Прво плачевте дека ако пропаднел референдумот ќе се испразнела земјава. Кога напишаа дека европскиве ни соседи повеќе се празнат откако се во ЕУ тоа за вас повеќе не е проблем туку било пат кон европскиот сон а проблем било што албанците ќе ја поделеле земјава зошто биле многу. Кога и таа варијанта ви отиде во неповрат за вас проблем станаа месечината радијациските појаси околу планетава и латиницата на @Kolumbo . Знам дека нештата околу договорот се доволно јасни а тие зборуваат дека со член 7 став 2 се утврдува постоење на Македонци и македонско само во Грција додека се што е надвор од неа не е македонско бидејки нема ниту Македонци. Смешки невидени асимилација пар екселанс која се одобрува од владата. Затоа не го тупете многу туку да видиме како да се сопре лудилово. Дали тоа што ќе се избришеме како народ ќе го направи светот поубав? Не. Штом не тогаш ќе се оди на план б бојкот. Ако некој од власта се омрсил јако требало да мисли порано а не сега да си играме како мали деца како да сме кај Заев во двор ќе играме фудбал ама како ќе рече тој зошто топката била негова. Ако е така нека си ја чува за нова или нека си игра сам.
Разликата е, дали сакаш да се исселуваат како бугари или како македонци? Топката не е на Заев. Да беше во него проблемот, ќе го решевме. Проблемот е што светот не не сака вака.
1. Каде го кажал Френсис Бојлд тоа? 2. Кому му го кажал? 3. Што уште кажал? 4. Од каде е превземена веста? Ме интересира да ја прочитам изјавата на англиски, не сум љубител на преводи. Гуглав, барав, ми фали референца. Кој го напишал текстот? Кој е новинарот што стои зад него? Политичка жута штампа, никаква вредност нема текстот.
Колку само знаев дека за веродостојноста на изворот ќе се фатиш. Ќе пробам да го најдам у оригинална форма. Еве задржи се на поентата, дали знаеш за што се' ќе се изјасниме у договорот, го имаш прочитано, го имаш разбрано?
Не реков дека не е веродостоен. Не верувам дека некој би бил толку креативен за да го измисли ова. Реков само дека би сакала целосната изјава на англиски да ја прочитам. Не сакам преводи.
Разликата е дали ќе емигрираат како Бугари или северноМакедонци. Еве гледаме како го реши муртинецот даде се што не смееше да се даде. Нели @Kolumbo пишувал дека никој не не сака а ти негодуваше? Е сега бидејќи како и обично испадна дека човекот бил во право јас ќе додадам дека ако не не сакаат како Македонци нема да не сакаат ниту како северноМакедонци. Мислите дека тоа што за народ ќе пишувало Македонец / граѓанин на Северна Македонија значи останување Македонци. Не е точно туку значи северноМакедонци. Тоа е како Грциве да сакале да не нарекуваат Глупави а по 25 години преговарање да дозволат да пишува Македонец / граѓанин со недостиг од интелигенција. Сега јасно ви е? Ништо не ви е јасно. ПС Не истрчувајте сега со мислење - државјанство е. Треба да знаете дека и во случај на национално изјаснување повторно ке пишува така.
Од кај знаеш дека никој не верува? Не гледате ли дека македонскиов народ не ги сака и ги понижува секаде? На прославата не им дојдоа, вчера ги исвиркуваа во Крушево, на анкети по телевизии, интернет страни и социјални мрежи се гледа резултатот. Иако ниту еден од овие не е клучен показател, сепак не е за потценување и значи многу. Да видиме што ќе каже референдумот, ама јас многу не верувам на регуларност. Како и секогаш досега, постои огромна шанса да си ги наредат коцките по свое.
Тие "некои" што сме против промена на името веруваме. А тоа е поголемото мнозинство од македонскиот народ.
Убаво што рече како и секогаш досега, се надевам мислиш и на периодот пред Зајко. Тоа е начинот на кој фунцкионираат работите во државава не знам зошто на многумина не им е јасно. Во случајов плус е вмешан странски фактор пошто сами ќе се влечеме уште 270 години со споров од 'преголем патриотизам ', и многу јасно е дека кога веќе ке дојде до референдум, истиот ќе помине. Заев се нашол да го спроведе процесот, а исто би сторил и Гвујо ама јбг фуфка под нозе со толку милиони под черга. Ке се додаде географската одредница, и освен тоа што документи ќе промениме, апсолутно се останато ќе ви биде исто во животот. За Србите ќе сме Срби, за Бугарите Бугари, за Грците Грци, а за останатиот дел од светот пак ќе бидеме Македонци. И тоа е тоа, не е крај на светот.
Ок да сте против промена на името, но муабетот за идентитетот, не е валиден. Во идентитет спаѓа култура, традиција, обичаи, јазик... за некои и вероисповест. Со менување на името, ништо од ова нема да се смени. Пак ќе имаме иста култура, традиција, јазик, вероисповест итн. Сто пати го повторив ова по темиве. Можете и да изгуглате, ако не ми верувате дека е тоа идентитет.
Да не ја тупиме многу, секако избегнувам да се надмудрувам и докажувам со вас. Само ми бодеше очи она "никој не ви верува". Страници наназад се испонапишани со истите муабети и не мислам да се повторуваме. Мнозинството од Македонскиот народ верува дека со менување на името ќе се смени идентитетот, не им верува на овие на власт и затоа повеќето се изјаснуваат против...ви одговарало вас или не. А муабети од типот "што би било кога би било" кај мене не поминуваат...ако знаете на што мислам.
Не е 'што би било кога би било', факт е дека идентитетот нема да се смени. Тоа е само дезинформација пуштена од ВМРО. Идентитет носиме во нас, во мозокот ни е. Треба, буквално, некој да ти го оштети фронталниот кортекс, па да заборавиш што си и кој си и се' што знаеш. Затоа ми е криво, што толку непознавање на основни поими има. На страна муабетот: Не сакам да се смени името... И ова сто пати сум го напишала, и пак-и пак се вергла муабет за идентитет.
Индентитетот освен што ти е во мозокот ти е и во личната карта и другите лични документи. Биди ти некоја друга личност на документи, па кажи дека идентитетот не ти е сменет. Јас сакам и во глава и секаде да сум со ист идентитет.
Сега во мозокот си Македонка со античко потекло, во документите си Република Македонија, а за светот си Фиром. Значи не е исто
Не. Во личната карта и другите документи ти ја пишува националноста и државјанството. Националноста е дел од идентитетот, но тоа нема да биде сменето. Сеуште ќе бидеме по националност македонци. По државјанство ќе биде: Република Северна Македонија - односно, во која држава живееме... нели, со новото име. Отвори пасош, ќе видиш. И сега има две графи: Државјанство и Националност.