Постар да има искуство да те научи на одредни рaботи а не сакам врсник досадно ќе ти биде со него помал исто не сакам затоа што појма си немат од животот Боље старо да ме учи , него младо да ме мучи!
Годините немаат врска... само да не е 12 годишно девојче и 20 годишен маж... тогаш е страшно Мојот дечко е 1 година Помал од мене, и цело време заборавам т.е не ни бројам више колку години има што како...
И јас се согласувам со тебе, и јас мислам дека постар е поубаво, односно да биде барем max 5-6 години постар, јас имам дечко и од мене е постар 4,5 години.Имав лошо искуство со еден мој врсник, јас размислував многу понапредно да речам, општо за се, а тој не се замараше со ништо.Воопшто немавме исто мислење а одевме 3 години Така да, според мене е поубава со постар да бидеш во врска сметам дека имаат повеќе разбирање, подруго размислуваат и слично.Но незначи дека и со врсник е лошо,секако, секој има различен карактер.
Постар, но секогаш не значи дека е подобро, сепак зависи од самиот човек каков е, а многу голема улога има и искуството, дали го има и знае ли да се носи и во добро и во лошо, мислам дека тоа е пресудно, а постар немора да значи и поискусен
Кој да ти знае што ќе се деси утре, каков лепи дечкич со помалку прославени родендени од мене ќе ми влијае, пак по стари години . Е, баш тоа и ме плаши, или ме радува, не знам уствари, не сум стигнала до сите тие брчки на челово, ама оние што комуницираат со ѕвездите (оние на небото бе) велат демек јарците (односно јас, козата) да ти станувале најперверзни по стари години. Во доба кога сите чуваат деца, они трчаат у лов на љубовници и тоа млади, нормално по тие години крцкалчиња се брЌет. Е, во секоја шала пола вистина, така да и во случајов беше така . Јас лично не сум налетала на некој помал од мене да ме плени и шармира, а напротив постари максимум 3 ипол години. Обично некаква магија е посебна што ме замајува, надвор од физичкиот изглед, облеката и се што очиве гледаат, макар што магијата не знам колку крај краева би пуштила коренчиња во умов на козава, доколку физички пак ми е одбивен човекот. Така што никако не си да кажеш, што и како.
порано велев дека НИКОГАШ нема да засакам некој што ми е врсник или пак некој помал од мене, но арно велат НИКОГАШ НЕ ВЕЛИ НИКОГАШ, имам дечко што е 9 месеци поголем од мене и ствааааарно ми е пре пре преубаво ама баш од сите гледни точки.
Дефинитивно постар! Образовани се, можеби и вработени, со оформен карактер, точно знае што сака, а што не сака, има искуство во врските и веќе знае како треба да се однесува кон девојката и бара сериозна врска, а не мување или one-night-stand. Што се однесува до врсниците и помалите дечковци, јас не сум имала врска со помлад, но од искуствата на другарките можам да кажам дека се како бебиња, љубоморни, неверни - а најстрашното е што ги одминуваат годините со вас и потоа сфаќаат дека им треба нешто ново и се безмилосни, во стилот ти благодарам што ме порасна и ме научи на некои работи во животот, ама веќе не ми си потребна!
Мојот дечко е две години помал од мене и ете скоро три години сме заедно и одлично функционираме. Дури можам да кажам дека е многу поодговорен од мене, но одлично се надополнуваме. Ама го запознав на факултет, веќе беше зрела и изградена личност, а не би можела да кажам како би било да сум го запознала пр. јас 18, а тој детиште од 16
на овие години би сакала дечко врсник или 1,2 години поголем но кога ке дојде време за озбилно би сакала поголем
искрено никогаш не би можела да бидам со постар, макар и да е тоа 2-3години..не знам....срам ми е да го погледнам во очи , не знам не можам да објаснам, знаци ептен ако сме година-дена тогаш може
Сум била и со постар и со врсник. Со врсникот „издржав“ поголем период, година и кусур месеци, можеби тоа се должеше на фактот што и двајцата бевме неискусни, си се учевме заедно на се`, од прв бакнеж, па однесување во врска и слични работи. Додека пак, со постариот едвај еден месец дотуркавме, сфатив дека не сум способна да правам такви жртви какви што се бараа од мене, он е познато име во некои си рап води, а јас сеуште никој и ништо, не можев да ги поднесам сите тие настапи, журки, мкнења од еден дел на градот до другиот, излегувања до раните утрински часови и уште ред, ред други работи. Се работеше за разлика од 3 години, мала разлика, но сепак доволна за да сфатам дека границата ми е или една година постар или пак врсник. Зборувам за сега, за моменталните мои години.
Одев со еден колку мене и постар 2 години и не се разликуваа мислам дека сакам зрел дечко негледам години....
имам одено и со врсник и со постар од мене... мислам дека ретко успеваат врските меѓу двајца врсниции... сопред мене 1-2 год е доволна разлика во години за врскаа.. јас имам дечко 1 год постар од мене и баш супер ни оди еве вејќе 6 месеци сме заедноо...а со врсникот што го имав едвај издржав 1 месецц... xD
Врсниците се уште недозреани дечиња искрено. Сите со кои сум била се две години постари од мене, и ниту барале нешто повеќе физички ни ништо. Само со нив можев да направам зрел муабет, да научам нешто, да поразговараме и за малце посериозни теми настрана од журкањето и се останато.
дефинитивно сум за постар. секогаш подобро сум функционирала со постари отколку со мои врсници, можеби затоа што се недораснати сеуште.. како и да е, дефинитивно немам намера да учам некој како да ме баци, а да не зборувам пак за други работи
После некои искуства дефинитивно постар, нормално не 5 или 10 години постар, 2-3 таман е. Овие врснициве, барем на моја возраст (16 години) може слободно да идат на улица и да си играат со џамлии, кој од кој понедораснат.