Ако референдумот успее, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени, согласно договорот со Грција, доколку референдумот за тоа прашање биде обврзувачки и успешен. Ваков развој на настаните најави, меѓу редови, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во четвртокот вечерта, отстранувајќи ги сомневањата дека опозицијата нема да придонесе за постигнување на потребното двотретинско мнозинство за промена на Уставот.
Немаш доказ дека припаѓам на некоја партија. Ти дали знаеш да кажеш нешто друго освен ВМРО вака, Груевски онака? Наместо да тролаш, фокусирај ги мислите и надевај се да не добиете вето од Французите или од некои други, макар што и да ти успее мантрата, ќе влезете во лимбото на Турција. Инаку, Димитров во Топ Тема изјави дека ќе ги разубедуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, човек по човек - со овие зборови. Преку закани, притисоци и обиди за поткуп се владее во оваа земја. На прашањето околу најавите на Неа Демократија дека нема да го прифатат и ќе го менуваат договорот, не даде концизен одговор, рече дека е тоа временски премногу далеку. Значи, немаат претстава како ќе се справуваат со наредната грчка власт. Изгледа дека како влада, не склучија договор со Грција, туку со Сириза. Додуше рече Димитров ВМРО и Неа Димократија да потпишеле нивна спогодба, да видиме што ќе понудат Поздрав и до политичарките кои на бившата тема тврдеа дека мора вакви договори да склопуваат министрите за надворешни работи. Министерот лично кажа дека разгледувале опции и на крај одлучиле договорот да биде потпишан на ниво на министри, по примерот на Времената спогодба од 1995.
Да, и? Нема ништо спорно. После ова, затоа се носи на парламент, па ако се усвои, оди кај претседателод на државата на потпис. Ако претседателот не го потпише, повторно се враќа во сообрание, па ако повторно се усвои, уште еднаш оди кај претседателот, и вториот пат, овој, нема законска основа да го потпише, бидејќи мора. Сега ти е спогодбава, на ниво на предлог амандан за било кој закон, и имаат право министри да го потпишат. За да стапи во сила, мора она погоре да се случи... плус, нели, ќе има и референдум...
Абе кој идентитет,повеке од пола Македонија има бугарски пасоши.Да се заангажира Бугарија може комотно да станеме бугарски народ.Македонија ке си остане со 200 души Македонци.Сто посто сум сигурна оти сите овие што се бунат за имево,ако беше договор на Груевски ке беше супер договор.Со чест на исклучоците.
мене ме интересира овие со бугарски пасоши*и оние што чекаат за бг пасош( дали ке гласаат против додавката на името ? Јас лично сметат референдумот да биде обрзувачки за сите , доколку мнозинството се одлучи за НЕ , ке го почитувам нивното право и тоа е тоа .но доколку се изгласа за ДА . исто така сите треба да го почитуваат тоа ..... Батко мицко не е играч на ЗАЈЕФ бидејки во демократска држава мора сите да излезат на референдум
А до Април има време. Се може да се случи. @bebaa јас мислам дека младинава ќе избега во странција. Ќе останат само постарите и лопужите.
Точно!!! Па и јас и мм планираме да си одиме,како и многу од нашите пријатели,некои веке веке заминати,а некои во план. П.С Немаме бугарски пасош а и не планираме.
Вас од штаб ве учат што да кажете ако сега ви кажат дека е добар договорот со нашиот јужен сосед( со нашиот пријател) вие први ќе излезете во одбрана на договорот ама тоа е што да се прави вие сте личности без сопствено мислење вие сте вмроовци
Е баш тебе те чекавме да ни кажеш за кого да гласаме. Во темава фалат личности како тебе. Поздрав од уште една вмрОВЦА. Чекаме контранапад со @sjdgo
Ценетиот филозоф, професор Ферид Мухиќ! Вреди да се слушнат мислења од паметни и мудри луѓе, академци, професори, филозофи итн. наспроти лаички и наивно да се носат вакви битни одлуки.
Поубаво ВмроОВЦА одколку ВелеПРЕДАВНИК. Сакаш пиво штабот чести Снемав букви не се мачи да ме цитираш Абе ти машко си бил море чоек што стори аватар
Е чест на тие исклучоци имале време да се покаат. Ааа тоа ќе ни кажат од Сдс до кај е состојбава,што планираат. Кај нас у штаб чекаме и го пиеме Вмровското пиво,и чекаме сендвичите да ни ги донесат. Spoiler: .. И јас не следам вести
Многу убаво што го цитираш Џорџ Орвел Сигурно се сеќаваш кога странски медиуми вадеа статии со наслов "Големиот брат владее со Македонија". Сигурно многу убаво си сфатила што сакаа да кажат (ако сакаш линк од статијата кажи ) Патем, тој цитат не е потврдено и дали е воопшто од Орвел, ама овој со сигурност е:
Ja pa koa slusnav za dogovorot si vikam 0%izlezenost od makedonska strana kje ima i pred izvesno vreme gleam komentari od makedonci koi se "za" iskreno ne se nadevav na tolku plitko i povrsno razmisluvanje.. #dissapointed
Иии премиерите (таму присутни) можеа да бидат потписници на договорот, но решија да го сведат на министерско ниво, како Времената спогодба (патем која не беше ниту испочитувана, кога веќе ја спомнав). Некои членови овде убедуваа дека е некакво правило исклучиво министри за надворешни да потпишуваат вакви договори, што излезе дека не е точно. Некои пак, тврдеа дека македонското малцинство во Грција било пресреќно со договорот, што исто така не е точно: https://denesen.mk/hristos-sideropulos-gospod-neka-im-presudi-vremeno-narodot-vechno/ Ете го пак ботот, ВМРО, вмровците, ДПМНЕ, штабот, Грујо и такви 8-9 зборчиња кои му ги кажале и со чија помош треба да составува реченици. Ти реков да не замараш, ракометару, дупли тролу.
Помина времето на фамилијата кога можевте да кажете некој да не си го каже своето мислње сега е слобода и секој си го искажува своето мислење без страв од дпмне и Гвујо