1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постигнато е решение за спорот со името

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 18 јуни 2018.

?

Како би се изјасниле на референдум за промена на името?

Анкетата е затворена на 23 април 2020.
  1. Да, за промена на името

    105 глас(а)
    37,2%
  2. Не, против промена на името

    104 глас(а)
    36,9%
  3. Нема да гласам

    73 глас(а)
    25,9%
  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Името не го смени Грујо пошо знаеше дека тоа ќе значи крај на неговото политичко виреење, сакаше вечно да владее и да билда политички поени на лажен патриотизам. Овој сегашниов гарантирал некаде( на едно скопско брдо) дека ако дојде на власт ќе го реши спорот и така наштимаа да дојде на власт.
    Дали Фиром или Северна, факт е дека никогаш нема да бидеме РМ, тоа е кога за противник имаш гигант кој нема да дозволи да се самоопределиш. Зборете ми за европски вредности.
     
    На smile:) и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    До сега не сум слушнала дека враќаат 5.000 на газдите . Ако е така , тогаш постои дупка во законот и треба итно да се реши . За спорот со Бугарија , немам коментар . Историјата треба добро да ја истражат стручни лица и според тоа да се среди проблемот . Јас не сум историчар , ниту сум читала историски книги и биографии на историски личности , за да знам како да се реши проблемот . Да имаше кадар како што треба , до сега и во ЕУ ќе бевме .

    За Албанија , не може да ни стави вето , затоа што и ние може да им ставиме на нив ( имаме Македонци во пограничните општини што се декларираат како Македонци ) .
     
  3. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    А зошто да се "истражува" историјата? Зарем досега малку има пишани докази и факти за се?

    Треба да докажуваме и "истражуваме"дека бугарите не биле фашисти во Македонија,дека не убивале и затворале македонци, туку сме биле побратими и добрососеди со нив?? Или треба да истражиме од кој бугарски дијалект е македонскиот јазик??
    Не гледаш дека "нашите експерти" и тебе германка би те направиле ако им шушне некој "две чрвени" во џеб??
     
    На H.VAGA, Stache, Ева33 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Затоа што очигледно " доказите " не се доволно убедливи . А и " експертите " исто . А мене никој не може да ме направи ништо со сила . Јас ако сакам ќе се пишам и Афроамериканка. Ама некој да ми наметне дека СУМ Афроамериканка , без јас да сакам , не може . Јас се чувствувам како Македонка , без разлика дали сме Северна , Јужна или дужна . Не ЕУ , кој сака нека дојде , јас ќе му кажам како се чувствувам лично јас . А вас ако ви е битно како ќе се вика државата , а не како вие се чувствувате , тоа е ваша работа . И онака никогаш не сме биле Македонија .
     
  5. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    За кого не се убедливи доказите? За бугарите? За грците?
    Какви докази да им приложиме на бугариве за да ги "удостоиме" нивните желби (бидејќи очигледно сакаат да се прикажат во сосема друго издање)? НАШИТЕ СПАСИТЕЛИ?!?!

    Како што тебе неможе никој да те смени со сила, би требало да ти е јасно дека сиве овие договори Македонија буквално "ја силуваа" се во името на "добрососедски односи", (кои патен ни Д немаат од добро,) ЕУ,НАТО...

    Исто како да дојде некој да ти рече од утре мора да бидеш Афроамериканка(а се чувствуваш како македонка,не сакаш да смениш ништо)убаво ќе си живееш, во богата фамилија ќе одиш (Нели МК ја омажија во богата фамилија (facepalm) ) полна ќе ти биде трпезата и џебот....и оп....ништо од тоа....само те искористиле да се "прекрстиш" и остануваш со прстот во уста,те искористиле за некои свои цели..Иста ситуација е и со договориве,капиши!

    Јас може и како Јапонка да се чувствувам,ама не сум....
    Не е исто како ти се чувствуваш,и кој е твојот вистински идентитет,фолклор,јазик,култура...
     
