Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Постигнато е решение за спорот со името

Дискусија во 'Политика и настани' започната од RainBow, 18 јуни 2018.

?

Како би се изјасниле на референдум за промена на името?

Анкетата е затворена на 23 април 2020.
  1. Да, за промена на името

    105 глас(а)
    37,2%
  2. Не, против промена на името

    104 глас(а)
    36,9%
  3. Нема да гласам

    73 глас(а)
    25,9%
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Бивша југословенска Република Македонија е полошо име од Северна Македонија.
    Сега кога ќе отварам мејл, акаунт или нешто, нема да се барам под Ф. Туку под Н.

    :D:clap:
     
    На CameliaMiller, realGirl, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Јас, а и сите помлади од моја околина (најголем дел самовработени), ќе гласаме За промена на името.

    Затоа што искрено, на сите ни е смачено од животот овде, финансиите настрана. (сите добро стоиме на тој план, но не е тоа-тоа во споредба со животот што сме го искусиле во западните земји)

    На ЕУ и на НАТО јас лично не се крстам многу (сме им притребале од одма :) ) ама се надевам на малку поголеми можности, разработена економија и кревање на квалитетот на живот. Постојано размислувам за исселување одовде но ако се подобри квалитетот на живот, би размислила да останам.

    Минев низ неколку помали (и поголеми!) градови низ Македонија деновиве и ситуацијата е толку жална, што не знам дали некогаш може да се поправи штетата нанесена со тапкање во место со децении. Бедно и жално!

    Патем, платите може да се покачат со малку посилна економија, не знам навистина како очекувате поголеми плати и пензии, од кои пари? Нека се крене малку потрошувачката моќ на народот, нека почнат луѓево да вртат некој денар, па дури за 5, 10, 15 години може да зборуваме за поголеми плати. Моментално, економијата ни се состои од илјада мали фирмичиња што живуркаат, ретки се големите фирми.

    За жал, промената на името нема да го смени менталитетот, нема да ги снема преку ноќ газдите што плаќаат 5300 за цел месец работа во источна Македонија, нема да ја промени корупцијата, нема да направи преку ноќ да ги снема луѓето што се секнат на улица, нема да ви стигнат на сите 500 евра на сметка следниот месец, нема ништо да се смени преку ноќ... ама ќе даде некој моментум на движење.

    Се надевам дека тој моментум ќе биде доволен да ги задржи луѓето што го прават целосно спротивното од она што го набројав погоре и дека со тек на време, ќе ги надброиме тие што прават државичкава да тоне со децении. Моментално, поголемиот дел од тие луѓе бегаат и не се враќаат.

    Патриотизмот е супер, меѓутоа, само тогаш кога доаѓа природно, а не кога е усилен и наметнат како алатка за манипулирање на широките народни маси. ;)
     
    На HardSex, Luna91, Bela Vela и 23 други им се допаѓа ова.
  3. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    А вие па размислувањата ви се пештерата врело. Ако не се менуваше устав и не беше ерга омнес ќе прифатевте измена?
    Ќе одевте против опозицијата ако прифатеше договор и ќе размислувавте на своја рака?
    Пензиите во бугарија се ниски ама битно тогаш ќе влезевме во нато и еу под уставно име. Епа и тоа вмро што во моментов се распаѓа како никогаш досега е про еу и нато ориентирано. Играјќи на картата на патриотизмот целта им е власта а не интересите на народот. И ајде ве молам, свестете се, сите сме луѓе. Не стана Никола Димитров сабајлето и не се напи таблета против чувства за да е рамнодушен кога цел народ ќе го колне и пцуе. Држава колку стамбен блок во њу јорк и ќе се чудите ако сме нечии марионети и ќе играме како сакаат.
    А дали ќе се покачат платите во еу? Еу не ги покачува платите, ги покачуваат овие ќориве пилиња на кој господ им направил седела. 10 години работев без 5 дена одмор во мизерни услови само за да можам да преживеам. Да се радувам дека сум излегол од државава, белград бев. Чукајте се во гради. Еден е животот.
     
    На Bela Vela, CameliaMiller, Annath и 11 други им се допаѓа ова.
  4. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    Не е точно не им се поскапи цените во глобала им се слични ко кај нас дури може да се најдат и некои поевтини продукти,но 3а ра3лика одкај нас имаат подобар и3бор на па3ар, подобри продукти што ги нема кај нас лидл билла итн, мислам на европски прои3води, угостителството е на повисоко ниво, тури3мот им е пора3виен.
     
