Јас пишав и мислам дека ке го стават консултативен,не велам дека е исправно,само прогнозирам. Инаку јас бев долгогодишен член на ВМРО,уште од време на Љупчо,се додека не се појавија бомбите па се откажав засекогаш од нив,ми беше срам ,а посебно што не можев да прифатам многу работи што внатре се правеа.Тоа не е партија ,тоа е збир на политички профитери.И се сложувам со тебе дека во оваа игра се и тие. Излегле од собрание,голема работа,кукавички потег.
Политичарите се исто виновни, колку и народот. Од народот се излезеним, не растат на дрво. Никој не земате во предвид, дека сите (скоро) сте научени, со шеми, преку ред и со врски да ги бркате работите. Ве стегнува газда во фирма за 5000 денари, ни здравствено, ни пензиско ви плаќа, сите ќутите, никој не пријавува. На доктор со кафе одите, на мо*ање во јавно вц со врски одите преку ред. Тоа е таа култура која, ако дојде некој на власт, ја користи до максимум. Првите години од приватизацијата имаше илијадници луѓе кои со месеци одеа на работа за без пари, буквално, ич плата не земаа. И ќе ги прашав: Па зошто одиш. Ќе ми речеа: За децата. Кои деца бе, ни леб им однесе, ни дома си да ги видиш. Ве научија и многумина од вас така: Ќути-ќути, може полошо да биде. Е колку полошо? Дај малку преземете одговорност и за вашите постапки.
Искрен да бидам, спорот за името, а и неговото решение, во мене буди измешани чувства. Од една страна, повредена ми е гордоста и внатрешното чувство за правдина - се работи за имагинарен, измислен и наметнат спор од страна на Грција. И истиот тој спор бил повод за ставање сопки во изминативе години на најразлични полиња, непремостлива пречка во и така едвај забележливиот напредок на Македонија како држава и причина за неферско однесување кон нас, како граѓани на оваа држава. Да, не е фер. Но и многу работи во животот и на светов не се фер. А меѓународната политика дефинитивно не е фер. Не победува оној кој е во право, туку посилниот. Не попушта попаметниот, туку послабиот. А во овој спор, од која страна и да погледнеме, послабиот сме ние. Од друга страна, не можам, а да не се запрашам - зошто протести и бунење сега? Па ние сме во преговори за името со Грција од '90-ите навака. Ако ни едно друго име не ни чини - ни Северна, ни Горна, ни Илинденска, ни Крушевска, ни Нова, ни Република Македонија - Скопје - а очигледно е дека не ни чини, зошто тогаш преговараме за промена на името со години наназад? Зошто немаше протести и митинзи уште во '90-ите, народот јасно и гласно да го крене гласот и да каже дека не прифаќа никаква промена или алтернатива за името, и ќе завршевме со таа приказна уште од многу одамна. А вака, ние преговараме, а молиме Бога да не се договориме ништо. Тоа е затоа што името со години наназад е моќна алатка за ќарување на гласови на сметка на национализам и патриотизам, и кај нас, и во Грција. Кај нас со „името не го даваме“, кај нив со „Македонија е грчка“. И така, со години си живуркавме во некаков си статус кво. Нема сомнеж дека експресново решение на спорот со името е донесено под притисок од Запад, а со исходот не сме задоволни ни ние, ни Грција. Грција, затоа што на неа не и' оди во прилог спорот воопшто некогаш да се реши - си го губи џокерот за лесни гласови и потпалување национализам. Ние, затоа што со каква било отстапка или компримис, само губиме, без да добиеме нешто опипливо. Сепак, и покрај тоа што Македонија е библиска земја, што Александар е Македонски и што вистината е на наша страна во случајот со спорот со името, треба да ги отвориме очите и да се соочиме со реалноста. А таа не е ни најмалку розова. Реалноста е дека во изминативе нецели 30 години на самостојност ние не сме успеале да изградиме ни силна, ни моќна, ни независна, ни стабилна држава. Апсолутно сме зависни од странска помош и финансии. Државните работни места се партизирани, од чистачка, до директор. Платите за претрупаната администрација се исплаќаат со кредити - исто и пензиите. Индустрија речиси и да немаме. Малите гратчиња се целосно запустени, луѓе масовно заминуваат во странство - на печалба или засекогаш. Гледам како луѓе често се мајтапат дека најголемите патриоти се оние кои заминале да живеат во странство или со потценувачки и навредлив тон зборат за оние со бугарски пасоши. Ама искрено, не ги обинувам ни едните, ни другите. Никој не заминал од родната земја од убавина и никој не се разбудил едно утро чувствувајќи се како Бугар, од нигде-никаде. Секој бара чаре за сопствената егзистенција и начин за подобар живот. Затоа што само од патриотизам, како и од љубов, не се живее. Затоа што откако ќе се изнавикаме на протести дека не го даваме името, ќе се вратиме дома, каде не' чекаат сметки за плаќање и деца за гледање, а кога одиш во продавница никој не те прашува дали си патриот или предавник, туку ти бараат пари. И затоа, луѓето се снаоѓаат како знаат и умеат. Во однос на промената на името, убеден сум дека тоа ќе се оствари во најбрз можен рок, без разлика што било кој од нас мисли или ќе направи. Не затоа што Заев и Ципрас се многу убедливи или надарени политичари, туку затоа што така им е наредено и на двајцата од повисоки инстанци. И без разлика на моите лични чувства, свесен сум дека Македонија е независна само на хартија, а во пракса зависна на секој можен начин - од донации, субенции, кредити, повратна и неповратна помош. А кога си зависен, не си во состојба да поставуваш барања и услови - туку само да исполнуваш туѓи. Иако не сум голем оптимист, искрено се надевам дека промената на името ќе донесе некакви опипливи и суштински промени на подобро во државава. Особено затоа што друг избор или алтернатива немаме.