    На H.VAGA, Stache, BeastceMK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Влез во Еу во ваква ситуација е само сон..Нели требаше да биди 500 евра па ајде неможи толку ете 14.500 битно е повеќе од претходно!!..
    Не расмислуваш дека цените нa основните работи се покачени или тоа нема врска битно 14.500 е основица...
    Едните крадеа 11 години а овие украдоја за 3 години како да се 11..
    Во нато да ама ја знаеш сумата годишно што треба владата да ја издвојува?
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Еве прво за мене не се убедливи . Јас до денес , никаде не сум видела документ дека сме постоеле пред Илинденското востание , а реално ни по него . Да , се спомнува Македонија ( со бугарското " ја " . Ако сме биле Македонија , тогаш зошто бугарска азбука се користела ?! Нели имале глаголица , кирилица .. ) , но со бугарско писмо . И ти ми кажуваш доверливи документи биле тие ? Не верувам во такви документи . Зошто Србите имаат писмо што се користело од времето на Милош , па до денес ? Зарем тие никогаш не биле под ропство ? Плус имам и други причини да не верувам на " доказите " . Докажете ја вистинитоста на историјата , па некој не ви брани да скокате тука . Јас во таа историја што ни е сервирана , не верувам .

    И не , не може никој да ми наметне . Ако јас не сакам да " се омажам во богата фамилија " нема . А голем број од обичната раја што сум правела муабет беа за влез во ЕУ и НАТО .
     
  8. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Ми поминало времето за редактирање , нека ме редактира модератор .

    П . С . @BeastceMK Баш затоа што другите крадеа 11 години сме во оваа дупка ставени . Па не јадевме јас и ти месо од елени и срни , не пиевме ние минерална вода по ненормално високи цени . Сега ние ги плаќаме долговите што предходната влада ги остави зад себе . И овие не се цвеќе , така да исто ми се фаќа . Бенефит е во тоа што моето дете нема со сила да се пишува Бугарин , за подобро утре . Ќе функционира како државјанин на РСМ , нема да ги продаде своите предци ( Срби , касапени дел по дел баш од Бугарите , најсвирепо убиство во В . Хан ) како што направија четворица од петте деца на оној што го касапеа ... Не , не ми е гајле за историјата , да ми било гајле , на ист начин би ги касапела потомците на тие стоки од луѓе што среде ноќ ги собраа 40-те Тетовци меѓу кои и прадедо на маж ми , 300 и нешто Поречани , меѓу кои и мојот прадедо .

    Ако некој треба да има против се што се случува , тогаш дефинитивно имам јас , но јас одлучив да гледам напред и на мојте деца да им обезбедам мир , не војна и глад .
     
  9. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Во текот на 19-от и 20-от век не постои стандардизиран и литературен македонски јазик. Се зборува на дијалекти, се пишува на дијалекти. Тоа што во литературниот јазик не постојат одредени букви, кои денес се дел од бугарското писмо, не е никаква основа да се тврди дека македонскиот јазик е бугарски. Македонскиот литературен јазик е изграден врз западното наречје, и четири дијалекти: велешки, прилепски, битолски и охридски.
    Кирилицата како писмо исто така е стандардизирана при што во нејзе не влегле некои букви, како што реков погоре.
    Истиот апсурд да тврдиш е дека англискиот пред Елизабета Прва не е англиски затоа што нема врска со денешниот, односно многу се разликува.
    Ти препорачувам прочитај го Мисирков, Конески, Прличев и останатите и после дојди да дебатираш за јазик.
    А да, уште еден историски факт: Кирил и Методиј, и нивните ученици го ширеле нашиот јазик и писмото (составено врз основа на солунски дијалект) и кај Бугарите. Па сега види кое чие е.
    И на крај, декларирај се ти како сакаш, и не биди уверена во историјата, ама немој твоите ставови да ги изедначуваш на истото рамниште со историски факти, многу е политички.
     
    Последна измена: 14 мај 2020
    На Stache и Ева33 им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Види сега , јас не ги фаворизирам ни овие ни оние , кажав и претходно , исти се за мене . Еве ви еден факт :
    Screenshot_2020-05-14-13-33-33.png
    Од кого очекувал народот во Македонија ? Одговорот го имате погоре на сликата . Немој да ми кажувате дека се залагале за Самостојна Македонија од почетокот .
     
