Навистина не знаеш што е идентитет? Еве ти дефиниција за национален идентитет: national identity noun a sense of a nation as a cohesive whole, as represented by distinctive traditions, culture, and language. И идентитет, општо: identity noun the fact of being who or what a person or thing is.
Пишувај на македонски Каде гледаш во дефиницијата искуство, информација или спомени? Што ти напишав јас погоре? Дека промената на име, јазик, историја и слично е промена на идентитет. Според тебе не е шија туку врат.
Јазик, култура и традиција. Тоа нема никој да ти го смени. А како гледам искуство, информации и спомени? Па како ги викаш ти јазикот, културата и традицијата? Нели ти се научени, кога си ги добила како информации, од твоето семејство и околината, и ти се врежале во сеќавање. Не знам зошто толку ти е тешко да разбереш?
А ќе ти остане во сеќавање дека некогаш си се родила и живеела во земја со име МАКЕДОНИЈА? Или амнезијата веќе ти ја вшприцале?
Е како не ќе ти остане бе? Ти не се сеќаваш на Југославија? Или ако си малечка, твоите сигурно се сеќаваат, затоа што живееле во нејзе. Тоа не ќе се избриши од историјата. Ќе стои и за името Македонија во СФРЈ и 27 години независност, па ќе стои и за спорот за името, па како се сменало. Тоа не може некој да го оспори. Веќе евидентиран факт е. Да речиш е историја од пред 2000 години, па не се доволно податоци зачувани, ајде-де, ама во денешно време на технологијата, ова вечно ќе стои запишано по хард дискови во светот, и секако во учебници.
Ubavo nekoj pisa na Kajgana Forum ..po se izgleda Macron kje ni go odbrani imeto A taman i klimava pocna da se prilagodue na imevo..steta
А каква врска ви има @carangigia со ситуацијата? Жалете се во штаб, вашиот Заев е тој што не успева да започне преговори со ЕУ. Толку нешта излажа, па и ова. Кога ви беше укажувано дека лаже (подолго време пишував дека некој секако ќе ги блокира евроинтеграциите на Албанија и Македонија), не сакавте да верувате, почнувавте со лични напади, се крстевте како светецот муртински ќе не извлече од т.н. изолација, единствено со Грците да се договориме... сеа па сами сте знаеле дека ќе нема датум и ќе тапкаме во место минимум уште една година... ОК, ако сте знаеле, тоа ве прави соучесници во лагата во која и онака никој не веруваше. Претстави со лоша глума гледаме откако се вашите на власт. А треба само во штаб да инсистирате на работа и реформи. Ама не, вам ви е поинтересно да се расправате со вмровци.
А на пастирот ваш ко божем му е жал,да му беше жал ќе исполнеше пола од ветеното. И ако му беше жал немаше да ги брка дивите пазарџии што обрале 5кг пипер од својата бавча да го продадат и да купат леб. Него на него повеќе му е да го исполни ветеното на друго место,зошто така седна на власт. Ако мисли на народот ќе не задржи тука, нема да не брка по странство и тука има живот ама не со лоповска багра,која мисли за себе. Мислел за народот,жими Ашим од Црнилиште. Ако ви се живее како Македонци живејте ако не метла од Државава,барате Еу живејте во ЕУ,и вие и тој ваш пастир. Ние ќе останеме да живееме макар во беда но ќе цркнеме како чесни Македонци. Не ми требаат пари ако ми го одземат тоа што е мое тоа е Македонија,моите крв дале за Македонија. И сега ти овде ќе објаснуваш и ќе солиш памет на секој член.
Кој дел пред изборите, не ви беше јасен, кога Еу веќе се имаше изјаснето дека до 2025та нема да има проширување? Вие верувавте дека веднаш ќе влезиме, не јас. Знаев што не чека. Свесна сум дека за во Еу, треба прво да си стабилна земја, да се усогласиш со нивните правила, е после дури ќе те примат. Никој не ја спори потребата од внатрешни реформи. Напротив, ова беше само доказ за тоа. Значи, не знам какви вести сте следеле, ама никој не вети автоматски влез во ЕУ. Заев, како прво, не ми е пастир, јас убаво објаснував и во други коментари, дека е марионета во рацете на западниот свет, само кој да чита... Со прескакуљици читате, а не суштината на муабетот. Втора работа, не е омнипотент и омнипрезент Заев, па да има пристап до секој ќош во државава.. не е Бог. Сите ние сме државата, и ниеден смртник, не може да пази паралелно 2 милиони луѓе. Ако сакаме промена, треба сите заедно да работиме. Пет ако прават, 50 ако растураат, никогаш нема да се поправи. Ти може сакаш да цркнеш во беда, но оние кои секојдневно цркнуваат во беда, не мислат така. Не си осетил беда, затоа зборуваш глупости. На луѓето во државав им треба храна, им требаат лекови, им требаат доктори, им требаат институции.. ние ништо немаме.. Немаат работа, се влечкаат за мизерни 2000 денари месецот. И ги лажите баш нив! Ти, кој во животот не си бил во ситуација на социјално семејство, да зборуваш во нивно име! Престанете да ги убедувате луѓето дека им е убаво во државата.
