Ако сакаш посериозна врска можеш да пробаш со некој постар но немора да значи дека ќе испадне на моето А Ако си за мување ова она барај врсник или помал од тебе.
Темава баш како за мене, често дискутирам на оваа тема. Постар, не дека генерализирам, ама факт е дека во тој поглед машките поспоро созреваат од нас женските.
Последната врска ми беше со врсник па и помал од мене еден месец. Се чувствував како да излегувам со другар..со дете.. ја немаше таа страст што ја имав со претходните дечковци кои беа постари од мене..па решивме да ставиме крај и да продолжиме како другари кои едвај се познаваат
Мене возраста не ми е важна. Важно е каков е човекот покрај мене. Дали има ум, дали е добар, дали ме цени и почитува, потоа да знае да се снаоѓа и да се соочи со она што животот го носи.
Иако возраста не ми е важна со дечко ми сме врсници Иако сметам дека годините за љубов не се важни,важно е љубов да се има
Секој си има свој критериуми и ставови за темата. Сите ние сме различни и со различни гледишта во животот што сакаме а што не сакаме, што не прави среќни а што не. Да така оваа дилема е базирана врз искуство и желба на поединец. Врска со постар помлад или врсник не е никаков проблем во животот и патување во брачните води, тоа е само една бројка на личноста што не зависи од истата туку зависи од тоа што го поседуваме ние самите внатре и капацитетот на нашиот мозок. Секој со својата судбина избрана врз своите постапки и искуства низ животот. Џабе се годините опишани како бројки кога не секој се справува да изгледа точно на нив, ако двајца партнери немаат доволно од потребното за една врска тогаш годините не си го прават своето ами паметот во нас. Ако е судено да биде и ако се љуби годините се само бројки кои минуваат низ годините и животот. Ништо важно ниту значајно низ мозаикот наречен љубов.
возраста не ми е важна нели љубовта не познава граници и тоа е навистина така сакам да бидам сакана почитувана да добивам внимание да знае да ме цени а тоа нема врска со годините јас еве ке се земам за пример дечко ми е помал од мене една година и што сега ? нормално се оди како подмачкано и ме сака и ме почитува и ми посветува внимание пред се ме цени и нема врска дека е помал од мене битно знае зрело да размислува паметен е тоа ми се допаѓа знае сам да застане на свои нозе знае што сака во животот.
Кас и мм сме врсници . Сум имала пстари дечковци кои во паметот биле пет годишни деца . Ние двајца некако парираме , избувливи сме како тинејџери , сериозни како 60 годишни луѓе и доволно луди како деца од 5 години . Секако,зависи од ситуацијата . Кога се караме сме како 15 годишњаци кога се донесува некоја важна одлука , гледаме на тоа како 60 годишњаци , а кога се работи за ствари како патување некаде , избираме место , се пакуваме и дим фаќаме како 5 годишни деца П.С. Мене години не ми се важни , дали така ми се погодиле мене работите или е до карактерот на човекот покрај мене , незнам . Важно мене да ми парира и да е доволно луд за да не ни е монотоно
Јас преферирам постари, но да не е постар од 55 години. Кога велам да не е постар од 55 години не мислам 55 години постар од мене туку мислам да тој нема повеќе од 55 год. Сега некој ќе рече тоа е многу, ама тоа е некоја рамка не мора да се сфаќа буквално. Мене најмногу ме привлекуваат мажи во некоја средна возраст т.е 10-15 години повозрасни од мене.
Постар секако не би замислила да бидам со некој врсник. Многу одамна имам решено дека никогаш нема да бидам со врсник или помлад од мене, па каков сака нека е.