    Последна измена: 14 мај 2020
  11. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Очигледно историјата се ја извртуваш какоp сакаш. Да ти појаснам, бугарската пропаганда е една од најсилните во Македонија во тој период. Бидејќи Охридската архиепископија е укината во 1767 година, управата над христијанското македонско население е поделена помеѓу бугарската егзархија и цариградската патријаршија. Воедно, тоа се едни од најмоќните институции на ширење на пропаганда. Во тоа време идентитетот се градел врз верска основа, а Бугарија и Грција како релативно нови држави, националниот идентитет го граделе на принципот: православен си, бугарин/грк си. Што стои во нивните официјални документи. Зошто Македонците не се запишувани како македонци, од проста причина што немале своја држава, биле под турска власт.
    И самото тоа што си го изложила зборува за бугарска пропаганда. Врховниот комитет издејствувал забрзано востание кое подоцна за жал е фатално, и Македонија е поделена. Точно е дека се надевале најмногу на помош од Бугарија бидејќи најмногу им ветувале, ама никаде не постоела намера за обединување со нејзе. Што пак од друга страна била директна бугарска цел, воедно и причина зошто им помагале (одмагале). Заради тие причини и идеи глави се губеле.
    И тука ќе запрам. Не е соодветна темата за историски дебати, во соодветната ќе дебатираме колку сакаш.
    Ако ти размислуваш на принцип "чуму ти е идентитет ако немаш пари", не пробувај сите да не убедиш дека така е правилно. Политичкиот поглед на историјата и јазикот задржи си ги за себе. Чувствувај се ако сакаш и како граѓанин на Недојдија, ама не се обидувај на ваков начин да ги понижуваш националните чувствува на другите тука, достоинство малку.
     
    На orevokrsacka, iki26 и Ева33 им се допаѓа ова.
  12. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Aбе Г.ѓо Овие што се сега украдија приближно колку претходните како сега да се 11 години на власт ако ме разбираш!..И претходните беа ама овие се Катастрофа а и промената на уставно име беше со Цена..
    И пак не ми одговори толку што си среќна за Влез во Нато колку Владата треба да издвојува годишно?
    Пак ке те прашам нели требаше да е 500 евра минималец или пу-пу-Неважи доста е 14500 и готово сите среќно ќе живееме нели покрај тоа што цените се кренати скоро на све и треба да се има во буџетот на Нато да му се плати така LOL?..
    Детето твое ке ти просперира/функционира ако го зачлениш во некоја партија и да трча кај што ќе му се кажи затоа што овде све така функционира поинаку не се ни надевај..
    Кој ти го тера со сила детето да ти се пиши Бугарин што пишиш бесвезе ако сака некој нека се пиши тое индивидуално право кој како сака и му одговара!
    Ако знаеш што да ми одговориш без да вртиш на друга тема пиши јас не сум ни партиски определен ниту сум бил ни ќе бидам..
     
    Последна измена: 14 мај 2020
    На Stache, iki26 и Ева33 им се допаѓа ова.
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Ти ова озбилно го мислиш? Зар до толку ли девојче?? Тито не создаде?!? (facepalm)
    Шта речи,а не заплакати....

    Да не се повторувам со мислењата од членовите погоре,на иста бранова должина сме.
    Навистина треба да прелисташ некоја книга по историја,еве од основно нека биде..

    *Бугарофилија на нај јако пуштена :@

    Ние,"рајата" да бевме навистина во толку голем број за членство во ЕУ и НАТО ќе успееше референдумот,така ли?!
     
    Последна измена: 14 мај 2020
    На H.VAGA, Stache и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Историски факти од википедија? Све е јасно
     
    На Stache, GirlRose и Ева33 им се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Очигледно нема да разберете , ниту сакате . Постоевме , НО НЕ ПОД ИМЕ МАКЕДОНИЈА !!! Пак ли не ви е јасно ? Бевме ФИРОМ , бевме се само МАКЕДОНИЈА НЕ !
    Џони , мене и мојте ми раскажувале што и како било , немам само писмени докази за тоа што се случило во минатото . Истото сум го слушнала и од прабабата моја , на која братот и го убиле , а подоцна и еден од синовите . Доволно имам јас докази , што се непишани . А имам и пишани . Медали и признанија ( постхумно доделени на мојата фамилија ) .

    @BeastceMK остана ли некој во државата што не е вработен со партиска книшка и чичо е министер ? Кој го тера велиш ? СИРОМАШТИЈАТА го тера ! Немањето на избор го тера ! Кажи ми каде во странство до сега можеше да се работи со мк документи ? Освен ако имаш некој да те повлече таму ? Колку што знам јас , никаде .

    Пак ќе кажам , јас одлучив да не се замарам со минатото , гледам во иднината . Ако фатам за минатото да расправам , имам право цела Бугарија и Србија и Грција и сите останати што пустошеле овде , масакар да ги направам . Еден жив да не оставам . Што се радувам што сме во НАТО ? Можеби за разлика од досега , ќе имаме бенефит некаков . Останува на времето да покаже .

