Годините немаат голема улога, освен кај што се работи за драстични разлики. Важно е да се погодат на иста бранова должина.
Мојот дечко е постар од мене, и дефинитивно гласам за постар.Мислам дека многу поубаво се сложуваат таквите парови,каде дечкото е неколку години постар.
Со дечко ми сме врсници... дури неполни 2 месеца е помал од мене . Супер си функционираме скоро 2 години, така да според мене годините не се важни.
Ни врсник ни постар , еве јас помал хахахха ДеЧко ми е помал од мене година дена и супер ни е заедно сме веке 2 години . Годините немаат врска доколку има љубов , се разбира мислам на разумен сооднос не огромна разлика . А инаку порано имав мислење дека постарите се поискусни и подобри поразбрани , епа се уверив дека тоа нема врска , некој од мали незе е свесен и добар некој за џабе и години и искуство ако е идиот . Не гледајте години туку карактер , гледајте во неговото срце !
Разлика во години Никогаш не сум сакала да имам дечко врсник. Едноставно не ми се однесуваа зрело, не те разбираат, не си на иста бранова должина, не ми е тоа тоа.. Како да си во врска со дете некое пубертетлија.. Има и исклучоци наравно..
Никогаш не сум имала некој значително постар од мене ,се ми биле врсници , или година -две постари. Актуелниов ми бојфренд ми е врсник ,па прекрасно функционираме веќе 4 ипол години.
Обично велат дека машките созреваат подоцна, ама во нашиов случај веројатно тоа е исклучок. Иако сме врсници, на моменти чувствувам дека јас сум онаа која се уште не пораснала и се плаши од иднината. Би рекла дека тоа е индивидуално. Ќе сретнете машки кои созреваат порано и имаат цврсти ставови нетипични за нивни години, а ќе сретнете и такви за кои уште при првиот разговор ќе си речете: Овој нема никогаш да порасне.
со постар далеку подобра e врската,посозреани се,посериозни,мислат на последиците,спремни да прифатат одговорност,иииии искусни
moze i vrsnik ...razlika najmnogu do 3 godini nisto poveke...barem jas taka mislam i taka sakam [mod-kirilica:30qi3fj5][/mod-kirilica:30qi3fj5]
сум одела и со постар и со врсник.. не приметив некоја посебна разлика, али сепак сум повеќе за врсничка врска