Здраво девојки Ми треба совет од вас Се запишав на магистерски,ова сега ми беше прв семестар и полагав само еден предмет ама сакам да прекинам.премногу пари.обврски.неможам да стигнам се.работа предавања испити дома обврски Кој избор би ми бил попаметен?да го ставам во мирување или да си ги земам документите и да се отпишам?и дали знаете дали се плаќа нешто за ова
@NewGirl05 kazi mi kako pomina na pretpriemnishtvo?Tezok li beshe ispitot?I dali profesorot dava prashanja od knigata na srpski?
Здраво, дали има некој запишан на Менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошко и политичко правни истражувања? Споделете искуство, како сте задоволни од предавањата?
и мене истово ме интересира, по што се разликува од менаџментот на човечки ресурси на економски и на филозофски? и дали е признаена дипломата во странство?
На страните на факултетите/институтот ги има програмите и таму може да ги видите и предметите што ќе треба да ги полагате. Секоја програма од различен факултет/институт си има различен пристап а со тоа и различни предмети. Некој ако студирал на економски пологично е да продолжи таму додека пак некој што студирал општествени науки или јазици со програмата од економски може да има многу потешкотии бидејќи таа се фокусира повеќе на стратегија и финансии. Програмата на филозофски има 4 смера што е супер ако сакате да се насочите конкретно кон нешто. И смеровите ги има објаснето во програмата на страната на факултетот. Пак ќе кажам, разгледајте ги програмите и предметите и одлучете што е најсоодветно за вас според додипломските студии за да не си трошите време и пари за џабе и отпосле да сфатите дека ви фалела основа за избраната програма.. Околу признанието во странство немам некоја информација но бидејќи се сите на УКИМ би требало и за постдипломските да важи истото како и за додипломските, но секако најдобро да се јавите во службата за втор циклус на кој факултет и да одлучите да студирате и да прашате таму. Или пак да пишете маил. Мислам дека службите за втор циклус одговараат брзо.
Здраво. Дали може со завршени додипломски студии на Економски факултет - Скопје да се запишат магистерски студии на ФИНКИ?
Можеш на било кој факултет ако имаш 240 ектс кредити и бираш едногодишни постдипломски т.е. со 60 ектс кредити. Барем пред година ипол беше така. Освен ФИНКИ како факултет ако бара да имаш додипломски таму, не знам. Прашај директно во службата за втор циклус на ФИНКИ. Мене информацијата дека може на секој факултет да се запише постдипломски и дека е зависно само од кредитите ми ја дадоа од службата за втор циклус на Економски Факултет.
Zdravo sakam da prasam za magisterska na UGD t.e vtor stepen na studii dali e potrebno da imas ostvereno najmalku 8 prosek ?
На УКИМ освен диплома, даваат и “Додаток на дипломата”. Доколку имаш нешто такво, таму пишува дали имаш пристап до понатамошни студии т.е. можност за продолжување на студиите на втор циклус. Мислам дека без разлика на Универзитетот, просекот е услов за втор циклус студии, само зависи колку, дали е над 8/7.5 или пак 8.5. Јави се во службата за втор циклус на факултетот на кој што планираш да се запишеш и прашај си директно. Најбрзо и наједноставно е тоа.
Разговарај со координаторот ако се запиша, ако не отвори и разгледај ја програмата, сите книги ти се напишани во програмата, многу лесно можеш да видиш на кој јазик се. Јас веке завршив и не сум во тек. Гледам дека имаат некоја нова програма од оваа година, не знам како ќе биде од сега. Лани најголемиот дел од книгите беше на македонски, дел српски и неколку дополнителни литератури на англиски. За предавањата исто, зависи дали ќе има редовни предавања или ќе биде со менторски часови. Ќе ви дадат распоред, не знам кога се предавањата, пак ќе кажам, јас имав менторски часови бидејќи бевме помалце од 5 студенти, истово го пишав неколку пати веќе низ претходните постови. Околу присуството, мислам дека е задолжително. Ако не присуствуваш нема да ти дадат потпис или ќе им останеш на памет како “студентот што никогаш не доаѓа на предавање”. За твое добро би било присуството, ќе ги поминеш сите теми за испити, ќе ти објаснат на што да се фокусираш повеќе околу испитот и сл., и плус, сигурно некогаш ќе ти притреба разбирање од професорите, дали било околу полагање или термин за менторски час и сл., па затоа биди коректна со нив, и тие ќе се коректни со тебе.
Здраво, здраво! Тие што сте се запишале на постдипломски студии да споделите искуства со процесот на запишување? Односно мене ме интерсериа повеќе делот за критериуми за запишување, конкретно на Филолошки факултет. Јас барав и закони, и објавени конкурси и акти на страниците на УКИМ и Филолошкиот факултет. Но освен со завршени 240 ЕКТС кредити, не најдов ништо во врска со останати критериуми, т.е просекот. Па ме интерсерсира, конкретно за на УКИМ, Филолошки или нешто од Филозофски факултет, дали е потребен минимален просек од 8.5 или можеби некој друг просек? Никаде со никаков јавен статут тоа не е средено. Прочитав од членка погоре дека пишува во додаток на дипломата дали се дозволени понатамошни студии, но јас се уште немам дипломирано, па ме интересира дали се важни само освоените кредити како што и законски е објавено, или има дополнителни критериуми како просек над 8.5?
Јас го пишав тоа за дипломата, во мојата диплома така пишува. А дали примаат под тој просек или не, не знам. Затоа, нели е најдобро и најлесно да се јавиш директно на студентски прашања на факултетот кој те интересира? Сите факултети имаат броеви на нивните страни и сметам дека најточна информација ќе ти дадат тие. Поздрав
За магистерски студии не ти треба просек, меѓутоа за да запишеш потоа докторски студии (ако евентуално изразиш желба) потребно е просекот од додипломските да ти биде минимум 8.00. Барем вака беше до пред некое време.