Кога бев помала секогаш мислев дека постар значи подобар, ама како поминуваше времето си сватив дека и не е баш така. Секогаш е релативно, и индивидуално до човекот, вкусот и многу други мали работи. Но кога би требала да одберам, би одбрала врсник без размислување.
Некако не можам да се замислам со постар дечко, можеби 1 до 2 години постар, ама над тоа апсолутно не. Како и да е дефинитивно повеќе сакам врсници или најмногу до една година помал дечко На крај краева се зависи до карактерот и како ќе си се погодите, иако пак кажувам дури и супер да ми е ако ми каже дека има 26 години, а јас имам 20 едноставно не можам да се смислам себе во таква врска.
Постар дефинитивноо,врсниците ми изгледаа како мали деца,никогаш не сум имала накој врсник....еве и маж ми е постар од мене 5 години имаше една поговорка "Постар да те учи,помал да те мучи"
Се согласувам со одговорот над мене, постар дефинитивно. Сите мои врсници ми изгледаат како деца и никогаш не би можела да се замислам со некој од нив.
Сум била во врска и со постар 5 години од мене, повеќе од година дена и со врсник, се додека е дечкото изграден како човек во себе небитна е разликата, двете врски завршија трагично, на крај се заљубив во дечко помлад од мене 3 години, веќе сме во брак месец дена воопшто нема да приметите дека е помлад во понашање и во изглед, така да дефинитивно ни генерација ни постар, оној кој што ќе ви го одбере срцето, без суеверија, без размислувања...
Па постар.. по искусен и може многу да те научи и чува и да се чуствуваш сигурно и се. А додека врсниците некако ко деца да се...
Ма, помал. Добро, што е битно? Нели љубовта е таа што не познаваше години, бла бла and stuff. До човекот е, јас не би се ограничила во години (да се разбереме +5; врсник; -2)
па највише сум сакала да имам дечко ама да е постар од мене барем 4 год мислам дека таа разлика е најдобра според мене.тој е 85 а јас сум 90 и супер ни е
Врсник со кој можам да уживам во се и кој ќе може да ме разбере и да ни бидат интересни истите работи а не некој постар кој поминал низ тоа и тоа што мене ми е интересно на него да не му биде
до душа годините не се важни но кога би морала да бирам дефинитивно со постар.засшто.... хммм едноставен е одговорот поискусен е и има повеќе поминато во животот.
Гласав за опцијата постар.И тука мислам 2 - 3 години постар.Мада љубовта не знае за години.Сепак јас доколку би се прашувала попрво би била со 2-3 години постар дечко од мене отколку со врсни.Тоа е ваљда поради тоа што машките покасно созреваат од женските.Но нели рековме љубовта не знае за години...Можеби еден ден ќе се заљубам во врсник или па помал дечко од мене..Едноставно никогаш не се знае што не чека во животот