Не мора да значи. Во Битола протестот на ВМРО-ДПМНЕ крцаше. Илјадници народ. Генерално народот е летаргичен и себичен, посебно новите генерации, но тоа не значи дека утре на референдум ќе гласаат ЗА. Ако договорот беше толку добар зошто го пикираа овој период. Нормално, затоа што има фудбал и одмори.
Тоа е и поентата. Кога народот би бил против промена, не би чекал организирање партиски протести. Јас сум против промена на името, но ни под разно не би отишла на партиски протест на вмро-дпмне.
Дека било стабилно и безбедно во европските држави: 1.Читај... http://www.novosti.rs/vesti/planeta...-napadaca-koji-je-uzvikivao-Alahu-ekber-VIDEO 2.Читај... https://dnevnik.hr/vijesti/svijet/svedska-kamionom-se-zabio-u-ljude-u-srcu-stockholma---472595.html Да не ја полнам странава со страни и докази од терористички напади последниве неколку години во тие ваши безбедни европски земји. Да не раскажувам приказни од мои пријатели камионџии во тоа ваше безбедно ЕУ. Па кога во Македонија го имало ова никогаш. Него од инает може една вреќа сол да изедете и мора по ваше да биде. Што би рекол Кили: Ма не ме јеби. Немам букви не ме цитирај
Мнозинството е против, но поучен од минатото и предавствата и корумпираноста на елитата стана летаргичен и незаинтересиран. Всушност, сите нови генерации што доаѓаат се крајно себични кои ги интересира само една обична евтина забава и на тоа им се сведува целото нивно постоење на овој свет. Врти-сучи не ни се пишува арно. ВМРО-ДПМНЕ не организира протести.
Викаш на време на одмори а? Ај што не е време на годишни одмори, туку и да беше грција ќе беше полна. Фудбалот е побитен од капитулантски договор? Секако. @Mamli 2 пати ми избегна одговор. Што мислиш за веродостојноста на прислушкуваните разговори?
Најголема трагикомедија е тоа што Македонија потпишува срамен и потценувачки договор во момент кога Грција е најслаба во својата понова историја. Презадолжена, економија во кома, социјално и политички крајно нестабилна, не знаат каде тераат. Место да извадиме подобра позиција ние дадовме и тоа кога Грција беше најмоќна и не ни го бараше.
Не, туку народот, а посебно младите генерации се освестени, практични и со изграден свој систем на реални вредности. И им се гади од национализам, клетви и пцовки дури од страна на универзитетски професори, христијански братства, попови спремни со пушки да бранат име, лудаци качени на тенк со руско знаме у рака итн итн.
ВМРО-ДПМНЕ не стои позади протестите во Скопје. На тоа мислев. Забрането им е на членството да учествуваат во било какви протести или инциденти.
Па овци ли се па некој да им забранува или дозволува? Ај ќе видиме на 23ти дали ќе им дозволи газдата. Ептен апсурден муабетов. Името не го даваме ама партијата ни брани да протестираме.
ВМРО-ДПМНЕ има еден куп правни регулативи на нивна страна да го спречат договорот. Вадење лица на улица ништо не менува. Ден два, кршење бла бла и енергијата се канализира во непродуктивност. Само врз себе натоваруваш нови кривични пријави, осуди од меѓународната заедница. Ако ВМРО не го спречи договорот правно тогаш дефинитивно работат за Заев. До сега со ништо не ме разубедија дека не е така, но ќе видиме. Времето ќе каже.
Јас се обложувам дека референдумот ќе биде задолжителен, ВМРО-ДПМНЕ ќе учествувасо повик да гласаат против и референдумот ќе успее. Не постои озбилна политичка партија која има реални шанси да дојде на власт што ќе се осмели да го урне референдумот, таков луксуз може да си дозволат само некои небитни партии кои и онака никогаш за ништо нема да имаат одговорност.. Ова не е мој личен став дека јас сакам да успее референдумот, туку само согледување како стојат работите.
Што на пример за тебе е срамно во договорот и дали си го прочитал? Грција колку и да е слаба таа е членка секаде и секогаш останатите ќе бидат на нејзина страна. Ние сме премногу мали и надвор од се за да можеме да се сметаме за рамноправен партнер во преговорите. Што губи грција ако не се постигнеше договор? Ништо, а ние ќе си седевме во чекална уште 25години за да воопшто почнеме повторно да преговараме. 20 години и кусур сме бивши и тоа не ни пречеше нели? Точно е дека тоа беше референца ама без договор таа ќе ни останеше вечно име. Според мене битно е како надвор те викаат а не како ние дома се нарекуваме. Не е точно дека нема да бидеме повеќе македонци, ние сме биле македонци и кога колеле и беселе, и кога ни менувале презимиња, ни наметнувале туг јазик.... Така да сме биле и ќе бидеме тоа што сме.
Не е играч на 3аев не е тоа точно, се под протисок очигледно од 3ападот не може Мицкоцки да тера инает со нив. А Иванов кога тогаш ќе треба да го потпише, 3ашто ние имаме потреба од 3ападот а не они од нас. Ние сме мала држава.3ависиме од нивните парии.