1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постигнато е решение за спорот со името

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 18 јуни 2018.

?

Како би се изјасниле на референдум за промена на името?

Анкетата е затворена на 23 април 2020.
  1. Да, за промена на името

    105 глас(а)
    37,2%
  2. Не, против промена на името

    104 глас(а)
    36,9%
  3. Нема да гласам

    73 глас(а)
    25,9%
  1. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    @Kolumbo

    Таквите корекции во анкетата се неопходни поради објективни причини кои ги објаснив.

    Комплетно си ја промашил поентата на варијантите “Нема да гласам”.:D

    Не се работи за тоа,туку одреден процент од тие што нема да гласаат нема да гласаат затоа што имаат комплетна недоверба во се’ што е врзано со политика и политички партии,и традиционално не излегуваат и не гласаат воопшто.

    Исто,и во другата варијанта си ја промашил поентата,се работи за интроспекција ...:D

    Ако не ти е јасно прочитај уште еднаш.

    Да,нема демократски капацитет затоа што:

    -Неговиот систем е прислушување и притисок.Диктатура.Кога е фатен на дело наместо оставка како во секоја нормална демократска држава тој раскажува приказни и националистички бајки.Да те потсетам дека требаше да се случи Диво Насеље за да Мијалков и Јанкулоска се повлечат после жртвите.Тоа што се случи во Диво Насеље беше обид со кој се сакаше целокупната афера да се заташка и да продолжиме да си копаме очи.Уште едно потфрлање на безбедносен план.Ги имале податоците за групата,ја следеле ама ништо не превзеле и оп во Куманово.Приказни за мали деца.

    -Даваше препораки организирани групи да делат шамари во општина Центар.

    Има аудио и видео записи и како тоа изгледа.Неандерталци.

    -Ги исфрли од Парламент пратениците на опозицијата,и одредени договори ги прогласи за тоалетна хартија.

    Ќе ни треба многу тоалетна хартија за да ги исчистиме работите кои Груевски ги остави. :D

    Демократски капацитет кој “тече низ панталони”.:D

    -Се случи 27 Април 2017 и упадот во Собранието на Р.М.Уште едно потфрлање.

    Македонија:демократија во криза.

    -Избегнуваше политички дуели со лидер на опозицијата.Обичен калкулант.

    Значи,околу САД си дојде на мојата теза дека сериозни држави водат политика врз основа на интереси а не врз основа на тоа што изолирана група запалила знаме.:D

    Добро е што имаш придвижување во ставот.I like it.:D

    Околу Johnson Controls...Мој личен став нема да најдеш каде сум против странските инвестиции ...Одредени експерти се против начинот на кој целата работа е спроведена,и од аспект на есапот и од други аспекти како рамноправност и еднаквост на правните субјекти.

    Инаку од вестите во земјава и Светот,американската "Дура аутомотив системс" почнува со изградба на капацитет во Македонија...Остваруваме.:D

    Уште еден жешок шамар за сите оние кои се на руски платен список,а лажат дека Америка не ја сака Македонија.Не не' сакаат.;(:D

    Инаку,Johnson Controls е дојден преку лични контакти и познанства,објаснив...Нормално со сопствени интереси...ТИРЗ како концепт и операционализација(почетна) е во времето на Владата на Георгиевски ...Експертски тимови работеа и на ТИРЗ и на ДДВ(француско-македонска група помеѓу кои и проф.д-р Живко Атанасовски од Економскиот Факултет во Скопје и уште неколку професори ).
    Премногу работи се припишуваат на Груевски за време на неговото министерување во Владата на Георгиевски.Груевски беше потпросечен економист со купена диплома од Економскиот Факултет од Прилеп.Човек кој имаше боксерско и брокерско искуство кои не се баш најадекватни за позицијата Министер за финансии.:D

    Беше послушен партиски играч на Георгиевски кога требаше,и добар координатор на експертски тимови.That’s about it.:DToa што сега брани докторат гледај го во поширок контекст.

    Завршете ја реченицата...Урко е доктор на науки,Латас е доктор на науки,Никола....:D

    За состојбите во Министерството за финансии додека Груевски беше Премиер не мора мене да ме слушаш.

    Слушни го проф.д-р. Трајко Славевски кој како бивш Министер за финансии си поднесе оставка.

