцата сме исто зрели. Некако не ми е сфатливо некои по 10 години разлика што имаат толку заедничко, али сепак за карактери станува збор и кој како ќе си се погоди.