Да , живеам во Грција , и? сигурно не значи тоа дека се откажав од сопствената држава. Тука во Грција сум со македонски документи (плус дозвола за престој) , и немам бугарски пасош. Така е ,ние што живееме во некои ЕУ држави ја гледаме каква е реалноста овде. Не тече мед и млеко Среќа што и грциве над 60% (општо народот а и партииве) не се согласуваат со договорот склучен со Македонија , секојдневно излегуваат на протести , и да ти кажам прв пат да сум со нив. Навистина се надевам дека ништо нема да испадне од договорот
Детето ти има грчко државјанство и е Еу државјанин,така? Лесно ти е тебе да бидеш против.Што не живеете во Македонија ако во Грција не чини.Проблемот со нив не е што се еу држава ,туку што се неработници и гребатори,и тоа што нив договорот им смета што ти сугерира тебе?
Не бев, ама малку фалеше. Така да горе тоа се ти паѓа во вода. И за безбедност можам да потврдам дека е на нула. Италија на пр. сред бел ден грабеж избегнавме. Јас толку издрогирани персони немам видено никаде. Цути од убавини во ЕУ.
Ма каква нула,пред месец дена бевме во Италија,секаде имаше полициски единици,побезбедно се чувствувам таму него ли во сопствената држава,во Рим на пр.ниеден издрогиран или пијан не видов,а бевме сместени во близина на шпанските скали.Мирно и безбедно навечер. Не генерализирајте.
Па откако исподигнаа изминатите 2,3год се во воздух, нормално ќе има на секое ќоше. И на крај се се сведува дека мнозинството сакаат промена на име за да здуваат од тука, а ние што планираме да останеме кој не шиша. Многу лицемерие. Многу себичност. Жално...
Луње ај да не се лажеме со сила,факт е дека со тие терористички ситуации не беа доволно подготвотвени и имаше такви инциденти. Сега бе3бедносно е подобро и подобро се снаоѓаат со тие ектреми3ми.Факт е дека сегде може да ги има. Друга работа, факт е дека 3емјите во европа имаат подобар систем на живеење, подобар стандард, нас ќе ни треба време но со добивање на преговори ке и3ле3еме од оваа бедна ситуација и ќе се почне да се работи на тие работи. Но со теоријата името не го даваме ништо нема да добиеме само ќе губиме.
Имаше терористички напади,но Не издигале баш се,да не претеруваме и да ги правиме европските држави,Бангладеш. Европските држави се далеку од Македонија во се,не ја идеализирајте земјава . Јас сум за промена,но ке останам тука! А имавме многу можности како семејство да заминеме. Себични сте вие што сте против. Нерационални без грам објективност.Поведени и заведени од лажнопатриотска партија. Себични, бидејки не мислите ни за сопствените ни за идните генерации . Да,баш жално. Што изгубивме сиве овие години со тој инает ?
Не замарајте со вашите глупости. Пополека си легнувате на брашното, а допрва ќе дознаваме што се содржи капитулантскиот договор на Заев и Димитров. Цитирам: Не е точен аргументот дека се сочувани националниот идентитет на Македонците и јазикот, бидејќи тоа се стекнати права. Апсолутно не може тоа некој да го прикажува преку една димна завеса во јавноста дека тоа е некаква придобивка за македонскиот народ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат М Телевизија. – Ние не само што не ги задржавме тие стекнати права туку ги изгубивме, бидејќи сега веќе не сме Македонци, туку сме граѓани на Република Северна Македонија и тоа недвосмислено го кажува премиерот на соседната држава Ципрас и министерот Коѕијас. Од наша страна на тие изјави не слушнав ни еден демант, напротив слушам молк, а молчењето во многу наврати значи одобрување, потенцираше Мицкоски. Мицкоски истакна дека сега во личните карти во државјанство/националност стои Македонско/Macedonian, а во иднина тоа ќе го нема и ќе стои Македонско/Граѓанин на Република Северна Македонија. – Ќе бидеме Македонци во територијата на Северна Македонија, а порано бевме Македонци во цел свет, нагласи Мицкоски. Во врска со јазикот тој посочи дека сега со фуснота ќе се до објаснува јазикот иако никому никогаш и никаде во светот не му беше потребна таа фуснота, а сега самите си ја додадовме таа фуснота. https://republika.mk/930223
И јас бев Италија, Франција, Холандија, Шведска, Унгарија, Белгија, Естонија и Англија.. и немав никаков проблем, никаде Исто Косми. Ни во еден момент не се почувствував дека некој може некаде да ме повреди. Исто потполно ко тебе... ситуација и резонирање!