Е ради ова добивме условен датум, затоа што најголемите криминалци од претходната криминална власт си бранат докторат наместо да се во затвор...Колку е веродостојна сликата не знам. Хехе темата на докторскиот...Која иронија човече, мада ја погодил, на место е, бар за оваа човекот е експерт. Он најдобро ги знае економските ефекти од текот на неговиот капитал и на сопартијците.
Па нормално ќе не држат да не одиме кон Русија. И ние не сакаме кон Русија. Ако сакавме, сите ќе бегаа во Русија за подобар живот, не во ЕУ, Америка, Канада, Австралија... Инаку, знам дека нема веднаш да влеземе во ЕУ, не го ни очекував тоа. Не знам зошто вие си мислевте дека годинава ќе се случи? Што се однесува до бугарски пасош: фала, ама не фала. Убав ми е македонскиот. Аииии... Докторска дисертација, на тема: Како со брачко ја испокрадовме државата
@WildMk Луѓево ептен на ,,Тошо" се прават. Реалноста е следна: Дали на ЕУ и е потребна црна дуппка како Македонија? кој фактор држава сме ние, дно, најдно, беда, нула менталитет итн... Можеби , сепак на оваа црна дупка и требаат промени за подобар живот и стандард? Срам ми е да читам, со 200 евра плата, а со 10.300 ден или 8.300 ден просечна плата до пред некоја година , а имаме слични цени на храната како Словенија или Германија ќе ми изиграваат лудило, овде. ПатиЈотченца, грешни...
Чувството кога со буботење и жуборење не може да се омекне Франција, Холандија и Данска. Епа пак нема влез во ЕУ.
Неверојатно се радуваш на помислата да умреме во изолираност и беда Па каква македонка си ти?? Не ти е ли грижа за државата и народот во нејзе?
Изолираност бе Се радувам што нема да влеземе, не сакам мигрантски кампови во државата. Ако материјалното ти го дефинира текот на животот, далеку ќе стигнеш со таква помисла Како што треба да биде секоја Македонка Грижа ми е за државата и за дел од народот, а за предавниците не ми ич гајле.
Најногу ќе страдаат сиромашните и необразованите. А најголем дел од популацијата ни припаѓа во таа група. Материјалното им го дефинира животот на сите оние кои не можат да си дозволат да си ги платат сметките, да купат лекови, да купат доволно храна. Контрадикторна си. Не може да речеш дека се грижиш за народот и државата, а воедно да се радуваш на неговата сиромаштија.
Кои се предавници? Тие што сакаат да напредува Македонија економски? Тие што се залагаат за интеграција во светските структури и проширување на пазарот на производи и труд?
Абе, ние си знаеме, ама сакаме и вие да знаете, за да не ја уназадувате државата која со вашето однесување, можно е и да ја изгубиме. Или можеби, тоа ви е целта?
Вие се залагате за промена на име, двојазичност, потпишување на договор со Бугарија и.т.н. така да одамна знаеме кога е вашата цел ама знаеш што? Нема да ви успее. Мрачете во други држави, пошто оваа држава нема да ја уништите
Ех како ти не знаеш? Ааа баш изгледаш на експерт за секоја тема Подучи малце што значи терминот предавник јас во твојата специјалност не се мешам. Знаеш што? нема да ви успее планот Нема да го смените македонскиот идентитет. Мрачете во други држави.
А кој се обудува да ти го смени идентитетот? Да не сака некој лоботомија да ти направи? Само така може идентитет да смениш некому... да заборави кој е.
Сериозна си со прашања? Уште не знаеш кој се обидува да го промени името на државата? а гледам има поддршка дури и од некои членови тука.
За името знам, ама каква врска има тоа со идентитетот? Идентитетот на секој човек е дел од неговите искуства, сеќавања и информации кои ги добивал во животот. За да ти го 'избрише' некој, треба, буквално, да ти го спржи фронталниот кортекс.
Промената на име, знаме, историја, јазик и сл. е поврзано со идентитетот. Ако ти ја променат историјата ти остануваш без идентитет. Имаш емисии нет едуцирај се. Која е логиката идентитет да е поврзан со искуство или информација?