    Причините?Сериозно мешање на селски кметови и спонзори на ВМРО во буџетскиот процес.:D

    Просто да не веруваш каде се наоѓаш,дали во институција или во селска задруга која не сака да ги почитува економските логики и законитости.:D

    Ако уште не ти е јасно,те упатувам на серијалот бомби со асоцијација леб и чоколадо,каде Ставрески како бивш Министер за финансии дава осврт за состојбите и нивото на забеганост...:D

    Чоколади и пакетчиња во состојба кога се нема за леб делат оние кои сакаат да веруваме дека Дедо Мраз е реален а децата на овој Свет ги носи Силјан Штркот...:D

    2001 ја спомнуваш во твојот претходен пост...Провери си...:D

    ВМРО во 2001 како носител на власта има обврски по Устав и Закон кои не се исполнети...

    Потфрлиле и треба да одговараат.

    ДУИ за да се елиминира комплетно треба прво да го изгуби легитимитетот кај нивното гласачко тело,а потоа да се третираат како мафијашко-криминална банда која реално се.Тоа е најдобриот начин.

    На минатите избори албанците покажаа поголема демократичност од македонците.

    ДУИ беше во free-fall на последните избори,Острени ја формираше “Унитети” a дополнително неколку видни членови се повлекоа од ДУИ.И другите албански партии солидно поминаа.

    Објавените бомби имаа ефект врз таквиот слободен пад,како и гласовите кои СДСМ ги доби од Албанците.

    Тоа што на избори дел од македонците не излегоа од партискиот начин на размислување и не сфатија како на најдобар начин се елиминираат мафијашко-криминални банди како ДУИ,тоа на друго место.:D

    Ама барем се надевам дека мафијашко-криминалната банда која беше и се'уште е во ВМРО која префрлала државни донации на приватни банкарски сметки ќе ја исчистиме.:D

    ДПМНЕ. Демократска Партија за Македонско Национално Единство.

    Објаснив за каков демократски капацитет се работи...:D

    Околу националното единство,реторика како:

    ”удбаши”,”комуњари”,”соросоиди”,”Лицето Б.Ц.”,”предавници”,”Зајец”...:D

    Околу национализмот,ти посочувам да го прочиташ уште еднаш Крушевскиот Манифест::D
    https://mk.wikipedia.org/wiki/Крушевски_манифест

    “Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија…”:D

    Ако ти е досадно тоа,прочитај за Привремената Влада на Крушевската Република и нејзиниот состав:
    https://mk.wikipedia.org/wiki/Привремена_влада_на_Крушевската_Република

    “Според етникумот и конфесионалноста во владата се нашле: еден Влав - патријаршист, еден Албанец - патријаршист, еден Влав - националист и тројца егзархисти. Затоа Димитар Секулов истакнал дека егзархистите се подготвени да отстапат две места: на еден Турчин и на еден Помак, ако во иднина има потреба од тоа.[5] :D

    Секој член на владата добил посебен ресор, а тие биле поделени и според следниот начин:

    Дину Вангел - претседател на Советот и одговорен за правосудство.

    Ѓорѓи Чаче - секретар на Советот и одговорен за реквизиција.

    Теохар Нешков - касиер и одговорен за финансии.

    Христо Ќурчиев - градоначалник и одговорен за полиција.

    Димитар Секулов - одговорен за прехрана и производство.

    Никола Баљу - одговорен за санитарниот сектор, на Баљу му биле поставени на располагање и лекарите д-р Никола Димко и д-р Батал.":D

    И кркни една салата.Македонска!:D
     
    На Yowannty, WildMk, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Очекуван беше овој потег на владата. Не знам зошто ВМРО се нашле затекнати, кога сите знаевме дека е можно да се случи?
    И одбивањето на Димовски да закаже седница е недемократски. Демократијата не значи само имање права, туку и сносење одговорности. Ако сакаме демократија, треба прво да научиме што значи.

    @Kolumbo , толку не разбра што ти одговорив, и толку погрешни ставови имаш, што само ми потврдува дека Македонија најмногу пати од својот народ, а не од некаква си власт. Точно е, дека како народ сме неспособни да направиме функционална држава, иако е само 2 милиони. И инволвирањето на странците, е најубавото нешто што можело да ни се случи. Мило ми е што им е битно како функционира Балканот... иначе ќе одевме по вода и немаше да постоиме воопшто, туку ќе не поделеа на соседите и фала-пријатно.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Озбилно очекуваше повмровски од гвујо да постапуваат? Па одвај година дена на власт се, шо да очекуваме после година ако ова било очекувано.

    Што да очекуваме од вмро тогаш во некоја идна власт? Ја мислам ги гласавме за да се смени работава

    Ја мислам и на ботовите од министерството за вистина им е срам да ги бранат по фејсбуци, си ќутат барем
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Поврмровски? Од кај тоа сега?