@Bender Rodriguez , алал да ти е како успеа да склопиш текст, во кој секој може да се пронајде. Чиста десетка за ПР... од мене
Мене не ми е јасно од кога кај граѓаниве што се децидно против новото име се прошири ова да не одат на гласање, наместо да гласаат против? Што ќе постигнете ако го направите неуспешен референдумот и што после тоа, наспроти местењето на истиот во кое сте толку сигурни? На гласање не одат воздржаните. Ако имате толку посветен патриотски став, остварете го правото на глас и покажете си го. Најсериозно ова, без сарказам. Не знам, можда не се разбирам толку, ама ми нема логика ова. Јас не сум толку воодушевена од сето ова што се случува, но уште помалку па го сфаќам како трагедија, ами како неизбежно решение и некаква надеж за излез од тапкањето во место. Не губиме ни идентитет, ни историја, ни наследство, јазикот ни останува македонски, ние Македонци. Разликата е само во една придавка и ништо повеќе. Така да, прво мислев да не излезам ако има референдум, ама вака кога размислам подобро... за.
Политичка стратегија за да не успее референдумот е бојкот. После ќе биде, 10 чекори назад, освен ако не најдат некоја правна дупка овие, па да го спровнат како валиден. Не се разбирам многу од законите. Баш ме интересира што ќе испадне со референдумот, резултатите и како ќе се одвива работата понатаму
По се изгледа Мицко и Вмро ке останат во собрание,друга била играта,обезбедуваат кворум да можат да се изгласаат членови на ДИК кои се гласаат со 2/3 мнозинство за да има референдум, без Вмро не може да има ДИК ,а ни референдум, значи Мицко и пратениците на ВМРО одработуваат за договорот. Толку од патриотите за името........... Вие што сте против да не се крстите во нив .
Нивно право е дали ќе гласаат нели? Референдумот секако ќе биде изгласан за промена на името од страна на оние кои го фаворизираат Заев и СДСМ плус албанците, па единствен спас е оние кои сме против да не одиме на референдум. Името не е пречка за Македонија да оди напред бидејќи многу земји ја имаат признаено под уставното име.
Многу држави ја имаат признаено Македонија под уставното име вклучувајќи и најголемите светски сили. Не е пречка воопшто, туку само на Грција и смета за да може да пишува лажна историја каква што таа сака.
Само така може да падне референдумот. Гласање на истиот му дава легитимитет. Резултатот од референдумот, за Заев ќе биде обврзувачки. Така тој кажа. И сега, останува да видиме. Не само двотретинско за ДИК, ами и процентуалност од членството на Вмро ќе имаат. Се е договорено.
Поранешниот премиер Никола Груевски во 2012 и во 2013 година се согласил нашата земја да го добие името „Горна Македонија“, но Грција одбила, бидејќи била испровоцирана од антиквизацијата и од проектот „Скопје 2014“. https://mkd.mk/makedonija/politika/...veni-do-sjo-svedochat-za-lazhniot-patriotizam
Да бе да. Сигурно. Сега со овие ли финти циганов ќе ве лаже? Ајде нека ги пушти бомбите. Што го спречува? Може со тие бомби да го уништи Вмро. Амди Бајрам за Заев е Ром!
Милион разговори слушнавте за него од секоја област и вмро е уште тука. Сечено, лепено и монтирано така?
Слушнавме и снимки кадешто нашиот ни драг премиер зема мито, па пак е тука. Слушнавме и дека нема да има двојазичност, па пак пробаа неуставно да го протнат. Слушнавме и дека нема да има ерга омнес, па има ерга омнес. Слушнавме и многу други пиздарии од него, па пак е тука каде што е. Те молам со евтини пропаганди немој кај мене. ВМРО преговарало, но не договорило и имале црвени линии. Се ова друго е перење на срамот од страна на Заев и дефокусирање на јавноста со евтини лаги. Да ги имаше тие бомби сто пати ќе ги пуштеше до сега како што и ги пушти тие каде Груевски зборува за името.