Кај и да е, ќе почнат твоите со притисоци, всушност слушам дека веќе почнале, работни места, ова-она. Ама џабе. Преголема е бројката на неистомисленици за да успеат да ги заплашат. Ех. Некои прашања не заслужуваат одговор.
Моментално целото раководство на СДСМ работи на тоа да го изнесе целиот народ кој е против договорот за да гласаат со НЕ и така да исполнат процент на излезност. Со оглед на тоа дека има многу народ кој е приучен, недоучен, не разбира политика, не прати социјални мрежи и лесно може да се манипулира со нив. Затоа ставаат 15 прашања на референдумот.
Зашто инаку би спремале терен за ново насилие врз Уставот и народот со изјави од типот “ако народот не успее да одлучи, институциите ке мора да одлучат“ Забораваат само дека не им застарува делото
Знаат они како функционира бојкотот, затоа и ги имаат впрегнато сите нивни кучиња за закани и заплашувања... Само нема кој да им се плаши
Види, кога станува за такви луѓе - изроди, мене баш и ништо не ме чуди. Му го пафнале на сатаната они уште одамна и веќе немаат ништо човечко во нив. Се надевам на МИР ... но многу пати у животов сум се надевал само на добро а испаднало спротивно се...
Не се тоа вмровски тактики туку се ваши идеи и проекции, одраз на самите вас. ВМРО победуваше на избори затоа што народот САКАШЕ да гласа за нив и ги преферираше пред сдс, не затоа што беше принудуван. Врежете си ја вистината во главите и не ширете веќе лаги за некаков 11-годишен режим.
Преку бојкот и неисполнет цензус, опозицијата ќе има аргументи институционално да го блокира договорот.
Па мои не се. Пошто не сум политичар, ниту имам амбиции да бидам. А дека ВМРО победуваше оти народот сакал, тоа на друг да му го кажуваш... оние кои веруваат во приказни.
Не ни мислев дека си политичар. Се осврнав на менталниот склоп на сите кои гравитирате околу сдс. Твои се, затоа што гласаш за нив и затоа што ги застапуваш нивните интереси. Тебе не те интересира што сака народот и што му треба, важно сдс да ти е на власт, прочитај си погоре што пишуваш: „супер било ако има притисоци воочи референдумот, и ти би исто така“ Наводниот режим на ВМРО е прикаска, мит и обид за перење мозоци кој ќе ви го разбивам секогаш. Единствениот страв што го поттикнуваше народот да гласа за ДПМНЕ, беше стравот сдс да се врати на власт со своите погубни политики, еве веќе полека реализирани.
Па не може ВМРО да ги чувствувам за блиски, затоа што по убедување сум левичар. И СДСМ не се левичари, но се полево од ВМРО. Прво имам мислење за нешто, потоа гледам со чија 'идеологија' ми се поклопува, а не обратно. Иако можам слободно да речам, дека идеологија во партиите кај нас е само на папиру, во реалност, многу ретко, и во мали дози. Од секогаш сум била про ЕУ ориентирана, затоа што нивниот систем е најблиску до она што за мене значи добар систем, условно речено. Не е одличен, ама е најблиску до она што го замислувам како солидно општество. Сум за рамноправност, функционални институции, правна држава. Кај нас го нема тоа ни малку. Имало влади на ВМРО кои не работеле толку лошо, за кои не сум имала толку големи забелешки, колку за онаа под водство на Груевски. И тоа никој не може да ми го претстави во поинакво светло, па колку и да се труди. СДСМ, никогаш не ги бивало за внатрешна политика. За надворешна, по мои убедувања, да. Поради фактот што во пракса работат на тоа да се доближиме до ЕУ интеграциии, за што реков, дека ми е многу битно. Им давам простор, уште година максимум, да го средат тоа, да ги затворат сите прашања кои се од надворешно-политички карактер и дипломатија, исто како и прашањата што произлегуваат од Рамковниот договор, и потоа очекувам силен осврт кон внатрешната политика и економската состојба. Не знам дали ќе биде така, но се надевам. Секако, ако потфрлат, на наредни избори нема да гласам за нив. Правило ми е тоа: Гласам за левичари, не секогаш за СДСМ. И не гледам никаков проблем во тоа, исто како што не гледам никаков проблем во она, десничар по убедување, да си гласа за десничарски партии.
Тој што сака да гласа ќе гласа и ќе одлучи, со бојкотирање ништо не се постигнува. Јас не можам да се изначудам што е толку убаво во државава сиве овие години нана3ад? Нас ако не при3нале како Република.М. тоа е само билатерално меѓу државно ниво. Ние на друг начин односно официјално пред светот сме Фиром никој нека не се 3аблудува. Само дома сме си ова име. Што вреди кога ма меѓународно сме Фиром на секоја манифестација? Со новата одредница исто ќе ни биде името, и 3а внатре 3а меѓународни односи и нема да имаме ра3лика. Идентитетот ни е врежан во кодовие наши тоа никој неможе да ни го и3брише ние сме специфични и како народ нацијаи сл, тоа е суштинатаа, башка што ја имама шансата да си ја осигураме иднината и на бе3бедносен план , а и на економски, социјален, итн.
Да, нека гласа секој според своите убедувања. И што со тоа? Што ако ВМРО-ДПМНЕ победи на последните парламентарни, кога исто како да не се случило. сдс беа устоличени вака или онака, милум-силум, јасно ни е на кои начини. Знам дека при такви околности ти не гледаш никаков проблем.
Си дојдоа на власт законски, тоа што некому не му се допаѓа тоа, не е проблем нивни, а уште помалку мој.
Еј ете ти издржан "изговор-"чичо Зајеф, абе цел ден љути пиперки љупам, не можев да го држам пенкалото рацете ме болат, затоа не излегов на референдум, не од што не сакав и бојкотирав. Си ја утнала темата, вицеви се на друго место.
Како беше онаа за Црвенкапа?! Волкот не и се меша на Црвенкапа, дали она ќе собира јагоди или капини во шумата. Нејзина кошница, нејзина демократија. Битно е она да искочи у шумата. Да, со БОЈКОТ многу се постигнува. Како што ти си одлучила да искочиш на референдум, така и ние мнозинството се одлучивме за БОЈКОТ. Ете, ставот на мнозинството е да не изрази став на референдумот ... Просто ко граф