    И што очекуваше ти дека ќе се случи за година?
     
  5. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Кажи ми кога грујо отишол на избори со просто мнозинство гласање на дик? Замисли вмро да беше на власт и ова денешново да го изгласаше баш пред референдум, шо ќе пишуваше фокус и геро?

    За почеток, очекував судството да проработи и да има затвори за прислушувањето, а не јово вангеловски најзаслужниот шо избегаа бегалциве од убк у грција да му стане советник на заев. Очекував реформи, а не заевв лично да раководи со совет за реформи у судство.
    Нема правдања, вмровски биле судиите, ако се вмровски шо тука не смениш некој закон и да ги тргнеш од тие предмети. Ако не можеш резултати да донесеш и правда(секој втор збор на митинзи, живот, правда, слобода и демократија) замини си бе

    За почеток тоа, уште у здравство очекував мнооогу, се останато може да почека.

    Али еве имаат уште десетина месеци, не ли затворат некој голем и условената препорака ќе ја немаат. Јасно се кажува кои се препораките да има одговорност.
    Нема ли одговорност...значи дека се испазариле повторно на штета на народот
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Сите ќе одгвараат. Воопшто не се сомневам во тоа.
     
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Убаво им го тресна Никола Мицевски на комуњарчињата. Не може ребрендирани комуњарчиња да тврдат дека ВМРО е партија која е анти ЕУ или НАТО кога истата партија беше формирана како контра теза на комуњарското југословенско СДСМ.

    “Тој одговори и на обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ се против ЕУ и НАТО посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не е против ЕУ и НАТО туку партијата тоа го има уште во повелбата за формирање уште кога некои од, како што рече, сегашнава власт биле романтични комунистички југоносталгичари.“

    https://kurir.mk/makedonija/vesti/m...-izboren-zakonik-bez-uchestvo-na-opozicijata/
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Па е контра НАТО и ЕУ. Не е битно што ветуваат, битно е што спроведуваат. Секогаш кога е СДСМ на власт, стигнуваме поблиску до евро-атлански интеграции, а кога е ВМРО, се враќаме назад.
    Емпириски доказ.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    70% од гласачкото тело на СДСМ се титоисти. Ептен прогресивна партија. Се кодош до кодош. Каде ќе намирисаат власт и пари таму ќе се тртат. Без разлика какви последици оставаат. Среќа кон крајот на 80-те се појави ВМРО како партија и под притисок се воведе плурализам, парламентарна демократија, приватна сопственост, се избра западниот модел на уредување. За несреќа ВМРО беше тогаш маргинално, па затоа со комуњарите и СДСМ ни се случија несреќните 90-ти.
     
    На Prijatelot и sjdgo им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    ВМРО и демократија, антоними се.
    Не се 70% титоисти, верувај.
     
    На Yowannty и makedonkamak им се допаѓа ова.
  11. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Трчаме да влеземе во организации кои неуморливо стареат и неуморливо се распаѓаат. Резултат на тоа кога немаш власт и народ со визија. ЕУ и НАТО се формирани врз демохристијанските вредности и плуралната демократија со сите свои мани и доблести, но денес ЕУ и НАТО се само организации кои директно и индиректно работат на уништување на Европа.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Да... дефинитивно. Се распаѓа ЕУ. :?:
     
    На Yowannty и makedonkamak им се допаѓа ова.
  13. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Најлошо е што некои мислат дека ние со договорот ние сме и3губиле, небил добар 3а нас и слично, но фактот е таков што никој договор неможе да биде идеален, мора да се направи некаков компромис и 3а другата страна и обратно. Овој договор не идеален но сепак ни ги отвара портите кон еУ и Нато од каде што можеме и да имам бенефит, Нато ние веќе гарант 3а безбедност и непроменливост на граници. СЕкој инвеститор прво што бара е бе3бедност во државата. Второ ќе доаѓаат инвестиции од аМерика повеќе, и ќе ни биде поголем партнер. Со Русите неможеме да бидеме бидејќе финансиски и економски неможеме да се повр3име. Она е повеќе со Источните 3емји и географски сме оддалечени. Србите долго време се соју3ници со нив па ги бомбардираша Нато, со 3ападните 3емји сме географски поблиску е добро е и 3а нас и да ги имаме нивните вредности, борба со корупција, добар правен систем. Само со овој пристап ќе се движиме напред.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Не се распаѓа еУ тое се шпекулации, еу е со3дадена1952 i трае уште. СЕкаде има мани и доблести но они се органи3ирани како економска 3аедница вр3 3аеднечки принципи и правила кои што се внатре во економијатав во државите членки.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kolumbo

    Kolumbo Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.365
    Пол:
    Машки
    Jas go pisuvav mislenjeto i nema sto da proveruvam, eve go citirano, ti proveri si. :D
     
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Некој збесна зашто му пропадна забавата викендот :^: ;( па распали по Изборниот законик? Вазалската хунта in Skopje можеби не се надмина себе овој пат, но го држи темпото.

