Не се секирај ја иам чукнато за ова главата имам видено бегалци низ градов и во мало мое Како се кријат и крадат по подрумите имам видено како ги гледат сите жени тој поглед никогаш нема да го заборавам!Тој поглед вечно ќе ме плаши Има бегалци што ств им треба помош ама има и бегалци ЛЕБАРКИ! Нека влеземе во еу ама името НЕ
Никој. Тоа е проблемот. Никој не дава гаранција дека ќе биде подобро. Како што ги покачија платите, така и ќе овозможат подобар живот ако влеземе во ЕУ.
Znaes mislam na site vas sto ste protiv, vi e strav od promeni. Naviknati so godini da bide se isto, vi e strav da ja smenite sigurnata zona pa makar i na svoja steta. Mnogu izgubivme. I ke izgubime ako prodolzime da tapkame vo mesto.
Страв ми многу....само лошо сум видела....посебно од нашиве. Ајде ќе видиме што ќе биде, и така народот не се прашувал никогаш. Ама да знаат сите вака нормален муабет да направат супер ќе е... Ти благодарам на разбирањето.
Дали знае некој, дали дијаспората ќе има право на глас на референдумот? Јас сум за да имаат, ама да дојдат во Македонија на гласање. Како што направи Ирска за новиот закон за абортус. Кој сакаше, си долета во Ирска и си гласаше.
Би требало да има право. Ама тешко да дојдат да гласаат. А на интернет први се да коментираат. А да се нафати некој да долета кај нас, тешка работа.
Граѓаните на РМ кои живеат надвор од нејзините граници имаат право да гласаат на избори. Тоа право е утврдено со Уставот на РМ и нема правен акт со кој може да им биде забрането или ограничено тоа право врз основа на местото на живеење. Изборниот законик не е акт со кој се дава правото на глас, туку е акт со кој се овозможува, односно се утврдува начинот на кој граѓаните на РМ кои живеат надвор од нејзините граници ќе го остварат тоа право. Обично амбасадите таму служат и за тоа, ама мислам еднаш не им се даде таа можност, па тие што сакаа, мораа да дојдат тука да гласаат. Е сега, дијаспора е широк поим. Не смее да гласа на пример некој со истечен пасош и лична карта. А за обнова на пасош, треба да има малку поригорозни мерки. Не може некој што е иселен 30 години од државава и се асимилирал таму некаде, без никакви инвестиции во државава (данок, земјиште, бизнис инвестиции), да има право да одлучува за нас и да ги користи бенефитите од државата.
Друже, па ние по ваквите плукаме. Токму овие се најгласни и најповредени од 'промената ' на името. Со кое право и логика треба да им се дозволи да одлучат за прашање и одлука од било кој тип што се тиче државава. Никогаш не би им дала право на глас дури и да има свети устав да им го дозволува спротивното.
Знам дека тие се најгласни и најповредени и најголеми патриоти што ја носат Македонија во срцето и ја љубат од дистанца. Али сеедно дали ја или ти ќе им дадеме право на глас, битно е што вели уставот. За се поинаку ќе треба граѓанска војна. Би било добро да има ограничување колку долго смее да си отсутен од државава за да имаш право на глас. Ама не знам што точно вели уставот по ова прашање.
Легнал човек болен ама никој не му давал гаранции дека ќе оздрави. Земал сам си ги скратил маките, не правејќи ништо за утре да му е поарно.
Од уставен и правен аспект нашата држава нема бенефит доколку се промени името. Економскиот стандард е исто знак прашање колку би се подобрил од ваквиот исход. Со секое заокружено ,,да" плаќаме превисока цена. Така беше и со изборот лани, кога беше ветувано многу, а за возврат не се доби апсолутно ништо.
Многу сте песимисти. Јас мислев јас сум, цело време сум незадоволна нешто од државата, светот, универзумот... Вас кога ве читам, ја и оптимист ќе испаднам. Немам ништо против, подобро за мене.
За! Оти си ги испо-отрувте душите и не испо-отрувте со пусти црни сценарија. Оти цела енергија си ја вложивте во измислување црни сценарија и заплашување. Редно е енергијата да се насочи кон посветла иднина. За сите.
1. Ќе се отворат европските фондови за унапредување на економијата 2.Се очекува поголем прилив на странски инвестиции 3.нафтоводот во кој беа вложени толку многу пари (кој лапна-лапна) застана, веќе 5 години стои.Сега ќе се најде решение, веќе имало преговори и со Хеленик Петролеум за пренос на гориво од Греција кон македонија 4.Ќе се отворат нови гранични премини за да се зголеми и трговската и туристичката размена 5.Во поглед на соработка ќе се намалат бирократските и административните работи, воедно ке има и даночни олеснувања Ова само за почеток.
А ти што мислиш, како се покачуваат плати? Ако не сфати што напиша @referentka и што значи тоа, што да ти правам Вие битно името не го давајте