Па незнам.. моментално е постар од мене 2 години... Но не претерано стар да биде, 10 години.. Туку до кај 5 години нормално.. А врсник,јас не сум нашла до сега што е нормален дечко на мои години.. Се се некои "попалени" (се извинувам на речник) будали
ДЕчко ми е постар од мене 7 години...Во врска сме 1 година и ни оди баш добро. Најчесто се караме во врска со верувањето , тој како поискусен не верува во секој , бидејќи ја има изгубено довербата , а јас како помала и како понаивна верувам во секој и мислам секој ми мисли добро.Околе ова се највеќе ккараме.Иначе од првинта мислев дека баш ќе наидеме на несогласувања но не баш ми се допаѓа како размислува и ми одговара неговото размилување , учам многу работи од него. Според мене битно е во каква средина израснал човекот, со какви луѓе ,колку повеќе има видено човекот толку повеќе знае.Кај некои годините претставуваат само бројка колку имаат живеено , а не колку се приживеале и колку се пораснале.
Искуството ми вели дека постарите ми имаат фатено пик, ама мене не ме интересираат. Имам чувство дека ме набљудуваат како објект за венчавка. Не, фала! Врсниците ми се повод за нервози, болка, глупост, неверување, ама ајде, поинтересни ми се, да речеме. Да не испадне дека генерализирам, сигурно постојат нијанси во овие два типа, меѓутоа, ако се најде некој таков, дајте го да го женам.
Постар дефинитивно. Сакам созреан маж, самоуверен кој знае што сака во животот. Не сакам ''деца'' на моја возраст, иако од дамна престанавме да бидеме деца.
Не ми е битно дали ќе ми биде врсник или неколку години постар, битно ми е начинот на кој размислува и колку е созреан и секако да сме на иста бранова дожина а тука годините не се пресудни
постар поготово ако се работи и за брак засто постар -ке води тој а не пр.некој врсник во ситуација кај сто незнаес сто да правис нема да знае ни тој сто совет да ти да даде а постариот да посто ако не повеке едно 3 крицки леб изедее повеке од тебе -и да згресис ке ти прости посто не си размислила добро во моментот -созревас повеке за разлика од твоите врсниЧки -ке пага на твојата невиност,ке ти верува -и сто е највазно нема да бара др помлада кога веке има до него Од лицно искуство сево ова посто маз ми од мене е 10години разлика но сепак е екстра
10 години не е премногу стар и голема разлика ја имам 21 маз ми има 31 па одлиЧно ни иде се осекам повеке сакана од било кога верувај ми
Се си има свои предности и негативности. СО врсник би можела заедно да ги правите сите глупости, а кога доволно ќе созреете и двајцата и ако стигнете до брак навистина ќе има за што да зборувате на стари години, на што да се сеќавате. Со постар, на вас ви е се ново, а тој веќе го има изодено тој пат по кој вие минете. Мојот маж е постар од мене 7 и пол години, не ми смета разликата воопшто, се труди да ми надокнади за се, а пред се знае како ми вријат хормоните на овие години и совршено се справува со тоа, особено добро се справува(ше) со ПМС. Секогаш зрело размислува, се однесува заштитнички кон мене, води сметка за месечните трошоци (вода,струја,телефон,интернет), значи со еден збор си имам вистински маж до мене ! Ваше е да си одлучите дали сакате момче кое со вас ќе стане маж или пак си сакате уште на почетокот маж до себе.
blond за постов, пре пре убаво кажано, целосно се согласувам со тебе. Можеби ќе се најде и врсник, кој би размислувал по зрело, но дефинитивно годините си го прават своето, колку и да размислува по зрело сепак како што кажа има работи кои сеуште не му се изживеани. Не сум ни за многу постар, тој да размислува за семејство, да го започне "пензионерскиот" живот, а мене да ми се излегува, шета, ужива во животот, сепак да е во граници на нормала , да се има заеднички муабет и разбирање. Пред се толеранција, компромис... Само сметам дека овие работи не зависат од годините, туку од карактерот на човекот. Може и да е неколку години по млад па да е многу по разумен, флексибилен.
Нема правила. Познавам еден дечко, има 42 години. Не е разведен, ниту пак има деца. Сега само што ја откачи мојата многу блиска пријателка. И рече - извини ама јас уште не сум подготвен за сериозно врзување. Живее под кирија со цимер, оди на журки на Ибица, секоја вечер е излезен со другарите на пиво. А ќе си речеш мажите на тие години се попаметни и решаваат други животни проблеми. Е жими таквото што го немам! Познавам уште еден дечко, врсник. Две реченици не знае да сврзе. Изгубен во светот, во животот. Стопиран емотивно некаде во 20тата ако не и порано. Не би се чудела кога сеуште би го фатила како собира сликички во албум за некое светско фудбалско првенство, или европско. Не му се ни чудам што не може никако да фати девојка па ете чат пат си се мувка со млади девојчиња. Му одговара. Сепак има 30 години. А ќе си речете маж и пол. Ахам, да, важи. Ептен. Познавам и трет дечко. Има 25. Одговорен, мил, внимателен, домаќин и културен. Згора и вреден. Си викам, бре види го младово пиле, ама веќе сега е зрел. А ќе си речете ќе брка девојки по дискотеки за една ноќ. Сепак не мува. Си има врска и сосема е одговорен и веќе планира семејство со девојката. На крај не е битно колку години имате вие во однос на овие три примероци извадени од моето секојдневие. Јас само наведов примери на нетипични машки. Очекувате едно, добивате нешто сосема друго. Секој е личност сам за себе, а дали врсник или постар, секој сам ќе си процени според личноста.
Права љубав, године не брои ако тој е тоа што ти треба не играат улога годините, ама јас повеќе сакам повоздрасни и еднаш или два пати сум била во врска со врсник и немам баш некој впечаток. позз
според мене не е пресудно дечкото да биде постар од девојката...во погорепрочитаниот пост на пирамидка,таа убаво кажа дека духовната убавина и зрелост кај сите е различна..можеби девојките побрзо созреваат од машките,но некои може да те изненадат со брзината на созревањето. а што се однесува до тоа дали преферирам постар или помал..имам и такво и такво искуство... одев со еден постар од мене 5-6 години....нервоза невидена...тогаш имаше околу 26-27 год и мотото му беше јас со сите други ,а ти само со мене ..сега одам со 10 месеци помал од мене..далеку попаметен од претходниот...
Незнам можеби грешам ама немам сретнато досега некој на моја возраст со зрело размислување многу поинаку размислувам јас од тие на моја возраст машките како позаостанати да се во развојот од девојчињата Барем 3 години постар да е со некој на моја возраст ќе се степаме за 5 минути
Мислам дека се си зависи до карактерот на личноста. Има и двојки врсници кои добро опстојуваат. Иако најчесто повеќето сакаме постари (барем така мислам), сепак не значи дека некогаш не можеш да наидеш на врсник кој ќе размислува зрело