    А и на вас инаку никој не може да ви угоди . Русија и Србија не чинат , ЕУ и НАТО не чинат , само вие сте најдобри , најпаметни , се нај . Ако не , назад у турско време да си се вратиме , најдобро ќе биде . Според вас !
    И дај олабавете веќе , немам намера да се докажувам колку и што јас знам . Вие поим немате , бидејќи читате наметната историја , од истите причини што сега сакаат вето да ни стават . Тогаш им одговарало да биде каква што ние ја знаеме , сега сосема поинаква .. Така да , не фала , доста ми е од наметната историја и наметнато мислење .
     
    Последна измена: 14 мај 2020
  16. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    14.433
    Пол:
    Женски
    Во Уставот стоеше Република Македонија, бевме и тоа како. Има разлика од сега, многу.
    Секој освен нас има кредибилитет, браво :x Се што е македонско не чини е работава. Кога сме кај наметнување, не ни наметнувај став за наметната историја, се коси со секоја логика.
     
    На H.VAGA, Stache и iki26 им се допаѓа ова.
  17. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Девојче, прво,ФИРОМ се викавме само за одредени држави што не немаа признато под уставното име Македонија,и тоа најчесто по инсистирање и притисок од страна на Грција(нели миленичка држава им е на цела ЕУ)..
    Инаку за сите други Македонија бевме, би требало да го знаеш ова.

    Господ знае тебе што се те учеле и зборувале,штом вакви размислувања имаш, :(

    Те жалам,најискрено!
     
    На H.VAGA, Vitaly, Stache и 2 други им се допаѓа ова.
  18. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Кај нас има Агенции кои посредуваат документи за работа во Странска држава со наш пасош информирај се малце не тропај од памет..На тој што не му се чека за визи и документи си вади бугарски,словенски и хрватски пасоши и ткн
    Освен стабилност во регионот од Нато друго немаш ништо.
    Што е со основицата кај нас од ветена 500 евра на 14.500д? Колку ќе се плаќа Членството во Нато ? По 2 пат ти пишам исто а ти демек најстручна тука од сите си избегнуваш прашања и пишиш тоа што тебе ти одговара..хаха
     
    Последна измена: 14 мај 2020
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Си запнал со " ветените 500 евра " како пијан за плот .. еве ќе ти повторам . Предходната влада не донесе на питачки стап ! Скопје 2014 зошто ни требаше ? Квалитетот на изградбата се виде веќе во 2016 ( тогаш прокисна се нели ? ) .. Колку милиончиња летнаа таму да те потсетам сакаш ? Ако сакаа туристи во Скопје , требаше да ги средат оние автентични работи што се таму со години а не да прават барокни фасади . Епа сега нема 500 евра плата , епа нема , некој треба и фасадите да ги плати . Згора на тоа , ти ако живееш од социјална помош , дали ќе чекаш виза , или ќе се пишеш Тонгузиец само за подобро утре ?

    Со вас другите , воопшто и не влегувам во дискусија . И сами сте свесни дека само Србија и Турција ни се обраќаа со Република Македонија , и уште 3-4 држави . Анонимуси бевме во цел свет . Битно е да се чукаме во гради и nikogashh Severnaaaa , samo Makedoniaaaa !!!!11!!1!!

    П . С . Жално е што вас ве учеле . Јас ја знам историјата на лично моите предци . А истите , никогаш не се споменати во учебниците по историја ! Кој овде не знае ?
     
    Последна измена: 14 мај 2020
  20. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Пак не кажа колку ќе плаќаат твоиве за членството во Нато?
    Не вреди да се троши време со тебе имаш некаква чудна перспектива како Жена(мајка) што и да си а те советувам тоа што ги пишиш тука да не му го трубиш на твоите дома..! без навреда..!
    Ветеното не е исполнето го излажаја народот со се што рекоја како со овие така и со претходните..Тебе тие побитно што се смена името и се надеваш на влез во ЕУ..Жалосно за тебе што се надеваш на тоа и влегуваш во дебата со сите како да си најпаметна и стручна на секоја тема LOL, а тешко да се случи во блиска иднина затоа што тие што се на чело на држава немаат поим што прават компасот не им работи со платено школо и неписменост народ не се води!
     
    Последна измена: 14 мај 2020