@CameliaMiller И јас имам работено во Грција, и плус скоро секоја година на одмор сум таму, преку трилион пати ме имаат прашано од кај сум, одговорот секогаш ми бил Македонија и никогаш немам наидено на негативна реакција. Спинува ли приказни народов, филуваат ли ствари или едноставно од индивидуален случај прават колективна трагедија не знам ама нешто не штима.
Абе зашто не одвоите време да го погледнете видеото со професорот Апасиев што го постирав, договорот содржи правни пречки и не може да стапи на сила џабе се препирате
Апасиев е во право. Но, повеќе од можно е заобиколување на правото и законите, односно Уставот. Впрочем, како и се до сега. Оти за нас други одлучуваат. Гледаш, Вмро е исто во игра. На Иванов му се закануваат со импичмент. А како ќе го сторат тоа без двотретинско од Вмро, не е јасно. Освен ако потплатиле пратеници, што е многу можно. Ако се случи тоа, Вмро скроз заминува во историјата.
И Грција е против правно не може да го ратификува. И кај нас Има 3 правни пречки кои нема шанса да успеат. Убаво објасни Апасиев за сите 3 посебно. Прва правна пречка: според член бр 3 од Уставот на РМ кој гласи: Меѓународните договори ги склучува единствено претседателот на РМ (Хорхе нема да потпише) 2. Поради кој уставниот суд на РМ ќе го поништи. 3. Треба да има излезеност од 900.000 граѓани на референдум (што не е возможно)
Јас тоа го знам. Го знаат тоа и партиите. Ако имаме владеење на правото, зошто Џафери беше поставен сосема спротивно на законите?! Нимиц даде изјава која нам не ни е во корист. Целата ситуација е во рацете на народот и Вмро. На вториве, ич не им верувам.
Може да ми го цитирате цел член од Уставот, затоа што од она што јас го читам во член 119 вели "Меѓународните договори во името на Република Македонија ги склучува претседателот на Република Македонија. Меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија кога тоа е определено со закон." Законот за склучување меѓународни договори не го споменува прашањето за името под чија ингеренција спаѓа но вели: "За водење на преговори и склучување на меѓународни договори одлучува претседателот на Република Македонија. За водење на преговори и склучување на меѓународни договори за кои, согласно со член 3 став 2 на овој закон е надлежна и Владата, одлучува Владата на Република Македонија." А со оглед на тоа што преговорите за името цело време ги водеше нашата влада (?) од било која партија, претпоставувам дека истата може и да го потпишува договор. Не дека во државава има врска закон и Устав, кој што сака си прави. Патем не сум правник, не ми се јасни ни мене овие работи, но ме заинтересира да читнам нешто, ве молам корегирајте ме каде треба.
@Lianna Anna за жал се согласувам дека немаме функционален правен систем но има една подточка на која не може да влијаеме а тоа е Грчкиот парламент. Мада професорот објасни дека се несоборливи сите правни точки кои се наведени е сега јас не сум правник да знам конкретно да објаснам точка по точка но затоа му верувам на професоров кој е еден од ретките компетенти и објективни личности у земјава.
Денеска Јенс Столтенберг главниот на Нато рече дека може да ни дадат покана 3а членство, Но ќе вле3еме откако ќе ги спроведиме сите обврски. Опо3ицијата и претседателот да 3наат дека ќе ни донесат нестабилност и да мислат што ќе прават, да не си играат со нашата иднина. Не може заради нив да ни ги затвараат вратите пред такви 3начајни соју3и коа сме дошле до решение.
Тууу, сега сите правници испаднавме па ќе толкуваме договори Spoiler Нели ви кажав пред некој ден дека сега вмровците се восхитуваат на Апасиев и Левица?
Апасиев е правник ако не си знаела а вмровци се палат на се што е против сдсм пошто и онака немаат мозок да разМислат а воопшто не се подобри и сдсмовците кои бескомпромисно ја поддржуваат власта без да стават прст на глава дали уствари се исправни одлуките. Кој од кој
Го прочитав некни твоето видување за Левица, и си викам.. ај бе, од кај и' текна сега? Кога тоа, да си била скроз во право Апасиев може да е правник, ама има правници и правници. Други правници велат дека Иванов го прекршува уставот и дека ризикува кривично гонење. Има да се цепнам од смеење, да го лупнат претседателот во притвор и да му припадне правото на потпис на престедателот на сообранието
Секоја чест на Апасиев за стручноста од правен аспект, ама „Бришете ме или ќе ве бришам сите што сте за промена на името, немаме ништо да си кажеме веќе“ (вака некако му беше статусот) не е правилен стил и поента на озбилен политичар и професор. Ме разочаруваат Левица искрено, а изгледаа како многу надежни да станат сериозна партија и трета опција за прогресивни луѓе. Штета.
Те разочарал затоа што Апасиев е добар правник но не и добар политичар, точно дека нема стил на прав политичар затоа што стилот и профилот на политичарот е да лаже, за да бидеш добар политичар треба да калкулираш со народот со хипокризија и искривени вредности, да промовираш она што сака да го слушне народот за да ја придобиеш поддршката е кај Апасиев тоа го нема се согласувам премногу е реален за да биде политичар.
Пошто денеска се донесе 3аконот и се и3гласа со мно3инство, на ред е Ѓорѓе да го потпише, ако не го потпише пак и3гласуваат во собрание , па втотиот пат според уставот е должен да го потпише, ако не ќе следува некоја санкција, или кривична одговорност. Сега Грциве ке достават декаа сме го ратификувале. Ајде идеме напред
Кај нас и експертите по право, за еден ист закон, различни толкувања даваат. Секој го чита и толкува законот од своја перспектива. А сите заедно на глас викаат - законот е дециден
Се дружам јас и со апла вмровци, па претпоставував дека штом тие се воодушевени и зборуваат за Апасиев, кај и да е ќе почнат и низ форумов. @honest girl , го знам многу добро Апасиев, лично се знаеме, и факт е дека е генијалец. Во политиката можеби не се снаоѓа најдобро, но ако ги следеше предизборните дебати лани, се гледаше дека има огромни познавања и аргументирани ставови, ми се чини му немаше рамен во дебатите. Да дополнам, мене лично како политичар од Левица многу повеќе ми се допаѓа Здравко Савески, исто е генијалец но многу поодмерен и не сака многу да се експонира во јавност.
Го слушав на дебати, несомнено е дека е генијалец има премногу познавања само го нема тој политички профил на измамник кој што е потребен за успех. За жал таа е реалноста, "измамник, криминалец, мафија.." е профилот на успешен политичар кој години наназад се докажа дека пали кај народот. Народот претпочита да слуша убави лаги наспроти грди вистини. Ја сум за грда реалност па има простор и да ја опраиме малку но не, мнозинството сака да слушне убави лаги како тоа ќе има "бенефиции и прекрасна иднина" што останува само во имагинацијата додека крупните ѕверки ќе го уживаат тој сон.
@honest girl Кога веќе толку го испофали, се надевам го имаш дадено својот глас за него на последните избори