    Последна измена: 19 јуни 2018
    На DAngel и SummerGirl им се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    Јас го пишав тоа што го слушам од други. Воглавно, од трговци. Не им се исплати да набавуваат роба од Бугарија, па затоа одат во Грција.

    Ама и тие се безобразни. Исто пакување како другиве.
     
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    НИЕ си го имаме името Македонијаи и ќе ни остане, и политичарите се криви што не донесоа во вакво дерее кога си го гледаа само сопствениот интерес, и 3атоа бараме и друга солуција да не не во3ат веќе.

    Јас 3борам 3а цеколкупниот па3ар сумбила скоро 3атоа
     
    Последна измена од модератор: 19 јуни 2018
    На КикиМаус, ЕденЧлен, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Сега што и да заокружите исто ни се фаќа. Пуздер ни ја направија политичарите државата уште од почетокот, а се започна со она на Киро Глигоров: Дозволете да ви честитам... Првин на ред доаѓаше недостатокот на леб и млеко по продавниците, редиците за бензин/нафта (дури имаше и тепачки на бензинските), после ни дојде приватизацијата и ТАТ, па ја имавме 2001 и за ова од 2001 па навака не сакам да зборувам бидејќи сите лажеа дека со странските инвестиции ќе се намали невработеноста и ќе се зголемат платите и ред други работи. Ние го е....е ежот одамна само не бевме свесни, јас сум свесен дека нема да се смени ништо кога тогаш и вие ќе се свестите. Слободно кажете ми дека сум песимист како што една членка си даде за право иако јас бев само реален. Сум изнесувал факти беше репликата, овие работи треба да им ги повторуваме на политичарите и народот за да не ги заборават. Ќе зборам и ќе јадам бубрези против политичарите се додека не ја сменат својата позиција и својот поглед кон многу општествени и политички прашања.
     
    На realGirl, КикиМаус, Цвет88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    2.137
    До сега да така е 3а жал но 3атоа треба да гледаме напред да се и3влечеме нагоре коа не ги бива самите нашиве политичари, нека не оправаат други од страна. 27 години исто сме, нека ѕасукаат сега ракавите ако добиеме преовори а мислам има шанса.
     
  9. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.982
    Пол:
    Машки
    Се виде 2001 година како не оправија од страна. Не оправија за век и векови. Амин
     
    На Цвет88 и КикиМаус им се допаѓа ова.
  10. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    11 години на моите родители не им беше покачена платата ни за денар, а годинава им ја покачија (не многу ама доволно за промена).

    Доколку ја напуштиле државава за секогаш, која е потребата да дојдат? Според мене само тие што живеат тука или што отишле во странство на некој период би требало да имаат право на глад.. но тоа е мое мислење.
     
    Последна измена од модератор: 19 јуни 2018
    На WildMk, teressa и SummerGirl им се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    Во времето на овие, татко ми го избркаа од работа. А во време на претходните се вработи. Претходните ми ја покачија семејната пензија, а од овие ни денарче повеќе не видов.
     
    На sjdgo и Цвет88 им се допаѓа ова.
  12. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    На глас* ама и така има логика изгледа хахаха

    Жал ми е за лошите промени во твоето семејство, ова е само еден пример дека нешто што е лошо за едни е добро за други, и обратно.
     
    Последна измена од модератор: 19 јуни 2018
    На SummerGirl и Цвет88 им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    Така е. А на мене ми е криво што народов ќе се испотепа меѓу себе, а господата црпнати (како и претходните) си гледаат корист.
     
    На Цвет88 и candy.cane им се допаѓа ова.
  14. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Ќе биде така уште долго, за жал.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    Денес пак имало протести. Ама џабе. Се знае кој ќе биде исходот.
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Имајте предвид дека договорот што е потпишан е интерен договор помеѓу Заев и Ципрас или помеѓу СДС и Ципрас, а не помеѓу Македонија и Грција. Така што редоследот е прво референдум, па евентуално промена на уставот, па потоа потпишување договори. Да знам, долг е процесот, и скап ќе биде, за држава се работи.

    35188952_1757077997690864_3795637464773689344_n.jpg
     
    На realGirl, Joi, nadja.d и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Алексис Ципрас In The Face Baby, а вие верувајте си дека некој ви признал идентитет :D

    Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за грчка телевизија, одговарајќи му на новинарско прашање на уредникот на Катимерини вели дека со овој договор Грција ништо не губи, туку само добива.

