Постар. Што знам ама од секогаш ме привлекувале постари момци,барем 3 години. Врсниците ми беа и сеуште ми се деца со кои не можам да се разберам и ќе се чувствувам како да имам помал брат до мене а за помалите пак да не зборувам,едноставно НЕМА ШАНСИ
Се изначитав, се изначитав и интересно ми е што сепак повеќето мислења се дека годините демек не се битни, туку зрелоста, а потоа следи тврдењето дека постар и поискусен = позрел. Wrong. Може предолг ке излезе постов, ама, сум била и учесник и очевидец во „постар-врсник-помал“ ситуации, и едноставно е запрепастувачки колку овие типци ја побиваат тезата „Искуството не прави позрели/попаметни“. На времето, на мои неполни 17 години, имав дечко кој имаше 21, навидум интересен карактерно, но ништо позрел од моите врсници кои киснеа по интернет играјќи дота и се восхитуваа на пластична груда која им светеше на десктоп. По некое време дознав дека дечкото си шара кај стигне, среќа се откачив навреме. Денеска, со негови 24 години е сеуште истиот. Сигурно е дека има стекнато многу искуства, но пак ништо не сфаќа сериозно. Да не речам, во секој дел од градот си има различна женска, фамилија нема видено со месеци, иако тие го издржуваат. Пари му праќаат по пошта, демек да не си го наруши батето имиџот ако го видат со мајка му, немој. Сегашниот дечко ми е врсник (добро де, помал е неколку месеци ), но јас никогаш немам сретнато некој со толкава интелигенција и разбирање како него. Знае да најде време за се`, се грижи дома за неговите, се грижи за мене, за себе, едноставно е неверојатно снаодлив, грижлив, зрел и паметен. Знам дека и мојава приказна не е нешто порелевантна од горенаведените, бидејќи се` си зависи од индивидуата, но јас лично, би си останала со овој, не би трчала по постар за да созреам, да научам од него, да му дозволам тој да решава за секој наш проблем само затоа што тој поминал низ тоа и демек неговото решение би било пологично, ниту пак можам да си дозволам тој со своето искуство да ме води низ животот. Сакам да научам од свои искуства и грешки, сакам да имам свои спомени од направени глупости, за утре да можам да ги седнам децата и да дадам родителски совет, по некоја смешка, и да кажам дека јас на своја кожа сум ја осетила младоста, а не дека некој од страна ми кажувал како ова било правилно, она не и дека подоцна ке сум се каела. Тоа никако... Јасно дека постојат и постари кои го имаат младиот дух во себе, но сепак, за мене ке си кажам дека иако со дечко ми сме речиси целосно оформени карактерно, сеуште постои оној мал дел од таа „табула раса“ во нас, и интересно ни е тој карактер да си го дополнуваме со ситници кои ни одговараат и ни ја прават врската подобра.
па секако тоа дека не се многу битни годините и возраста но се некако ме влечи ко постар но секако прво одбран
Мажот и жената во современото опшество треба да стојат еден до друг како рамноправни, но во никој случај исти. Разликите треба да се почитуваат и негуваат, бидејќи тие даваат жар во заедничкиот живот.
Абре каков врсник.. или па уште полошо помал. Ауу, не. И онака се знае дека машките покасно созреваат од женските и што ќе ми е некое дете, што нема да знае што е врска и нема да знае како треба да се однесува. Секоја чест на исклучоците, нели. Еве, си знам јас од сопствено искуство, бев со еден што е една година помал од мене и верувам дека не би сакала тоа да го повторам уште еднаш. Додуше, со него најдолго ми траеше - цели 2 месеци замислете , со другиве ако не се лажам максимум една недела, ама добро, до мене било, не ми се свиѓале па сум ги откачувала де. Ама затоа, какви биле тие 2 месеци, да не кажувам. Туку тоа заради пубертетот, почнав да забегувам малку, порано постабилна бев. Него сега и оф топик да не забегувам.. Јас и онака се загледувам во поголеми дечки и тоа бајаги поголеми, од 2 години па натака. Врвот ми беше 8 години постар. Океј, океј знам, незнам кај ми беше паметот тогаш. Сегашниов што ми се свиѓа е 3 години поголем од мене. Работата е што постарите можат да ти го пружат она што помалите не можат, стабилност и сигурност во врската, ќе бидат посериозни, ќе знаат како правилно да постапуваат со тебе.. а што е најважно, ќе бидат повеќе искусни. Ама па затоа, треба да внимаваме и да не не искористат. Со тоа што се поголеми, мислат дека ние сме малечки и демек ништо не сваќаме, па можат да не лажат, изневеруваат и слично. Како и да е, јас сум сепак за поголеми.
Според научните истражувања докажано е дека машките особи подоцна созреваат од женските,иако тоа немора да значи постојат исклучоци,но јас сепак би била за постар барем неколку години )))
Никогаш не сум можела да се замислам да бидам соо врсник уште помалку па со помал. Врсниците ми се многу незрели, се однесуваат како мали деца, секако има исклучоци но и нив никогаш не сум ги гледала како партнери. Бившиот беше една година поголем од мене па пак не можев да се разберам со него. И секогаш ме привлекуваат постари 2-3 години..
До развиеноста на мозокот е .... Годините одамна не се мерило за зрелост . Некои никогаш нема да созреат имале 19 или 99
Постар се разбира не можам да се замислам себеси со врсник или пак со помал НИКОГАШ немам друга работа, со дечиња ќе се занимавам како да не
ако имам прилика да бирам би го иизбрала постариот што знам ако мие врсник мислам дека нема да се согласуваме најдобро .дечкото мие 5 години постар и супер мие и тоа нее некоја голема разлика во год
Сум била и со постари, и со врсници и со помлади, и секоја од овие врски си имала свои доблести и маани.. Но сепак, имајќи предвид дека сум „постара“ од своите години, мене секад најубаво мибило со постари дечковци... Не знам, врсниците ми се некако недозреани, работите што нив им се интересни мене ми се смешни итн итн.... Додека постариот дечко веќе го има проживеано она што моите врсници сега го проживуваат, поискусен е, па со тоа и подобро знае како да третира една жема... Тоа е сепак индивидуално, но мене најмногу ми одговара 4-5 години постар партнер...бар сега засега... За некои 30 години може ќе ми претставува чест кога некој помлад би се вљубил во мене... кој знае
кога бев помала да речеме во тие луди години повекето ми беа врсници а и такви повеке ми одговараа на годините и сериозноста што ја имав во тоа време,но сега кога поинаку гледам на љубовта нормално дека сакам постар дечко,нормално да не е некој дедо 15 или 20години постр од мене туку се подразбира 3,4 или5години преку сила.ние со дечкото сме разлика точно 3години и сметам дека е идеално!
љубовта нема граници како рекле, ако некого сакам не ми е битно дали е постар.. битна е љубовта и чувствата годините воопшто..