Паааа, секогаш гледам да е постар од мене затоа што сепак постарите се малце поискусни во секој поглед а и знаат како треба со женско,а врсниците сепак незнаат што да прават па секогаш женските им се криви. Но, доколку тој што ми се свиѓа е колку мене,нема сега да му речам неможе да сме заедно затоа што си колку мене... А за помал никако, не сакам да ме затворат за злоупотребување на малолетници
Постар! Врсниците ми се невидени дечишта. Со некој постар (не некоја голема разлика) се чуствувам како да сме изедначени, па и да се најде некој паметен би бил за мене предизвик
Вереникот мој е 4 години помлад Кога дознав колку години има се размислив,и немаше причина да пропуштам толку добар дечко само заради разликата во години.Нему не му пречеше што сум постара колку мене од почеток што ми пречеше дека е помлад,сега веќе ми е сеедно. Заедно сме три години,заедно живееме и досега несме имале некој проблем особено не околу разликата во годините
Сеедно. Има деца од 25 години, и има момчиња од по 17 - 18 години со завидно ниво на зрелост, со размислувања кои те убиваат. Ако некој ми се допаѓа, ме привлекува и се согласуваме за мене е во ред. Под ова подразбирам дека никогаш не би ме привлекувало дете од 14 години / ова би граничело со педофилија и казниво по закон. Но тоа не значи дека кога јас ќе имам 24 години, не би можела да се заљубам во некој да кажеме 5 години помлад од мене, се е релативно
Си има едно непишано правило: 1. __________________________ Значи си има правило кое вели: - Секогаш избери си помлад партнер. И онака никогаш не созреваат!
Се зависи од личности,сите созреваат во различно време...Така да нема правило,дека тој што е постар е позрел...
Постар е многу подобро бидејки сите кои ми се генерација не се за сериозна врска и сеуште се деца. Нема многу голема разлика помегу 4 и 20 годишно дете. Инаку дечко ми е 5 години постар од мене но има моменти кога навистина се однесува детињасто и тоа ме нервира па, што се може... претпоставувам дека за машките важи она, еднаш дете, секогаш дете.
Jas mislam deka nema vrska toa dali e postar ili vrsnik. Toa najveke zavisi od covekot so koj ste vo vrska... jas imam decko so koj sme vrsnici, no toa ne se primetuva, poradi toa sto znae da razmisluva i kako 30 godisnik, koga e potrebno, a znae i da se sali kako dete od 13 godini.) Ne se soglasuvam so ova deka ako e ti e generacija decko ti deka nema da uspeete da imate seriozna vrska... mojot brat so devojkata se vrsnici, idat negde od 13 godini sega imaat po 20 i idat veke znaci 8 godini, i imaat super, nasuper vrska) ili jas i decko mi isto taka generacija i ideme veke 2 godini i nasite muabeti se sveduvaat na nasata idnina) taka da nema toa pisano praviloo [mod-kirilica:1aylm8a3][/mod-kirilica:1aylm8a3]
Постар или врсник сеедно е доколку ми се допаѓа не гледам колку е години не се во границите на нормалата да речеме постар до 5-6 години врсник исто така може а со помал но веј
Јас не обрнувам многу внимание на тоа. Кога сум заљубена, сеедно ми е. И онака се зависи од личноста.
Секогаш сум била по постарите 3-4 год поголеми од мене,но етее за пусто чудо во моментот ми се допаѓа врсник со кој сме само месец дена разлика
мислам дека најважно во партнерот е да го најдете сето она што вас ке ве прави среќни.најбитно е да ве сака да ва пружи љубов и внимание.а дали е постар или врсник е сосема небитно.
Ако е разликата поголема, многу зависи во кој период од животот ќе се најдат. Не верувам дека ќе им успее на девојка од 15 со дечко од 20 години, и обратно. Може, не велам не, ама за тоа едниот треба да е слеп и да се откаже од своите потреби и да се направат еден куп компромиси, бидејќи ќе се соочат со неколку проблеми плус. Сметам дека годините не би требало да бидат проблем доколку се друго функционира...
А зошто не се вика темава Постар, помлад или врсник? Јас сум за врсник. Сега за сега, така ми е поубаво. Не мора да значи дека ако е постар од мене, е зрел за своите години.
Подобро е да не е многу постар, иако нема врска возраста со зрелоста. Реално ова е земља сељака на брдовитом Балкану , сеуште сме на исто ниво како и пред векови по некои прашања. И нема врска ни Едипов комплекс и цела фрустрација по Фројд, ама има вистина дека и нема баш рамноправен однос со значително постар. Го нема оној необавезен peer-to-peer. Значи на вагата доминација и подреденост, се знае каде ќе натежне и збогувај се со суетата . И сигурна сум дека ќе постои некое инспирирање на нивоата постар брат/помала сестра или учител/ученичка па постојана желба за докажување на вредноста на самата себеси, што долготрајно гледано е напорно и исцрпувачки. Меѓутоа никој не сака да биде подзгазнуван од поискусниот континуирано, а верувам дека ова целосно не може да се избегне. Е, па некои сакаат некој кој ќе го гледаат 24/7 како Богот-Татко, ама па јас и не сум баш во таа категорија, ќе ми настане кога тогаш судир на интереси и непочит кон авторитети бидејќи не би некој да ми мудрува како секогаш е во право и знае многу подобро и од мене што ми треба мене уште пред јас и да помислам на тоа бидејќи фрлил неколку пара чевли повеќе газејќи ја земјава пред мене да ме има на неа или додека исправена сум се шетала под маса тој веќе бил главен тепач во маало. Не мора да е роден во иста година и месец но сакам да е блиску како би споделувале пр. слични спомени за местата на излегување, музиката која се слушала итн и не велам дека ова е неопходно како воздух за сите туку мене ми е баш пожелно. Мислам дека колку е поголема било која рамноправност меѓу партнерите поголеми и се шансите на врската за успех, а врска со врсник или блиску до тоа ветува порамноправни односи без изразена желба за доминација и со поголем акцент на тоа дека зборовите и на двајцата се вреднуваат подеднакво.
Постар од 4 години па нагоре со до 10..а врсник нема шанси,за помал да непрајме муабет..ми се чини овие што се на моја возраст уште не се созреани сеуште летаат со паметот..