    -Ставајќи ја придавката Северна пред Македонија добиваме повеќе од колку до сега кога придавката „поранешна“ се однесуваше на Југославија, а не на Македонија. Ние сепак ја нарекувавме Македонија. Овој договор ни дава повеќе од тоа, многумина не обвинуваат дека тргуваме со името, но јас не гледам дека со овој договор ние нешто даваме. Имаме само да земеме, вели Ципрас.

    Во новинарско прашање дека Ципрас во договорот ја прифаќа македонската националност вели дека во договорот стои државјанство, но не и признавање на националноста.

    -Каде во договорот гледате признавање на националноста? Договорот зборува за државјанство што е различно од националност, потенцира Ципрас.

    Новинарот го праша и како ќе не викаат другите држави, а Ципрас на тоа вели:

    -Чекајте досега меѓународната заедница ги викаше Македонци, сега ќе мораат во обраќањето кога ќе речат Македонци да додадат, граѓани на Северна Македонија. И во овој случај добиваме, заврши Ципрас.

    Јорданка Јоци:

    А за тоа време, док се бавиме со ,,Северна Македонија", Заев, си ја стави лојалната му сенка, Љупка Цветкова, во комисија за продажба на земјоделско земјиште (со Одлука на Влада), а Шилегов си го стави другар му Чомбе за директор на Зоолошка градина (бивш ,менаџер' на дискотеки).

    Си врват бизнисите на заевци.
     
    На Цвет88 и A.27 им се допаѓа ова.
  18. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ЗА, доста гледавме во минатото, редно е да целиме кон иднината!
     
    На lovestoneddd и WildMk им се допаѓа ова.
  19. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    И што ќе се смени во државава ако се смени името?!
    Ај јас од јанка да се ставам станка испаѓа така и што ќе има разлика.
    Па кој друг премиер или политичар во светот го сменил името на својата земја за да угоди на други? Никој.Сите се прифатени како што се.
    И не мислам дека нешто ќе се промени.
    За секаде треба врски.Партиски.
    Градинки.Не можеме децата да си ги запишеме.
    Работа?!Колку е тешко денес да најдеш работа без врски.
    Врски дури и во болниците тражат.Ако имаш ќе те погледнат ако немаш ќе си се снаоѓаш како умееш.
    И каква е оваа држава?
    Од промени во името ли се почнува?
    Се прават мали но сигурни промени.
    Денес кај нас во центарот на градот ги префарбуваа мостовите во сиво зелена боја.Ги исекоа дрвата кои со годинии правеа сенки над клупите и што уште не....
    Ај доста беше.
    Што сакаат нека прават ако тоа донесе подобра иднина.
     
    На "Zoki" му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.508
    Допаѓања:
    19.902
    Пол:
    Женски
    Јас со ваков концепт на договорот, не можам да се согласам. Пред се од правен аспект. А потоа затоа што не сум за ерга омнес, што некако можеби и ќе го преџвакав, да не беше прекршувањето на Уставот. Јас бев и се уште сум за едно име меѓу Македонија и Грција, а друго, односно уставното за меѓународна употреба. Против промена на Устав сум, најпрво затоа што еднаш го смениме, а добивме нели, ништо. И да не набројувам што се друго сторивме и добивме нели пак, ништо. Друга, но не и помалку важна работа е тоа што на човек како Заев јас не можам да му верувам. Па дури и да ја кажува вистината. Од толку многу лаги, тоа не можам да го видам.

    Како симпатизер на ВМРО, јас уште сега сум разочарана од опозицијата. Верувам дека уште повеќе би била ако тие беа оние кои би прифатиле ерга омнес. Затоа, сосема спротивно на нивниот повик да се гласа на референдум против, јас воопшто нема да излезам да гласам. Не затоа што не ми е драга државата, ами затоа што мислам дека Вмро е во ова заедно со Сдс. Дали грешам, не знам. Ќе покажат следните чекори на Вмро.

    И додека јас го пишувам ова и ги оговарам, ми кажуваат дека наводно излегле од Собранието оти не сакале да бидат соучесници. Се тоа супер. Ама не се согласувам да си земаат плата од дома. Нека си дадат оставки.

    П.С. Некој во коментарите имаше напишно дека можеби ќе има консултативен референдум. За вакви прашања, тоа не смее да се случи. И тоа би било уште еден доказ дека кај нас нема владеење на правото.

    И така.
     
    На Scorpiongirl12, realGirl, Joi и 2 други им се допаѓа ова.