Најдобро објаснет целиот договор http://brkajrabota.mk/vesti/makedon...a-dogovorot-za-imeto-koi-vredi-da-sa-prociaat Убаво народот ги пречека на Мечкин Камен
Народот на Мечкин камен не е народ туку стока и се надевам не не преставуваат како нација, а уствари можда сме и тоа дно. А со таков памет и глупоќа заслужуваме само лошо, море најлошо. Се собрала багра навивачка, уличарска и им покажала...Боже, боже. Какви работи ве задоволуваат страшно. Безбедна и стабилна држава без нато НЕМАМЕ. Ниту ке ја имаме па кој сака нека биде на власт. Нато ни е спасот, инаку не името, државата ке ни отиде територијално. Вие пак се тресите за името кое ама баш ништо добро не ви донело до сега. Со РМ можете да се сликате само ништо повеќе. Прост народ си е прост и да му нацрташ дека некои нешта се за негово добро, не он па ке вика, ама Македонија. Само не знам како не разбирате дека без нато еден ден ке не распарчаат албанците ако им текне и ако им се присака? Е тогаш вие ке сте криви сите кои сте против договорот. Како не сакате подобро утре, што луѓе ке бевте?
Баграва од Мечкин Камен во споредба со баграта од Шарената револуција е нула. Мене па не ми е јасно како може за својот народ да речеш дека е стока.
Ништо ново и невидено - циркус како по обичај за секоја прослава. Ама ако, нека гледаат сите што народ сме. За жал, вакви поединци ни ја отсликуваат културата.
Вучиќ во врска со македонското референдумско прашање http://expres.mk/vuchikj-igra-majtap-so-referendumskoto-prashanje-na-zaev-video/ На почетокот на 27 минута.
Навивачките групи се бел лист хартија во однос на тендер фамилијата на СДСМ која си делеше огромни пари за иновации кои постојат само во нивните глави и земаше парче леб од многу македонски семејства кои го немаат. Тие се вистинските битанги и криминалци, а не обични родољуби на Мечкин Камен. СДСМ во очај да им успее референдумот ќе апсат, ќе влечат за уши, ќе се закануваат само да им влее страв на обичниот Македонец.
Мислиш тендер фамилијата на Грујо? Ах бе Мамли, Мамли.. не дека СДСМ чинат многу, ама како Грујо и бате Саше што ја испердашија државата, никој друг нема од тој ранг... Барем овие, на реакции од народот, повлекуваат одлуки... А бате Саше, ред во носот, ред во уста, ред на ку*от... А Грујо... и од позади.. Бога ми.. И се' на Белизе.. 5 милијарди евра опељашија, пола приватни фирми во МК се суште нивни!! Да не ги запреа... за некоја година, Македонија ќе беше само сеќавање во историските учебници...
Малку историја и факти за “руското“ ВМРО и “евроатлантското“ СДСМ. Со солзи во очите за Тито, правец во НАТО!!! http://netpress.com.mk/so-solzi-vo-ocite-za-tito-pravec-vo-nato/ “Партијата која себе си се декларира за наследник на Комунистичката партија на Југославија/Македонија, која, меѓу другото, на таа основа се стекна со огромен недвижен имот, која во деновите на осамостојувањето на македонската држава, не’ убедуваше дека за Република Македонија и македонскиот народ нема друга алтернатива освен најитно да се качиме на возот за Белград. Партија која беше дел од „комунистичката закана“ за западните демократии, а која по секоја цена сакаше да ја задржи Република Македонија во новозамислената творба на Слободан Милошевиќ, на човекот кој нецела деценија потоа војуваше токму со денешните господари на СДСМ. Партијата која пред само неколку дена враќајќи ги зборовите на Тито на старата железничка станица, уште еднаш потврди дека останува верна на комунизмот.“
За некого филмови, а за некого чиста реалност и факти. 60-70% од членството на СДСМ се со крокодилски солзи за Тито и Југославија
Не знам... може оние што се над 60, пошто им е сеќавање од младоста и 'колку било убаво тогаш'. Младите кои ги знам, а се во партија или симпатизери, ич не ги интерсира СФРЈ.
Како па да не. Затоа на митинзи на СДСМ се вееше југословенското знаме, а и функционери на СДСМ се сликаа со југословенско знаме. Живеј си ти во илузија. Тоа е нивното гласачко тело - Југословените.
Така е де. Треба да му бидеме благодарни на Тито, а не на 29,000 жртви на војната. Не треба да бидеме благодарни на илјадници револуционери и чети на ВМРО. Македонските партизани се до 1944 година не беа со југословенските, а на првото заседание на АСНОМ се пееше химната „Изгреј зоро на слободата“, т.е. химната на Македонците и ВМРО. Најголем дел од борците во НОБ не беа никакви комунисти, туку македонски патриоти. Некои факти треба да се прочитаат пред да се дискутира нешто.
Да не се Србите, Македонија не би постоела, искрено не сум за Еу, голема работа да бидеме во Еу, и тие се свртеа на страната на Грците, на крај само алб ќе ни бидат ''браќа'' како што тргнало.