Дефинитивно ќе гласам за. Ова ќе биде и референдум за: Дали сте за членство во НАТО и ЕУ. Сакале ние или не, двете прашања се тесно поврзани. Далечното минато, е далечно минато. Во скорешното, од осамостојувањето, ништо паметно не направивме. Време е за нов пристап кон решавање на проблемите. Досегашните, се покажаа како неефикасни. Промени се страшни, секогаш, ама без нив нема прогрес.
Некој ,,гарантира,, дека со промената на името ќе влезиме во еу у нато? Ќе ни олеснат пат да си одиме одтука. Бетер од Романија ќе сме... Ајде сега мене не ми одговара,викај се Рајко. Ќе те прекрстам па пак ќе те д***м како сакам. Тоа излегува работата. Убав ден
Нема да излезам да гласам! Референдум за име и независност имаше 1991г. Сменивме име, знаме, Устав. Наредни избори "браќата" ќе бараат и промена на химната, за да се формира влада, зашто 27г молчат кога се пее химната и не ја признаваат за своја. Грбот на државата исто така ќе виде сменет.
Доколку сакаме референдумот да биде неуспешен , не треба да се излегува на гласање.. А ако излеземе и гласаме против тогаш автоматски го подржаваме... И според сите околности Хан кажа дека ќе направи се за да биде успешен.Значи ќе го наместат како што ги наместија изборите
Оние кои што се против промена на името се поделени помеѓу тоа дали да гласаат против или да не излезат на гласање. Ако останат поделени, сигурно губат, бидејќи доволна излезеност ќе има, но гласови ќе нема. Ако сите не излезат на гласање, ќе нема доволно излезеност за референдумот да биде валиден. Доколку ВМРО најде начин преку јасно аргументирање да ги обедини овие, тогаш ќе имаат шанси да ја добијат битката. Велам јасно, бидејќи генерално народов за жал нема капацитет да сврзе у глава повеќе од 5-6 аргументи и е лесно подложен на интелектуални и емоционални манипулации. Албанците секако ќе гласаат против. Решавачкиот глас веројатно ќе го имаат неодредените, непартиски определените, оние несимпатизери на СДС кои гласаа за СДС само со цел да го срушат Груевизмот. Ти ќе бидат и веќе се изложени на силна пропаганда и многу пари ќе се вложат за бомбардирање на нивните умови. Многу луѓе се платени да твитаат, да пишуваат на фејсбук, да прават видеа, фејк вести, фејк фотографии, да даваат ветувања вака ќе биде, така ќе биде, се со цел да ги убедат луѓето - особено оние кои не се крстени во партијата и кои што можат да сменат мислење. Се разбира СДС се во предност од 3 причини: 1. На власт се и затоа имаат поголема позициска моќ и финансии сега за пропаганда. 2. Нивните симпатизери нема да бидат поделени за време на референдумот, туку сите одлучно ќе излезат да гласаат за промена на името. 3. Барем половина Грција стои зад нив. Но, како и на светсково првенство. Изненадувања се и те како можни. Луѓето се освестени за многу лаги и манипулации. Свесни се дека од многу работи се откажаа во минатото и добија „само шипак“ и ниту милиметар не се доближија до ЕУ. Помладите можеби и ќе се подлажат по ЕУ, но постарата генерација е изморена од овие лаги и празни ветувања. Но, нејсе, крајниот резултат ќе зависи од тоа: 1. Колкава е неопределената критична маса 2. Како двете спротиставени пропаганди ќе влијаат на оваа критична маса 3. Дали ВМРО ќе најде начин да ги обедини оние против и оние „не гласам“.
Задолжително ќе излезам и ќе гласам ЗА. Мој став, мое право. Нека се спроведе веќе еднаш оваа промена и нека се стават здрави темели. Почитувам и тие што гласаат за НЕ, не за друго, туку ќе бидат здрава опозиција и ќе укажуваат на неправилности, ќе дигаат ,,рачна,, за да не застрани работава. Мора ова заеднички да го сториме. Општо мислење е дека е режија на светските сили и убедена сум во тоа дека е така. Македонија е мала земја но е стратешка точка за двете најголеми светски сили, ја посакуваат, затоа и не тинтраат вака. И тие што ќе гласаат ЗА и тие што ќе гласаат ПРОТИВ ќе живееме овде.Јасно е дека ќе се сменат многу генерации додека стасаме до ,,ветената земја,, но само едно имам да кажам: каде што има политика-нема правда.