Ајде, потополно си свесна дека отпочнување на преговори не е исто што и автоматски влез во унијата. Заев со месеци убедуваше дека цел на оваа влада е јунска одлука за почеток на пристапните преговори и самиот изјавуваше дека е убеден оти ќе ги добиеме, особено по изнајдениот заеднички јазик со Грција. Значи им даваше лажна надеж на своите избирачи, макар што не мислам дека некој искрено поверувал. Сите знаеме дека имаме театар кој е предвидено да продолжи до наредната година истиов период.
Отпочнување преговори се почнуваат откако ќе ги завршиш реформите Ако не ги знаете правилата за пристап во ЕУ, зошто верувате секому, се' што ќе рече? Секој муабет може да е изваден од контекст, ако не се знае целата слика. А целата слика е се' што ќе рече Заев, Еу, Петко, Трајко, па како - кој одговара на подпрашања. Ако го следиш континуирано процесот, веднаш ќе увидиш која е реалната слика. Затоа се зборува за информирана одлука за застапување на некој политички став. Лук ит ап! Никој не прекрши ветување, вие бевте излажани дека некакво ветување било прекршено.
Не ми спинувај со излишни објаснувања. Убаво ти напишав во штаб да инсистираш на реформите на кои твоите газди никако да се посветат иако имаа повеќе од година време. Ти си таа која гласа за сдс и врши ППП на форумот зашто верува дека ќе ја внесат во ЕУ. Барем од твоето пишување може да се заклучи дека веруваш, но всушност, кај тебе се во прашање ситни партиски интереси, како и кај сите редовни гласачи на сдс, впрочем.
Ако алудираш на зависност од СДСМ или било која партија;не ми треба да ме вработува партија, не ми треба партија за да добијам на суд, не ми треба партија за врски во болница, не ми треба партија да завршам факултет. Значи немам апсолутно никаква лична потреба од ниедна партија. Проблемот е во народот, не во партиите. Објаснив јас и погоре, за да видиме реформи, треба да направиме реформи. Сите, заедно, а не да чекаме од неколкумина. Не е ова научно-фантастичен филм, реалност е.
Извини вака што се мешам а кои реформи чекаш да ги направи Заев?Да не чекаш живот да дојде во македонија?
На грчка плажа За каква промена збориш? За промена на име? Не ни треба таква промена. Прво нека исполни тоа што ветил, нели ќе го продава мерцедесот? Потоа нека ги пушти бомбиците за Смилковко езеро, а не сега да вели дека немал снимка па потоа нека збори за македоштината. Како беше изјавата дур го дишам овој воздух нема да го променам името Македонија и некои поверуваа Што мислиш ако влезеш во ЕУ ќе тече мед и млеко? Со кое право ти кажуваш кој каков живот има, од каде ти знаеш кој какви финансиски или други проблеми имал? Тие што не се жалаат имале тешки ситуации, ама не кукаат пошто се свесни дека од лошото има полошо. Ние сме свесни дека материјалното не е битно, а другите нека си поработат на духовно ниво. Нема потреба да велиш дека некој работи за 2000 ден, ако беше така кафичите и рестораните немаше секој ден да бидат преполни, а уште помалку луѓето немаше да одат по одмори. Нас ни е убаво во државата, оттука нема да си одиме ама нема да дозволиме и нејзино уништување, ако не ти се свиѓа секогаш имаш опција да си заминеш од тука.
Навистина, ништо не си разбрала. На првиот пасус одговорив, на самиот пост кој си го цитирала. На вториот пасус: Има луѓе кои живеат со 2000 социјална помош. Не си чула за нив? Тоа што има во кафичи, не значи дека сите одат во кафичи, туку дека тие што имаат се постојано по кафичи. И не, не одати сите по одмори. Оди разгледај ги другите теми, да видиш дека има такви кои со години не биле на одмор.... ако не познаваш такви во живо. Тебе ти е убава државата, додека си задоволна со парите што ги имаш. Духовното нема да ти нахрани 5 гладни деца, пари требаат. Срамота е што им рече да си одат сите оние кои се незадоволни од државата, а од друга страна не убедуваш дека го сакаш народот, сите, освен предавниците. Епа драга моја, ти си предавник за сет онај народ, кој нема сол во очи да си фрли, кој умира по болниците секојдневно... Замисли се и ти околу својата духовност. Бидејќи според ова што го пишуваш, и немаш многу љубов за светот. Религиозните луѓе веруваат во Бог, кој е љубов, а ти не љубиш, ти само осудуваш.
Заев дур го дише овој воздух ќе не лаже.. Мислам дека ние и онака нема да имаме никаква корист од ЕУ ама ќе имаа Заев нормално за тоа и се бори а на народ ќе им мачка очи со лаги за минимални плати од 500 евра па шо ќе ми е плата од 500 евра за само на сметка да стигне,кога ќе одам на работа ќе ми кажат враќај пола плата назад ако не ти одбивам од следниот месец.Е јака оваа платава ..
Затоа реков дека сите треба да градиме држава, објаснив зошто не може еден или неколкумина. Препрочитај уште еднаш.