паа сепак мислам постар...мажите созреваат 4 години покасно од жените ...но дечкоми е година и пол постар паа си одговараме...не е до годините
Да, не е се до годините. Но сепак да не одиме во крајности. Ако разликата е преголема може да дојде до разни несогласувања а и глупаво е тој што ти е дечко да изгледа како да ти е татко. Па не ми смета ни да е некој помал од тебе. Нормално до 1-2 години. Би било интересно.
Не се годините битни но се си има граница. Сакам постари од мене, како што е дечко ми постар од мене 3 години.....но и до 5 години разлика мислам дека е ок...повеќе не. Несакам ни врсници...незнам зошто ама несакам
Па сум имала и врсници и помали од мене а и постари а дефинитивно најдобро е со постар . Сегашниот дечко ми е 3 години постар и многу повекје созреан од моите врсници
Мислам дека за девојчината секогаш е подобро да е ПОСТАР,побрзо созгждреваме и милслам дека со врсниците не се разбираме најдобро!
Јас одсекогаш сум сакала врсници, а и сегашниот ми е врсник па врската ни функционира, повејќе од тоа што сум замислувала Тоа нема врска пошо нема список да си бираш по години,него кој ќе ти се допадне, т.е кој ќе ти го испрати бог тој ќе биде ... само ти си таа или тој што зависите од тоа колку ќе трае врската
Во мојоб случај подобро сум си поминувала со помали отколку со постари.Всушност , мене и не ме привлекуваат постари момци, не ми е својствено... Сепак, најубаво ми е со сегашниов,кој ми е врсник и се си тече како подмачкано...
Годините не се пресудни за успешноста на врската. Се зависи од личностите кои влегуваат во неа, и од нивното залагање (а пред се желба) истата да успее и да опстане. И, нормално, чувствата . Конкретно, дечко ми е помал од мене скоро 3 години, и одлично функционираме веќе 5 години.
Дечко ми е постар од мене 3 години што е за мене доволно, баш го сакам поради тоа, позрел е, ме разбира, ме сфаќа...
сум имала и помал и постар значи од искуство ви казувам подобро е да е постар -посозреан што ќе ви е дете не ќе можете да се разберете за ништо, знаете ние жените сме да не речам попаметни но ке речам,но голема улога имаат и годините ако нп зената има 35 а маското 30 на таа возрас мозно е да се слозуваат но ако се тинеџери нема шанси !!!
Сум имала и постари, и врсници и помали. Се зависи од карактерот. Сум била со постар со памет на врсник, сегашниот дечко со кој сум во врска година дена ми е врсник - но се чувствувам како да одам со постар. Значи се е до ставовите, карактерот и однесувањето на партнерот!