Povtorno da se bunite, koga jas ili nekoj drug ke napiseme, deka so dogovorov go gubime identitetot. Vistinata e kako shilo, koga togas izleguva na videlina, a ovoj pat ne i' bese potrebno dolgo vreme: https://republika.mk/930190 Aplauz za Zajec, odlicno zavrsena rabota, ne' izbrisa od mapata na narodite.
Строго сум против промена на името,100 пати се изјаснав,викајте ме како сакате,мое мислење си е тоа А уште повеќе инат ме фаќа што се' се одигра некако задкулисно,ама ај,што па се одиграло досега директно на сцена...
Се двоумам дали да не гласам или да гласам против. Одлуката моја е јасна - нема промена на идентитет. Најверојатно ќе гласам против, пошто ако не гласам, другите етнички заедници, плус наивниве од кај нас, предводени и заведени од Феудал-Буржоазискиот Сојуз ќе бидат доволни за да го сменат името на референдум. Всушност, знам дека нема врска, работава е до таму дојдена што не смее да пропадне, ФБСИ (СДСМ, СДССМ) ќе го наместат референдумот или ќе јадат ќотек од спонзорите за земените пари. Доколку не испорачаат во целост, големи се шансите во најмала рака да ја загубат поддршката, а со тоа и власта наскоро, затоа ќе испорачаат, мораат. И на здравје нека ни е промена на идентитет! Ценети, сега за сега - Северни Македонци, антички потомци на Зоран Заев, кој што матна вода од Вардар извади, чума фрли врз национализмот и социјализмот заедно, а нас, неговиот послушен народ, по долгогодишно талкање не изведе низ пустина, жедни, не ослободи од ропството и товарот на културното и историското наследство и кај да е ќе се качи на Водно, таму кај грмушката од која што се слушаат гласови, за да ни ги прочита десетте сајбиски заповеди. Живееме во историски, библиски 2.0, стар завет времиња. Од тука се почна, по втор пат.
Што зборвите море, се снеможив Готово, има да ја нема Македонија, има да исчезнеме, има да не асимилираат, има да не направат швеѓани.. Аха, да... I wish!
Дали вие од дпмне знаете нешто да кажете а тоа да не е некаква навреда кон нашиот премиер и да не кажете нека каква манипулаторна изјава.
Море нека се радуваат што Мицко засега не им го чепкаме Инаку, Мицковски ќе го повика членството да гласа против, со тоа обезбедувајќи кворум и успешност на референдумот
Точно. Бидејќи се за промена на името, ама пред народот да ја изглумат последната улога на 'патриотизам'.
Политички поени. После ќе биде, ете СДС го промени Уставот и името. Гласајте за нас, ние бевме против. Да се прашувам јас, има да бидат избришани од регистар на партии. Леле жими се. Какви подли лаги.
Нема потреба да избришеш ни една партија од регистар. Сите си имаат право да постојат. Само ако можи сите да бидат побалансирани во нивните политики.
И нај нај нај закон. Се вика Устав. Само кај нас не важи. Кај нас партиите и нивните политики се закон.
Јас не знам што толку тешко Ви паѓа промената на името, кога и така ние до сега само за сами себе си бевме Република Македонија, за сите останати Бивша Југословенска Република Македонија. Никогаш за овие години самостојност нигде надвор од границите на нашава држава не сме биле Република Македонија.
Не бе не, се заклавме меѓу себе, се изнавреѓавме за проклетите еу и нато.... Ни раскажуваат приказни, како едниве билее тоооолку лоши, другиве срцки, деви марии... Едниве мислеле лошо, другиве, толку си го сакале народот, да дури и тој што е против нив. А живи ќе ги јадеа. Не битно....уште не можам да сфатам зошто не можат да прифатат дека некој е против промена на име. Одма е груевист и од партија така му кажале.... Е сеа ќе ти кажат дека името уствари не е сега сменето од заев, туку груевски го сменил..а уствари најмалце е битно кој, битно го сменил. И да, многу ми е криво што се дешава на ваков начин. Се колнеше во се најмило, во историја во предци.... Ама, теорија на заговор...ако не го направеше ќе го ликвидираа. Се знае кој диригира со нас.