    Ти барем ги гласаше. Не има и такви што не ги гласавме, а мора да ги трпиме.

    Не можеш да кажуваш дали е демократски/недемократски, ако допрва треба да научиш што значи демократија.

    Каква корист ќе имаш ти од двојазичноста штом не си Албанка? Ако навистина не си Албанка, јас немам доволно фејспалмови по твоиве желби и очекувања.
     
    На Abeja, Rama, Priroden и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ако ВМРО, сака недемократски да се однесува, заслужува да добие еднаков третман за возврат. Ним им се чини, демократија е само право на нешто, а одговорности кога имаат, наудрени се прават. Епа нече мои ове ночи.

    Секој државјанин на РМ има корист од тоа, да се затворат прашања кои се отворени со децении, и сите до сега избегнуваа да ги решат.
     
    Последна измена: 18 јули 2018
  18. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.659
    Пол:
    Женски
    Не е недемократски да бараш техничка влада и да си во исчекување на таа влада која бдв на лидерот на ВМРО му била ветена од Заев.
    Ама Заев кај рече поплука така да ова е недемократски.
    Реално како тргна менување правила на игра 5минути до 12,давање ветување (ако е успешен Референдумот:!: ) на Грција дека ќе се смени име и устав и се,и двојазичноста капак на се.
    Дај не зезај дека има корист секој граѓанин на РМ од двојазичност.НЕМА.
    Во Бт. ич од ич на нема потреба од албански над Стрчин горе можда има,ама вака општо НЕМА.
     
    Последна измена: 18 јули 2018
    На Rama и zuto им се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не напиша дека знаеш што е демократија, туку напиша дека прво треба да научиш. :D
    Ова се твои зборови. Значи не знаеш, а држиш лекции.

    Македонците немаат никаква корист, а штета од ЗУЈ 2018 од кој профитираат единствено припадниците на албанскиот етникум. Интересно е што нивните политички репрезенти не делуваа заинтересирани за такви побарувања, пред Заев да ги пласира.

    Улизувајќи им се за гласови вети нешто што мора да го исполни. Заклучок - јас и ти (повторно, ако не си албанка) немаме никаква корист од двојазичноста, има(ше) Заев и имаат Албанците кои сега чекаат на него да реализира.
    Ова се одамна познати работи, но не е проблем да се повторуваат додека не се запознаете сите.
     
    На Abeja, Rama, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Да дебатираме демократски потези во атмосфера на апсолутно отсуство на демократија и во време кога сите сакаат се' преку ред и со шеми, е апсурд. ВМРО цела деценија констуираше тешко рушлив, недемократски коруптивен систем, и сега, тешко им паднало, оти не им го испочитувал некој правото на демократија? Ма немој. Право на демократија и демократски систем, воопшто, можеш да имаш, кога сите ќе бидеме спремни. Сега, не сме.
    Ене го Димовски, недемократски, отпор дава, не сакал да свика седница, а законска обврска има да го направи тоа. И да е само тој и да е само овој пример... на секој чекор, прават опструкции и кочат процеси, па после.. немало демократија.Демократијата не е само право, туку и одговорност.
    Освен тоа, не е ништо незаконски, од она што власта го спроведува.

    Има, апсолутно има потреба, да се разреши се' што е во врска со тој Рамковниот, пошто се влечка од 2001, и сите као нешто прават, ама до пола, па бавно.. па повуци-потегни. И нема да има ништо одвишок со двојазичноста. Впрочем, дел од Рамковниот е тоа, и дел од устав, скоро 2 децении. Имаме двојазични школи, називи на институции, двојазичност во праламентот, двојазични формулари со години, двојазични документи итн.. И што ќе биде толку страшно во моментот? Оти ќе стои во закон, дека и во Битола албанец има право да пополни формулар на албански јазик?
    И најбитно. Кога ќе се затвори тоа прашање, еднаш-за секогаш, албанските партии, нема да можат повеќе да се повикуваат и да уценуваат со тоа, дека не бил спроведен Рамковниот договор.

    @sjdgo , и за тебе е постов.
     
    Последна измена: 18 јули 2018