Ако излезам ќе гласам за НЕ. Јас за жал не гледам светла иднина. Гледам само отварање на еден куп нови проблеми и закани. Ќе се дигнат и албанците, ќе бараат двојазичност и со право, зошто многу попуштаме само зошто мислиме дека така ќе биде боље. Ќе бараат и голема Македонија. Ќе се збрише се што имаме. Ќе ни зимаат се. Ќе си најдат причина.(ова не се однесува на албанците, да не се навредат, се однесува на тие што не манишулираат). Ќе ни ги донесат бегалците, а ние како еу ќе мора да ги примиме со широко отворени раце. Па кога ќе почнат да ни силуваат деца, да убиваат како во германија(ама кај смее ова у јавност да се каже). Е тек тогаш ќе кукаме. Па не 9000 минималец ...3000 ќе дојде.... Па место 17 денари лепче, 60 ќе биде. Стварно ми е криво што не гледам светла иднина. И за да одиш надвор ти треба пара и ксмет, а богами и луѓе да те бутнат. А ја тоа сум го немала, го немам и ќе го немам. Така да за мене ова е само лоша одлука.
Навистина мислите дека ќе мрднеме од мртва точка ако влеземе во ЕУ и Нато? Бетер ќе биде. На Бугарите да не им е поарно?
Бугарите имаат 80 лева пензија, или 40 евра како сакаш...а овде се збори за 500 евра плата...ни 10 посто не е пензијата... Со плачење ни збореше жената, вика преку лето што ќе заработиме издавајќи соби, 1000 евра со тоа живееме....
Јас само едно нешто да прашам - свесна си дека "бегалците" се луѓе со име, кои имаат или имале свое семејство, чии деца не се ништо помалку важни од твоето, кои не по своја вина се протерани од своите огништа? Знаеш дека се човечки битија, оние од кои стравуваш да не случајно се приближат? Ништо на овој свет не ме плаши, колку нечовечноста. Ако мислиш дека детето на некоја Сиријка треба да остане и да мизерува и гладува и умре, што кажува тоа за тебе како мајка? Што кажува тоа за тебе како човек? Тимјаник во секој од вас живее. И никој не ми смета на светов, колку вие нечовечните. Вредноста на човечкиот живот СО НИШТО не се мери. И секој од нас индивидуално треба да биде човек. Зошто секоја од нас може да стане сиријска мајка, не заборавајте. Заминав оф топик, но вашиот национализам некако и можам да го сварам. Нечовечноста, несолидарноста, немањето емпатија - не можам.
А и поскапи им се цените откако влегоа во ЕУ. Памтам дека на времето за багателни цени сме купувале облека и други производи. И кај нас цените ќе рипнат во тој случај. Само не знам дали платите ќе ги покачат. Ако сега е тешко да се издржува семејство со 500 евра, како ќе биде тогаш?
До некаде е точно...се сложувам. Ама зошто тогаш германците сакаат да ги протераат кај нас??? Зошто никој не ги сака??? Или ќе се чешаме кога ќе ни чукне на врата??? Проблемот не е површински, иако изгледа така. Фала за навредите.... Ја бар никого не посочувам овде, дека е ваков или онаков.
Тоа е социјална пензија која ја даваат ако не ги исполнуваш условите за пензија, а во семејството ни еден член не зема плата над 780 лева, дури и тоа е минимална, просечната социјална пензија е 118.14 лева. Минималната регуларна пензија во Бугарија за 2017 е 161.38 лева.
Со нестабилен пензиски фонд. Не си свесна дека пензискиот фонд ти е направен пирамидална шема и дека ако продолжи со качување на пензиите со пари кои не може да си ги дозволи јас и ти нема ни да можеме да земеме пензија?
Поради истата причина и јас нема да излезам,ниту некој од моите.Иако може и така да го наместат,ама сепак посигурно е.Нема потпис,нема глас.Доста луѓе ќе го бојкотираат,одредени партии најави ја бојкот со целото нивно членство.Имаше индиции,дека во Шкотска кога беше референдумот пред 2-3 години,дека го наместиле (што е јасно,со оглед на силата која ја поседуваат),нормално со помош на излезеноста.А за кај нас,тоа не е воопшто чудно.Така што воопшто нема да излезам.